вторник, 07.02.2012
Почетна I Мапа на страната

ТОП 10 ПРОИЗВОДИ

Коњски балзам
РСИ Титаниум тава Ø 28
Крпа за прозорци
Крпа за автомобил
Кристален камен
Млечна маст со екстракт од невен 250
Млечна маст со масло од чајно дрво
Таблети (пастили) со АЛОЕ ВЕРА и витамин Е
Капсули со Б- копмлекс витамини 120
Капсули со лососово масло -220
 

РСИ Инфо 133

СЕКОГАШ ПОСТОИ ИЗЛЕЗ
Човекот својата среќа единствено може да ја изгради преку остварување на сопствените соништа, потрага по она што не прави среќни, она што не стимулира.
Животот е пат кој се состои од многу чекори, а со секој ден и секој нов чекор пред нас, се поставуваат многу предизвици и можности, кои ни овозможуваат да го дадеме најдоброто од себе. Сепак, во некои моменти не реагираме рзлично, кога некој не убедува на нешто што не сакаме, во друг момент посакуваме да се оддалечeме од одредени околности, но не заминуваме, затоа што не сме сигурни дека тоа го можеме. Постепено, заглавуваме во секојдневието кое не ни се допаѓа и ни се чини дека нема излез од тоа. Често ги избираме истите работи, затоа што не знамеме како да избираме поинаку. Се вртиме во круг, а секоја акција и одлука не водат никаде, освен каде што веќе сме биле.
Секогаш постои излез и од наизлгед невозможни ситуации, ако од никаде на друго место, тогаш од вратат преку која влеговме.
Самосвеста е првиот чекор – да се освестиме значи да знаеме што точно работиме. Познавајќи се себеси, запазвувајќи ги своите реакции, дела и одлуки од перспектива на набљудувачот, можеме да забележиме многу работи за себе. Секако, доколку не знаеме што треба да промениме, тогаш не ни можеме, затоа прво мораме свесно да поставиме вистински слики од нашиот живот и да сватиме зошто го работиме тоа што го работиме. Да започнеме од тоа со што се занимаваме и зошто се занимаваме. Кога тоа ќе го сватиме нема да ни биде тешко да се промениме, а промената ќе биде потполно природна последица, затоа што еднаш кога ќе ја дознаеме вистината, повеќе нема да ја игнорираме. Најважно е да знаеме, дека без разлика колку се долги корените кои сме ги пуштиле на еден пат, во секој момент можеме да одлучиме да креираме различен пат пред себе и да иницираме било каква промена. Со освестувањето доаѓа и слободата.
Вклучувајќи се во секојдневието, она што луѓето често го забораваат е стекнувањето на нови вештини, влегување во нови доживувања. Секое ново искуство е можност за откривање на непознатиот слој во себе. Оние кој тоа го прават не прашуваат зошто, затоа што целта е – добро чувство, чувство на напредок. Животното задоволство се мултиплицира преку стекнување на нови искуства. Секое ново искуство, дали е тоа пријатно или непријатно, треба на некој нов начин да се вклопи или поврзе со поранешни искуства. Начинот, интерпретацијата, чувството, физичките реакции за достигнување на нови искуства ја прават нашата внатрешна структура. Таа структура е воедно и внатрешен компас преку кој ја утврдуваме насоката на движења, ги проценуваме можностите, ја одредуваме динамиката и карактеристиките кои надворешната реалност ја прават побурна, помирна, опојна, отрезнувачка... Наместо да мислиме дека се вртиме во круг, повторувајќи го циклусот без излез, ќе сватиме колку многу е во наши раце. Нашето минато и сегашност не треба да ја дефинираат нашата иднина. Слободни сме во секој момент да одбереме нешто ново и да тргнеме по новиот пат.
Доколку сакаме динамичен живот, реалноста ќе понуди пред нас многу предизвици. Тоа се искуства кои не повикуваат, некаде каде што сеуште не сме биле. Прифаќањето на предизвиците секогаш преставува некој вид ризик.Но, новите искуства, новите интеракции со луѓето кои сосема се разликуваат од оние кои сме ги имале до сега, го прават животот побогат. Секој од нас има широка палета за стекнување на нови искуства. Додека сме тука, помеѓу моментот на раѓање и моментот на смртта – важно е да се живее.
Секогаш мислев дека човекот својата среќа може да ја гради единствено преку остварување на сопствените соништа, по потрага по она што не прави среќни, работејќи ги работите кои не стимулираат, градејќи ги односите кои не исполнуваат. Во таа потрга, понекогаш лутаме, но секогаш постои излез ако заглавиме.
Она што треба да не води по животните патишта е љубопитството за она што е недостапно за очите, а со тоа и предизвикувачки. Бидете љубопитни, храбри и свтрете го тркалото на среќата
Ви посакуваме пријатно читање и радост во се што правите, а до АПРИЛ и 134 издание – секој ден, секој момент грижете се за себе и секако едни за други.
Вашата Уредничка
Весна Илиќ

Останати записи

Документи

Newsletter

Пријави се

Анкета

Дали сте задоволни од новите Royal Cleaning средства за чистење?

Гласај     Резултати

Издвоено

КОРИСТЕТЕ ГИ ТИТАНИУМ САДОВИТЕ И УЖИВАЈТЕ ВО...
Растителниот крем шампон Орхидеја Ројал...
ПОТРЕБНО Е ДА СЕ БОРИТЕ ЗА УСПЕХ
Во РСИ, КАДЕ ШТО МИ Е И МЕСТОТО, СЕ ПРОНАЈДОВ...