среда, 08.09.2010
Почетна I Мапа на страната

ТОП 10 ПРОИЗВОДИ

Коњски балзам
РСИ Титаниум тава Ø 28
Крпа за прозорци
Крпа за автомобил
Кристален камен
Млечна маст со екстракт од невен 250
Млечна маст со масло од чајно дрво
Таблети (пастили) со АЛОЕ ВЕРА и витамин Е
Капсули со Б- копмлекс витамини 120
Капсули со лососово масло -220
 

РСИ Инфо 131

ДАЛИ СМЕ ПОДОБРИ ОД ДРУГИТЕ?
Таков сум каков што сум и горд сум на тоа што сум.
Како што на годината му се ближи крај, погледнуваме наназад и се обидуваме да ги резимираме деновите кои се зад нас. За да се сместиме на скалата на успешните – најчесто се обидуваме да одговориме на прашањето – дали сме подобри или полоши од другите. Во наша природа е натпреварувањето и успоредувањето, па иако знаеме дека сме единствени, дека едноставно не постои уште една личност со истите особини, сите понекогаш сакаме да се споредуваме со другите.
Успоредувањето често станува еден од начините за процена на квалитетот кој го имаме. Посебно, ако мислиме дека имаме некои особини подобри од другите луѓе или нешто што тие го сакаат. Исто така се споредуваме и со оние кои се подобри од нас за да на тој начин го процениме патот до напредок.
Меѓутоа, споредувањето треба да се доведе на најмало ниво или, доколку можеме, комплетно да го отсраниме. Веќе рековме дека никој не е еднаков со нас, што значи дека сме неспоредливи.
Понекогаш е многу полесно да гледаме во другите отколку во себе. Полесно е да направиме проценка на другите отколку на нас самите. Тешко е да ги препознаме своите квалитети и да ја препознаеме нашата лична цел. Потребно е многу повече храброст за насочување на погледот на себе како и мерење на личните стандарди или испитување на сопствените потенцијали. Секој од нас има посебен дар и секој е на земјата поради некоја добро позната причина.
Секој има своја животна цел која треба да се исполни, а со таа животна цел доаѓаат и лекциите кои мора да ги научиме како и околностите низ кои се требна да поминеме.
За да можеме да го споредуваме својот живот со оној на другите луѓе, ако нашата животна цел е да успееме во работата, а туѓата да создаде семејство...? Всушност, не знаме што сака некој друг, која е неговата цел, и намера, а ни можности,а повторно со задоволство се споредуваме.
Наместо да се споредувате, прифатете се себе си, ценете ги посебните таленти и квалитети кои ги имате и обидете се да сватите како секоја особа оди по својот пат, понекогаш нашите патишта се вкрстуваат, испреплетуваат, но никогаш не стануваат еден единствен пат.
Разбирањето на себе си, сопсттвените потреби и таленти ќе го извлечат најдоброто од нас.
Претераното успоредување може само да ни го забави патот кон остварување на нашите потреби. Со споредувањето трошите енергија на она што не ви е важно наместо на она за што сте таму. А тука сме за да бидеме радост, среќа, веселба и гордост едни на други.
Драги мои, СРЕЌНА НОВА 2010!
Ви посакуваме многу успех, здравје, љубов и радост во секој нов ден!
Нека празниците кои се пред нас донесат многу добрина, мир и благосостојба. Ние сме тие кои со сопствените желби и желбите кои ќе ги упатиме едни на други ќе ги преточиме во среќна реалност. Нека ни е со среќа!
Ви посакуваме пријатно читање и радост во се што правите, а до ЈАНУАРИ и 132 прво новогодишно издание – секој ден, секој момент грижете се за себе и секако едни за други.
Вашата уредничка
Весна Илиќ

Останати записи

Документи

Newsletter

Пријави се

Анкета

Дали сте задоволни од новите Royal Cleaning средства за чистење?

Гласај     Резултати

Издвоено

КОРИСТЕТЕ ГИ ТИТАНИУМ САДОВИТЕ И УЖИВАЈТЕ ВО...
Растителниот крем шампон Орхидеја Ројал...
ПОТРЕБНО Е ДА СЕ БОРИТЕ ЗА УСПЕХ
Во РСИ, КАДЕ ШТО МИ Е И МЕСТОТО, СЕ ПРОНАЈДОВ...