четврток, 09.09.2010
Почетна I Мапа на страната

ТОП 10 ПРОИЗВОДИ

Коњски балзам
РСИ Титаниум тава Ø 28
Крпа за прозорци
Крпа за автомобил
Кристален камен
Млечна маст со екстракт од невен 250
Млечна маст со масло од чајно дрво
Таблети (пастили) со АЛОЕ ВЕРА и витамин Е
Капсули со Б- копмлекс витамини 120
Капсули со лососово масло -220
 

РСИ Инфо 129

ОЧЕКУВАЊА
Очекувањата не движат, но често не прават и несреќни. Неочекуваните ситуации се дело на судбината. Бидете спремни за неочекуван исход, на тој начин ќе бидете многу поспособни да ги препознате позитивностите во секоја ситуација.
Пред себе секојдневно поставуваме цели и планови најчесто со цел на пронаоѓање и исполнување на задоволството. Во нашата природа е емотивно да се врзуваме за работите кои ги сакаме. Така се раѓаат очекувањата. Тие ни даваат сигурност и ни помагаат зацртаните планови да ги донесеме до крај.
Но, понекогаш емотивната поврзаност, за она што мислиме дека треба да се случи, ја ограничува и попречува нашата среќа, а понекогаш потполно не заслепува за еднакво добри неочекувани случувања. Наместо да уживаме во работите кои ни се случуваат токму сега и во она што неочекувано го доживуваме, жалиме и тагуваме за желбите кои не се исполнети. Зошто паѓаме во таа замка? Кога размислуваме за напуштање на одредени очекувања, во позадина се јавува она наше сомнително внатрешно его-глас кој не предупредува дека треба да тежнееме кон одредена цел која постојано ни се провлекува. Така настануваат разочарувањата.
Спротивното гледиште не е песимизам. Можеме истовремено да го задржиме оптимизмот и да се ослободиме од потребата да се фокусираме само на еден можна зацртана цел. Да ги отвориме своите мисли и цели кон различни можни начини.
Кога очекуваме дека некоја ситуација, случување или средба ќе не исполни на одреден начин, тешко е да се ужива во изненадувањето без разлика што тоа е она навистина добро за нас. Во такви ситуации мислиме дека не сме успеале, дека сме губитници кои не се во состојба да остварат ништо што ќе замислат. Меѓутоа, треба да сфатиме дека сите сме препуштени на милост на судбината која не исполнува многу многу наши желби затоа што така е подобро за нас. Кога еднаш ќе се отворите за неочекуван резултат, ќе бидете многу поспособни да ја препознаете позитивноста во секоја ситуација.
Верувајте, навидум лошиот период може да се претвори во голем благослов и да го донесе најдоброто за вас.
Отвореноста кон неочекуваното може да ни послужи во ситуации кога од нас се бара компромис, кога ни се чини дека сите животни планови ни се рушат и кога се околу нас тргнува во спротивен правец од она што го сакаме. Флексибилноста ќе ни помогне да ги видиме сите позитивни аспекти од се што ни се случува. Колку повеќе се одалечуваме од своите строго замислени очекувања, толку повеќе ќе имаме попријатен живот.
Вашиот животен пат сигурно е досега, а веројатно и во иднина ќе има многу непредвидливи моменти, само потребно е да ги прифатите тие моменти како поклон на судбината, а не како окови кои ве спречуваат да ги исполните вашите очекувања.
Пријатно читање и радост во се што правите, а до ДЕКЕМВРИ и 130 издание – секој ден, секој момент грижете се за себе и секако едни за други.
Вашата уредничка
Весна Илиќ

Останати записи

Документи

Newsletter

Пријави се

Анкета

Дали сте задоволни од новите Royal Cleaning средства за чистење?

Гласај     Резултати

Издвоено

КОРИСТЕТЕ ГИ ТИТАНИУМ САДОВИТЕ И УЖИВАЈТЕ ВО...
Растителниот крем шампон Орхидеја Ројал...
ПОТРЕБНО Е ДА СЕ БОРИТЕ ЗА УСПЕХ
Во РСИ, КАДЕ ШТО МИ Е И МЕСТОТО, СЕ ПРОНАЈДОВ...