ТОП 10 ПРОИЗВОДИ
Коњски балзам
РСИ Титаниум тава Ø 28
Крпа за прозорци
Крпа за автомобил
Кристален камен
Млечна маст со екстракт од невен 250
Млечна маст со масло од чајно дрво
Таблети (пастили) со АЛОЕ ВЕРА и витамин Е
Капсули со Б- копмлекс витамини 120
Капсули со лососово масло -220
|
|
|
|
РСИ Инфо 135
| Време е за промена. Време е за будење. Како гасениците, кои ја поздравуваат пролетта претворајќи се во пеперутки, нурнете длабоко во себе и поздравете ја секоја животна ситуација со раширени раце и насмевка! |
Природата во будење, богатство од бои, а пред се враќањето на сонцето, во секого буди радост во животот.Прошетка во природата има посебна магија. Гледајќи ги многубројните разбудени животи кои потполно вибрираат, скоро е незамисливо дека само пред еден месец зимата сеуште безживотно царувала.
Почетокот на мај и природата великодушно ни покажаа и по којзнај кој пат не подучија дека сепак се е можно. Првите зраци на сонцето беа доволни за сликата да добие палета од бои, безброј звуци и опојни мириси... Колку и да ни се чини дека оваа година на зимата и нема крај, природата повторно ни покажа дека ништо не е трајно, само промените се постојани. После дождот секогаш доаѓа сонце.
|
Животот е интересен, возбудлив, разигран и има смисла благодарение на промените. Затоа, промената е повеќе од битна. Таа е смислата на животот. Со нејзина помош животот тече, се движи како река. Заборавивме колку сме важни затоа што и самите сме дел од промените во вечната река од животот. Нека вашиот живот биде река, полн со свиоци, по некој водопад, нека вашиот живот биде исполнет. Дозволете сонцето да ве огрее, да ве придвижи, да ве оживи.
Како и во природата, лошите моменти во животот се неизбежни. Понекогаш се толку тешки и долги што на прв поглед помислуваме дека никогаш нема да поминат, дека ќе останат засекогаш, дека животот после нив нема повеќе да биде ист... Природата секогаш пронаоѓа начини како да продолжи да живее, да се доближи до исцелувањето, да се обнови. Не учи како да се соочиме со ситуациите кои ни носат тага и болка. Ни покажуваат како да најдеме сила и да заборавиме, да го избришеме сето лошо од порано. Како да се биде храбар и да се препуштиме на нови убави моменти, нова љубов и пријатели. Како да свртиме нова страна во животот. Баш како и таа, која стрпливо, цела зима го чекала својот момент за да блесне во најубавите бои, мириси и звуци. |
Да се потсетиме кои сме и да учиме од природата. Ние сме нејзини деца. Не е ли пролетта совршена можност да ги оставиме мрачните и лоши мисли во минатотоi? Погледнете околу себе! Природата е совршена слика на животот каков е и каков може да биде. Кога шаренилото бои го замени сивилото и кога секој нов ден ќе донесе барем еден нов цвет, да се препуштиме на моментот. Животот е овде и сега.
Славете го будењето на животот. Помирисајте го пролетното цвеќе, воодушевувајте им се на убавината на пупките. Набљудувајте. За да почне да се одмотува клопчето, за внатрешниот свет поактивно да се изразува - важно е на свој, едниствен и личен начин да се придвижите, да се разбудите. Бидте тука - овде и сега - без минато и иднина. Без разлика што другите би направиле: |
| Бидете промена која сакате да ја видете во светот! |
Промената почнува во нас, во нашата несовршеност. Во природата работите не се секогаш правилни и симетрични, но убавината на крошните, лисјата или цвеќињата е совршена токму поради тоа - својата несовршеност. Научете да ја сакате природата и луѓето околу себе поради својата несовршеност. Немојте да ги менувате. Менувајте се себеси, простете си и прифатете ги сопствените недостатоци и создавајте нов свет. Секој од нас е особено битен.
Славете го животот и црпете го од него само најдоброто. Сфатив дека се во животот се работи по избор - остварување на креативен, среќен живот, полн со љубов - таков живот е паметен избор!
|
Будете се со мали чекори, нежно и со многу трпение, како природата.
Пробудете ја заспаната енергија и проблематичните случувања, свртете ги во ваша корист со насмевка на лицето. Научете да бидете позитивни во овие нестабилни времиња и секој ден спремни за нови почетоци. |
|
 |
Останати записи
|
 |
 |
Документи
|
 |
|
|
Издвоено
КОРИСТЕТЕ ГИ ТИТАНИУМ САДОВИТЕ И УЖИВАЈТЕ ВО...
Растителниот крем шампон Орхидеја Ројал...
ПОТРЕБНО Е ДА СЕ БОРИТЕ ЗА УСПЕХ
Во РСИ, КАДЕ ШТО МИ Е И МЕСТОТО, СЕ ПРОНАЈДОВ...
|
|
|
|