четврток, 09.09.2010
Почетна I Мапа на страната

ТОП 10 ПРОИЗВОДИ

Коњски балзам
РСИ Титаниум тава Ø 28
Крпа за прозорци
Крпа за автомобил
Кристален камен
Млечна маст со екстракт од невен 250
Млечна маст со масло од чајно дрво
Таблети (пастили) со АЛОЕ ВЕРА и витамин Е
Капсули со Б- копмлекс витамини 120
Капсули со лососово масло -220
 

Промоција на НОВ производ-КРЕМА ЗА НЕГА НА РАЦЕ И НОКТИ

РАЦЕТЕ СЕ НАШ ПОТСЕТНИК
Негувани раце со здрави и убави нокти се желба на секого. Но, нередовната исхрана, агресивните детергенти и ацетони,премногу честото миење на раце и процесот на стареење – се само некои од факторите кои влијаат на негативниот процес кои на ноктите и рацете им ја одземаат посакуваната убавина. Рацете многу говорат за нас и оставаат битен впечаток на другите. Со рацете комуницираме, ги изложуваме на погледи, затоа посветете им внимание и редовно негувајте ги!
КРЕМА ЗА НЕГА НА РАЦЕ И НОКТИ
Пакување: 125 мл.
Ознака за порачка: Др.Ф-123
интетнзивна нега
крема за раце со Алое Вера, масло од авокадо и јојоба
и ја враќа влажноста на кожата,еластичноста и ја обновува сувата и оштететна кожа на рацете
особено се препорачува за нега на кожата на рацете и ноктите оптеретени со стрес
бро и лесно се впива и не остава масна трага
ги зајакнува ноктите, истовремено штитејќи ги од кршење
со редовна употреба на кожата ја задржува мекоста и еластичноста
овозможува природен и младечки изглед на вашите раце
Негуваните раце и нокти се важен дел од нашиот изглед. Најчесто представуваат прв или еден од првите допири со другите луѓе. Со оглед на тоа дека ракувањето го претпоставуваме како прв допир и оставаме прв впечаток, важно е да се потрудиме рацете секогаш да бидат глатки, нежни и неговани.

Во секојдневниот живот и работа рацете се многу важни, изложени се на туѓи погледи, многу зборуваат за нас и откриваат колку време посветуваме на себе и на начиот изглед. Во поединечни професии рацете се особено изложени, па потребно е грижливо да ги негуваме и чуваме.
Рацете се најмногу изложени на различни штетни влијанија, но и со нивното често миење од површината се одстранува заштитниот хидролипиден слој, доаѓа до зголемување на pH вредноста на кожата со што се намалува отпорноста од микроорганизми. Резултат на тоа е зголеменото губење на влага, сушење и пукање. Затоа е важно секојдневно да ги негуваме и со тоа да им ја вратиме влажноста и природниот изглед.

Причинител за оштетување на ноктите може да бидат и многубројни надворешни и внатрешни фактори:
Како надворешни фактори се рачунаат изложеноста на силни средства за чистење, раце натопени во вода во тек на подолго време, сушење предизвикано од топлиот воздух. Нежните и кршливи нокти можат да бидат последица од честа употреба на одстранувачот на лак за нокти. Турпирањето и грицкање на ноктите ги оштетува ноктите и кожичката околу нив.
Внатрешните фактори се многубројни, како на пр. годините, расата, употребна на некои лекови, а во комбинација со евентуално некои други симптоми можат да укажуваат на сериозен проблем. Промените или абнормалноста на ноктите често произлегува од прехрамбениот недостаток или други болести.
РАЦЕТЕ ВО ЗИМА
Во зима, со доаѓањето на ладните денови, нашите раце се уште поосетливи, па мораме посебно да ги заштитиме и негуваме. На осетливата кожа на рацете прво се забележуваат последиците од ладниот период и сувиот зрак во нашите животни простории. Сувата и испукана кожа на рацете не е ни малку привлечна, а зимскиот период е особено стресен за напите раце. Надворешните влијанија како ладното време и ветерот се многу штетно дејствуваат на рацете, а греењето во просториите во кои престојуваме ја сушат кожата. Токму во зима, дополнителната нега од мрсни креми за раце е многу важна.
НЕГУВАНИ РАЦЕ И ЗДРАВИ НОКТИ
Потребно е да се заштитуваат рацете и ноктите. Се советува да се носат гумени ракавици а особено кога рацете ќе се држат подолго време во вода и кога се применуват средства за чистење. Кога се нанесува крема за раце, потребно е и да ги втриете и во рацете и ноктите. Потребно е да ја избегнувате долготрајната изложеност на сапун и вода, затоа што тие ја сушат кожата и ноктите кои потоа стануваат нежни и кршливи. Доколку често се мијат рацете, важно е да изберете сапун кој има неутрална pH-вредност. После миење,потребно е рацете добро да се избришат, затоа што водата која се задржува ја суши кожата. Кремата за раце и нокти треба да се применува после секое миење, а задолжително е да се масираат секоја вечер во кожата околу ноктите и на површината на ноктите. Користите ги и по секое маникирање или при одстранување на лакот за нокти или кожичката околу ноктите.
Ноктите, како ни кутикулите не смеат да се грицкаат, затоа што така може да се оштети околното ткиво. И најмала потреба околу ноктите овозможува бактериите да се насоберат на прстите и да предизвикаат инфекција.
На здравјето на ноктите можеме да влијаеме на квалитетната исхрана или со користење на додаток на исхрана од големата палета на Dr. Förster: Капсули Б комплекс витамини, Капсули за виталност на косата (и ноктите), Капсули со ноќниче.

Останати записи

Newsletter

Пријави се

Анкета

Дали сте задоволни од новите Royal Cleaning средства за чистење?

Гласај     Резултати

Издвоено

КОРИСТЕТЕ ГИ ТИТАНИУМ САДОВИТЕ И УЖИВАЈТЕ ВО...
Растителниот крем шампон Орхидеја Ројал...
ПОТРЕБНО Е ДА СЕ БОРИТЕ ЗА УСПЕХ
Во РСИ, КАДЕ ШТО МИ Е И МЕСТОТО, СЕ ПРОНАЈДОВ...