среда, 08.09.2010
Почетна I Мапа на страната

ТОП 10 ПРОИЗВОДИ

Коњски балзам
РСИ Титаниум тава Ø 28
Крпа за прозорци
Крпа за автомобил
Кристален камен
Млечна маст со екстракт од невен 250
Млечна маст со масло од чајно дрво
Таблети (пастили) со АЛОЕ ВЕРА и витамин Е
Капсули со Б- копмлекс витамини 120
Капсули со лососово масло -220
 

РСИ Инфо 132

СВРТЕТЕ ГО ЖИВОТОТ ВО ВАША КОРИСТ
Сите сакаме среќа, зар не? Но, дали воопшто би знаеле што е среќа ако понекогаш нема тага и несреќа. Животот е составен од нагорници и надолници, а ова другото ни е дадедно, за да можеме да учиме.
Секој од нас има различен, сопствен пат кон среќата и внатрешната вистина. Уводните текстови кои ги пишувам се инспирирани од вас и од вашите животни приказни. Нема да ви овозможат инстант решенија на вашите проблеми, но се надевам дека ќе ве мотивираат да размислувате за себе и ќе ве наведат минатото да го оставите зад себе и похрабро да зачекорите во новото. Секој почеток, па така и почетокот на годината се вистинска можност за тоа.
Новата година носи верба и надеж во животот, доаѓање на нешто ново и подобро. Но, никогаш ништо не се случува без вас и ништо не се случува без акција. Сепак и понатаму, сите со задоволство се држиме на старото, тапкајќи на изодените патишта. Токму тие места без движење ни ја спречуваат креативноста затоа што не држат во позната, пријатна, заштитена средина. Ништо не допира до нас, а животната страст исчезнува. Многу луѓе минуваат низ животот не препознавајќи ги своите потенцијали, не обидувајќи се да го остварат она што длабоко во својата внатрешност знаат дека го можат и сакаат. Зошто? Ќе кажете – затоа што сите можеме да изгубиме.
Една од најтажните работи коишто сами можеме да си ја направиме е да си ги скратиме крилјата. Некои тоа го прават од сигурност, некои за да им удоволат на своите најблиски, некои поради сликата за себе која им ја презентираат на другите. Да се затвориме, да го потиснеме својот глас, да ги занемаруваме своите идеи што најчесто ги правиме автоматски, од незнаење, несвесни од квалитетните можности за избор.
Од ден во ден соочени сме со многу одлучувања за тоа какви личности би станале. Сакам ли, не сакам – сакам ли, не сакам. Секој ден безброј одлуки. Наизглед мали, но всушност многу важни. Секој дел од мозаикот е важен за создавање на комплена слика на животот. Ако не сме спремни за создавање на сопствените квалитети на живеење, почнува да не оптеретува чувството на вина, празнини или тешкотии. Само затоа што не сакаме да бираме, не донесуваме одлуки. Тоа значи дека креваме раце од себе и дека за нашиот живот одлучуваат или други или судбината или нешто трето. На тој начин ја избегнуваме одговорноста, а со самото тоа и себе си. Да се чувствуваме слободни и способни да креираме живот онаков каков што сакаме, значи да се превземе одговорност за своите постапки. Слободата и одговорноста се две страни од ист медал. Препуштајќи се на автоматизмот од надворешните околности забораваме што е вредно за постоење, живот вреден за живеење.
Ако мислиш дека не е можно, во право си. Ако веруваш дека е можно – исто така во право си. Само ако во себе пробудиме страст кон животот и вложиме енергија можеме нешто да оствариме.
Издишете, опуштете се, протресете ја старата и пробудете ја новата енергија и исчистете ја главата од стари мисли. Тоа ќе биде идеална подлога, можност да дојде нешто ново. Не плашете се и верувајте во себе.
Преземете одговорност за себе и за својот живот не барајте да ви одговорат на прашањата , потребите и желбите од некој друг. Затоа што тие всушност и не можат. Иако понекогаш ни се чини дека други се одговорни за околностите во кои сме се нашле, за емоциите кои ги носиме во себе и проблемите, можеме да го промениме својот живот, а со тоа и да ги разрешиме проблемите, единствено ние самите. И добро што е така, затоа што кога тоа би го правеле други, би станале зависни од нив. Вака, малку по малку, ја откриваме својата сила, своите потенцијали и вредности, што ни дава можност да се соочиме со секоја препрека на која ќе наидеме.
Ви посакувам многу сила и храброст за да го свртете животот во своја корист. Бидете добри и пријатни кон себе и другите. Никогаш не се откажувајте од надежта и дејствувајте од љубов секогаш кога можете.
Нека почетокот на оваа нова година обележи свежи, нови видови мотивација. Почнете да водите грижа за својата енергија и имајте енергија да направите работи кои никогаш досега не сте ги направиле, а од секогаш сте ги сакале.
Пријатно читање со ПРВИОТ овогодишен ДВОБРОЈ со радост и насмевка во се што правите, а до МАРТ и 133-то пролетно издание – секој ден, секој момент грижете се за себе и секако едни за други.


Вашата уредничка
Весна Илиќ

Останати записи

Документи

Newsletter

Пријави се

Анкета

Дали сте задоволни од новите Royal Cleaning средства за чистење?

Гласај     Резултати

Издвоено

КОРИСТЕТЕ ГИ ТИТАНИУМ САДОВИТЕ И УЖИВАЈТЕ ВО...
Растителниот крем шампон Орхидеја Ројал...
ПОТРЕБНО Е ДА СЕ БОРИТЕ ЗА УСПЕХ
Во РСИ, КАДЕ ШТО МИ Е И МЕСТОТО, СЕ ПРОНАЈДОВ...