ТОП 10 ПРОИЗВОДИ
Коњски балзам
РСИ Титаниум тава Ø 28
Крпа за прозорци
Крпа за автомобил
Кристален камен
Млечна маст со екстракт од невен 250
Млечна маст со масло од чајно дрво
Таблети (пастили) со АЛОЕ ВЕРА и витамин Е
Капсули со Б- копмлекс витамини 120
Капсули со лососово масло -220
|
|
|
|
РСИ Инфо 134
| Верувај во своите соништа и можеби ќе се остварат – верувај во себе и сигурно ќе ти се остварат! |
Во денешно време се почесто лутаме во негативностите кои постојано ни се сервираат. Затоа се почесто се чувствуваме изгубени во сопствените соништа, желби и цели. Грабиме ден за ден и се подлабоко се навлекуваме во ситуации за кои знаеме дека не се добри за нас. Проблемот настанува кога ќе престанеме да имаме верба во себе, во исправноста на постапките кои ги правиме. Доследно им веруваме на другите и во сите работи кои не опкружуваат. Често слушам: Секогаш верувам во се што ми кажуваат другите и секогаш одново се разочарувам! Некој друг или нешто друго нема никогаш да бидеме, треба да бидеме она што сме. Само со верба во себе ги рушиме сите препреки кој животот ги поставува пред нас.
И токму и за тоа говори следнава приказна:
|
„Си била некогаш некоај група жаби кои сакале да се натпреваруваат.
Сакале да се искачат на многу висока кула.
Многу гледачи присуствувале на натпреварот на качување во висина со цел да им дадат поддршка на натпреварувачките жаби.
Натпреварот започнал. Сите внимателно гледале и ракоплескале. Но, никој не верувал дека некоја жаба ќе успее да стигне до врвот на кулата.
Климале со главите и зборувале: "Леле, колку е напорно!". "Не ќе можат да се искачат!“ "Нема да успеат, кулата е премногу висока!"
Жабите по некое време почнале да заостануваат. Сите освен онаа најмалата која ползела се побрзо и побрзо.
Гледачите викале се погласно и погласно: "Тоа е мнооогу напорно! Никој, никој не може да се искачи на врвот. Премногу е високо!“
Една по една, жабите се откажувале и се враќале назад. Освен една, која упорно одела напред. Не сакала да се предаде.
На крајот се откажале сите – освен таа една жаба, која сама, но со големи амбиции, се искачила на врвот од кулата.
Останатите жаби натпреварувачи, како и гледачите, ги интересирало како успеала да го направи она што сите останати го сметаа за невозможно.
Еден гледач и пришол на задишаната жаба и ја прашал од каде толку многу сила да издржи до самиот врв. Жабата зачудено го погледнала, но не го слушнала. Победничката жаба била глува.“
|
Колку пати сте се нашле во слична ситуација? Без разлика дали било тоа на работа или во приватните односи... Колку често ве охрабрувле на вашиот пат, а колку пати сте слушнале „нема да успее“? Низ целиот живот се среќаваме со блокадите кои не спречуваат комплетно задоволни да го минуваме животот. Никогаш доста од борбата со нашето секојдневие, од нашите и туѓи стравови и предрасуди, но и предизвици. Тешко е понекогаш да одлучиме кои се зборовите кои треба да ги послушаме, кои се повеќе само проверка на конзистентноста на замката на живеење на нашиот сопствен живот.
Што можеме да научиме од приказната за жабите? Не слушајте ги оние кои гледаат негативно и песимистички на светот. Ви ги земаат најдобрите мечти и соништа кои ги имате во душата. Секогаш мислете на силата на зборовите затоа што се што слушате или читате ќе влијае на вашите дела! Секогаш бидете оптимист. И, што е најважно, едноставно бидете глуви кога некој ќе ви каже дека не знаете или не можете да ги остварите вашите соништа!
|
Да ги погледнеме жуљевите на сопствените раце и да ја цениме сопствената вредност преку сите свои порази и победи. Се се случува според нашите верувања. Затоа, верувајте во себе и секојдневно изговарајте: Вредам и го заслужувам најдоброто!
И еве не во сегашноста… Добредојдовте драги мои, во новиот Ден, во новите можности кои се пред нас. Нека срцата ви бидат отворени и храбри да слушаат и да тргнат во секоја борба за живеење на сопствениот живот.
|
| На крај можам само да ви кажам: Горда сум на вас што не се откажувате, што се борите и што длабоко во себе знаете дека сепак се исплаќа да имате доверба и да верувате во себе! Затоа што само со верба во себе создаваме свет кој не опкружува и ги обликуваме сите наши искуства. |
| Ви посакувме пријатно читање и радост во се што правите, а до МАЈ и 135-то издание – секој ден, секој момент грижете се за себе и секако едни за други. |
|
 |
Останати записи
|
 |
 |
Документи
|
 |
|
|
Издвоено
КОРИСТЕТЕ ГИ ТИТАНИУМ САДОВИТЕ И УЖИВАЈТЕ ВО...
Растителниот крем шампон Орхидеја Ројал...
ПОТРЕБНО Е ДА СЕ БОРИТЕ ЗА УСПЕХ
Во РСИ, КАДЕ ШТО МИ Е И МЕСТОТО, СЕ ПРОНАЈДОВ...
|
|
|
|