ТОП 10 ПРОИЗВОДИ
Коњски балзам
РСИ Титаниум тава Ø 28
Крпа за прозорци
Крпа за автомобил
Кристален камен
Млечна маст со екстракт од невен 250
Млечна маст со масло од чајно дрво
Таблети (пастили) со АЛОЕ ВЕРА и витамин Е
Капсули со Б- копмлекс витамини 120
Капсули со лососово масло -220
|
|
|
|
Промоција на НОВ производ - БАЛЗАМ ПРОТИВ ЖУЉЕВИ И ЗАДЕБЕЛУВАЊЕ НА КОЖАТА
| БАЛЗАМ ПРОТИВ ЖУЉЕВИ И ЗАДЕБЕЛУВАЊЕ НА КОЖАТА |
Пакување: 30 мл
Ознака за порачка: Др.Ф-127
|
| Курјите очи, жуљевите и задебелувањата на кожата не само што се неубави и непријатни површински непријатели на кожата која предизвикува бол, туку и поради нив е тешко да се купат удобни чевли. Овие тешкотии можат да се спречат и ублажат со правилна и редовна нега со природни производи со целна употреба. |
• балзамот содржи растителни екстракти од врба, невен, жалфија, масло од мајчина душица
• особено се препорачува за борба против адебелување на кожата на стапалата и рацете, жуљевите и курјите очи
• со редовна употреба се намалуваат и редуцираат жуљевите и задебелената кожа
• ја омекнува кожата на местата каде што има курји очи и го олеснува нивното третирање
• со природни и смирувачки состојки ја омекнува кожата правејќи ја мека и свежа
• не мрси и брзо се впива
|
| Човечките нозе се со комплексна структура и може да се каже дека се право техничко чудо кое е изложено на честа употреба и истрошеност. Нозете се дел од телото кое најмногу го користиме и со тоа се сметаат како „најзлоупотребен дел од телото“. Човекот во текот на својот живот, во просек минува 185 000 км, што одговара на четвострука обиколка на земјината топка. Нозете ја носат целокупната телесна тежина, како и тежината на сите дополнителни предмети кои ги носиме со себе. Во текот на еден просечен ден нозете се оптеретени со тежина од повеќе стотици тони. Иако нозете се така совршено конципирани, некои работи сепак можат да тргнат по крив пат. Факт е дека 87% од возрасните лица имаат некакви проблеми со нозете. |
| Во текот на зимскиот период, најмногу се јавуват проблеми со стапалата. Тесната облека, постојаното триење или притисокот од неадекватните чевли може да донесе до површинско пореметување на кожата. Најчести се курји очи, жуљеви и задебелување на кожата – оштетени делови на кожата кои се созадваат за да се заштити чувствителното ткиво на нозете од постојано триење и притисок. |
ЖУЉЕВИ – се јавуваат на рамна површина и немаат врв. Можат да бидат предизвикани од било кое пореметување поради кое стапалото не прифаќа рамномерна тежина на телото.
Најчесто настануваат на тешко оптеретените делови на нозете – задебелувања под прстите и петиците. Жуљевите настануваат кога од многу силен притисок (на пример чевли) горните слоеви на кожата се оделат од долните слоеви. Помеѓу нив доаѓа до создавање на мал отвор во кој влегува меѓуклеточна течност. Со секој чекор жуљот притиска на слој од кожата на кој се наоѓа со што тој станува осетлив и може многу лесно да печи или боли. Поради тоа доаѓа до црвенила и кожата се подигнува.
Сепак, силан болка какоод курји очи скоро и да не се јавува.
Жуљевите најчесто настануваат кога чевлите се мали или не се доволно разгазени. Лошо облечените или преголемите чорапи, како и потењето на ногата го забрзуваат создавањето на жуљеви.
|
КУРЈИ ОЧИ – се испупчените места на задебелување на кожата, обично на прстите. Секое курјо око има форма на конус, а наместени се така што врвот од конусот продира во ногата, кон ткивото во длабочина. Ако го притиснете, тврдиот врв ги притиска нервите под кожата и предизвикува болки. Курјите очи помеѓу прстите обично ги омекнува потта, а на табанот обично се мали – со големина од зрно ориз. Со најголем ризик се луѓето со Najpodložniji su im ljudi s visokim lukom stopala, затоа што во одењето излегуваат прстите од голем притисок па и триењето од облека е поголемо.
Тврди курји очи – најчесто се создаваат на површината од ножните прсти или на надворешната страна на малиот ножен прст кој е во постојан допир со чевлите. Понекогаш курјите очи можат да се создадат на задебелените стапала или пак под жуљевите при што секој чекор е проселеден со силна болка.
Меки курји очи – влажни се како гума, настануваат помеѓу прстите на местото каде што коските од едниот прст го притискаат соседниот прст.
|
| ЗАДЕБЕЛУВАЊА НА КОЖАТА – Годините кои неуморно поминуваат оставаат најмногу видливи последици на кожата на лактот, зглобовите, колениците и петите. Колената, лактите и глуждовите се подрачја каде што кожата е особено склона на сушење и задебелување. Регенерацијата на клетките е природен процес. Циклусот на обновување трае меѓу 21 и 28 ден. Мртвите клетки се задржуваат, заедно со нечистотијата, на површината на кожата. Задебелувањето на кожата на петите настанува од секојдневното триење и притисок за да се заштитат табаните. Но големите задебелувања не изгледаат убаво, пукаат и наносуваат болка. Процесот на регенерација можеме да го забрзаме со помош на пилинг и природни производи со целно дејство. |
|
 |
Останати записи
|
 |
|
|
Издвоено
КОРИСТЕТЕ ГИ ТИТАНИУМ САДОВИТЕ И УЖИВАЈТЕ ВО...
Растителниот крем шампон Орхидеја Ројал...
ПОТРЕБНО Е ДА СЕ БОРИТЕ ЗА УСПЕХ
Во РСИ, КАДЕ ШТО МИ Е И МЕСТОТО, СЕ ПРОНАЈДОВ...
|
|
|
|