ТОП 10 ПРОИЗВОДИ
Коњски балзам
РСИ Титаниум тава Ø 28
Крпа за прозорци
Крпа за автомобил
Кристален камен
Млечна маст со екстракт од невен 250
Млечна маст со масло од чајно дрво
Таблети (пастили) со АЛОЕ ВЕРА и витамин Е
Капсули со Б- копмлекс витамини 120
Капсули со лососово масло -220
|
|
|
|
Промоција на НОВ производ- ХИДРАТАНТНА МАСКА ЗА ЛИЦЕ
| СЕКОГАШ ЗАДОВОЛНА КОЖА ПОД МАСКАТА |
| ХИДРАТАНТНА МАСКА ЗА ЛИЦЕ |
Пакување: 125 мл
Ознака за порачка: Др.Ф-122 |
| Нанесувањето на маска за лице еднаш седмично е одличен чекор кон негувана и блескава кожа. Доколку ја употребувате редовно, освен што го ублажува процесот на стареење на кожата, маската длабински ја чисти и освежува кожата, овозможувајќи и заштита од надворешни влијанија. За да имате убава, мека, младолика кожа, угодувајте и на кожата. |
• кремаста хидратантна маска со екстракт од краставица
• овозможува свеж изглед на кожата, особено на чувствителните зони на лицето околу очите и вратот
• овозможува лесен пилинг на кожата на лицето како и хидратација на оштетената кожа
• се препорачува за сите типови на кожа
• ја смирува иритацијата на кожата на лицето и вратот и го намалува чувството на чешање и затегнување на кожата на лицето
• брзо се впива и овозможува пријатно чувство на ладење и долготрајно чувство на свежина
• се препорачува за сите типови на кожа
|
| Надворешните фактори неповолно влијаат врз нашата кожа. Студот, влагата, сончевата светлина, ветрот, загадувањето... ја оштетуваат кожата. Клетките од површинскиот слој на кожата брзо се исушуваат од ветерот, забрзано ја губат водата која природно ја содржат, а поради тоа кожата станува дополнително осетлива. Дополнителна опасност се наглите промени на температура, затоа што го поттикнуваат исушувањето на кожата, како и сувиот и топол воздух во просториите. Под надворешни влијанија се менува природниот состав на кожата и ја заслабнува нејзината природна одбранбена способност. Пред се потребно е да се сконцентрираме на надворешниот слој на кожата кој дејствува како бариера против агресивните фактори од околината. Доколку внимаваме на функцијата на таа бариера, ја чуваме функцијата на долните слоеви на кожата, каде што започнува стареењето. |
ПОД МАСКА – СЕКОГАШ ЗАДОВОЛНА КОЖА
Маските и даваат на уморната кожа привремена еластичност, свежина и сјај. Тие многу малку ја надразнуваат кожата ослободувајќи ги изумрените површински клетки и најважно од се, ја поттикнуваат микроциркулацијата. За исцрпената кожа нема ништо подобро од маска за лице. Поради малото надразнување на дејството на маската, површината на кожата суптилно набабрува, па млитавите подрачја се затегнуваат и слабите бори исчезнуваат. Хидратантните маски ја смируваат и рехидрираат сувата надразнета кожа.
|
ХИДРАТНАТНА МАСКА ЗА ЛИЦЕ Dr. Förster
Маска со освежувачки состојки која има регенеративно долготранјно дејство.
Оваа хидратантна маска со екстрат од краставица е идеална за нега на секој тип на кожа. Тоа е маска за лице, врат и деколте која благодарение на хидратантните состојки – екстрактот од краставица – му ја враќа влажноста на кожата и свежината. Особено се препорачува по сончање, солариум и други ситуации во кои доаѓа до интензивно сушење на кожата. Со хидратантно дејство, оваа маска дејствува и со благ ефект на пилинг т.е. ги одстранува мртвите клетки на кожата.
Пред нанесување на маската на лицето се препорачува лесен пилинг на лицето
|
ЗОШТО Е ПОТРЕБЕН ПИЛИНГ (одстранување на мртвите клетки од кожата) пред нанесување на маската?
Како што старее кожата, многу малку клетки се обновуваат од површинскиот слој на кожата. Светкавите снопови лошо ја рефлектираат светлината па кожата нема сјај, а поради губењето на влажноста, таа останува сува. Наместо само да се преклопуваат, изумрените клетки на кожата неправилно се odižu допуштајќи и на влагата да исчезне низ пукнатините на тој природен оклоп. Нивното одстранување открива нова, покомпактна, неластична и чиста кожа. Пилингот овозможува добро впивање и длабинско прдирање на хидратантната маска.
|
Упатство за употреба:
Се нанесува на предходно добро исчистена кожа на лицето, вратот и деколтето. Да не се нанесува околу усните и очите. Оставете ја маската да дејствува cca 15-20 мин, а потоа одстранете ја со влажна вата (идеално е а ја натопите со млак чај од камилица) да ја исперете со млака и потоа ладна вода. Кога ќе ја нанесете маската, се препорачува на очните капаци да ставите облог од камилица и за време на дејството да бидете во лежечка положба. Така мускулите од лицето, вратот и деколтето ќе бидат поопуштени, а маската ќе може во целост да дејствува.
|
|
 |
Останати записи
|
 |
|
|
Издвоено
КОРИСТЕТЕ ГИ ТИТАНИУМ САДОВИТЕ И УЖИВАЈТЕ ВО...
Растителниот крем шампон Орхидеја Ројал...
ПОТРЕБНО Е ДА СЕ БОРИТЕ ЗА УСПЕХ
Во РСИ, КАДЕ ШТО МИ Е И МЕСТОТО, СЕ ПРОНАЈДОВ...
|
|
|
|