вторник, 07.02.2012
Почетна I Мапа на страната

ТОП 10 ПРОИЗВОДИ

Коњски балзам
РСИ Титаниум тава Ø 28
Крпа за прозорци
Крпа за автомобил
Кристален камен
Млечна маст со екстракт од невен 250
Млечна маст со масло од чајно дрво
Таблети (пастили) со АЛОЕ ВЕРА и витамин Е
Капсули со Б- копмлекс витамини 120
Капсули со лососово масло -220
 

Промоција - HIMALAYAN GOLD линија за нега на кожата

Благодетите од хималајските кристални соли соединети се во нова препаративна линија HIMALAYAN GOLD - линија за нега на кожата. Двете совршени креми за нега на лицето се потполно природни производи, кои се препорачуваат за нега на сите типови кожа, давајќи и вистински младешки ефект.
HIMALAYAN GOLD PLUS – КРЕМ ЗА ЛИЦЕ
HIMALAYAN GOLD PLUS кремот е потполно природен производ без вештачки бои и мириси. Збогатен е со моќните кристали од хималајска сол, стари повеќе од 250 милиони години и со 84 нутритивни микроелементи потребни за нашиот организам.
Солта која се споредува со најфиното чисто бело злато, во комбинација на природните восоци од CANDELILLE, ЈОЈОБА, ОРИЗ и со додаток на МАСЛО ОД АВОКАДО, ОРИЗ, КАЈСИЈА, МАРОКАНСКА ТАЈНА (Moroccan secret) - АРГАНОВО масло, ЦРВЕНИ АЛГИ и СЛАДОК ПОРТОКАЛ видливо дејствува на намалување на постоечките бори, знаците од замор, подочниците, давајќи и ја на кожата потребната хидратација и дејствува како превенција против бори и пигментацијата.
МАСЛО ОД АВОКАДО - богато со хранливи материи, витамини A и D и лецитин. Лесно продира во кожата, ја храни, смирува, и го поттикнува обновувањето на клетките, па затоа често се користи во негата на бори на сува и дехидрирана кожа.
МАСЛО ОД СЕМКИ ОД КАЈСИЈА - богато со витамини и минерали. Особено се препорачува за нега на сува, чувствителна, предвреме остарена и воспалена кожа. Ја омекнува, храни, ја задржува влагата и ја активира размената на материи.
МАСЛО ОД ОРИЗ - содржи олеинска, линолна и линолеинска киселина како и витамин Е. Богато е со фитостероли и ги намалува воспалителните процеси. Има карактеристики на антиоксиданс и штити од штетни UV-A и UV-B сончеви зраци.
МАСЛО ОД АРГАН (MOROCCAN SECRET) - дрвото арган е многу ретко и расте само на југот на Мароко. Поради високиот процент на витамин Е одличен е против сушење на кожата.
ЦРВЕНА АЛГА - богата е со протеини и минерални соли кои во комбинација со протеините на кожата формираат заштитен слој, кој дејствува како природна одбрана од штетните надворешни влијанија.
Кремот содржи природен заштитен фактор и нуди дополнителна заштита која произлегува од алгите. Идеална е како подлога за make-up.


Пакување: 50 мл
Ознака за порачка: ХГ ПЛУС
HIMALAYAN GOLD – КРЕМ ЗА ЛИЦЕ
Кремот HIMALAYAN GOLD е потполно природен производ без вештачки бои и мириси. Збогатен е со кристали од хималајските соли, стари преку 250 милиони години и содржи 84 нутритивни микроелементи потребни за нашиот организам. Солта која се мери со најфиното чисто бело злато во овој крем е во комбинација со восоците од CANDELILLE, ЈОЈОБА, и ОРИЗ, како и додатокот од МАСЛО ОД ПАМУК - популарно познатото Златно масло, поради големата количина на витамини и минерали, МАСЛО ОД СЕМКИ ОД ГРОЗЈЕ кои ги зајакнуваат клетките на ткивата, ја задржуваат влагата и содржат голема количина на витамин F, КАЛОФИЛ МАСЛО кое лековито дејствува на воспалителните процеси на кожата и екстракт од СЛАДОК ПОРТОКАЛ.
Himalayan Gold кремот е идеален за нега на комбинирана до мрсна кожа, кожа подложена на создавање на вопслаителни процеси (акни). Природниот заштитен фактор дејствува смирувачки, ја регенерира кожата и представува идеална подлога за make-up.
МАСЛО ОД ПАМУК – т.е. Златно масло кое содржи голема количина на витамини и минерали- 50%, омега-6 масни киселини во трагови. Многу е лесен по состав па затоа и кожата лесно го впива.
МАСЛО ОД ГРОЗЈЕ - богато со витамини, минерали, линолна киселина и други есенцијални масни киселини кои ги зајакнуваат клетките од ткивата и помагаат за задржување на влажноста на кожата. На кожата и остава сатенско чувство и совршено добро дејствува на кожа со чести воспаленија.
КАЛОФИЛ МАСЛО - незаменлива состојка во третирањето на сите воспалителни процеси и болести на кожата (акни, псоријаза, егземи и себореа). Богат со олеинска (35%) и линолна киселина (45%).

Пакување: 50 мл
Ознака за порачка: ХГ

Останати записи

Newsletter

Пријави се

Анкета

Дали сте задоволни од новите Royal Cleaning средства за чистење?

Гласај     Резултати

Издвоено

КОРИСТЕТЕ ГИ ТИТАНИУМ САДОВИТЕ И УЖИВАЈТЕ ВО...
Растителниот крем шампон Орхидеја Ројал...
ПОТРЕБНО Е ДА СЕ БОРИТЕ ЗА УСПЕХ
Во РСИ, КАДЕ ШТО МИ Е И МЕСТОТО, СЕ ПРОНАЈДОВ...