ТОП 10 ПРОИЗВОДИ
Коњски балзам
РСИ Титаниум тава Ø 28
Крпа за прозорци
Крпа за автомобил
Кристален камен
Млечна маст со екстракт од невен 250
Млечна маст со масло од чајно дрво
Таблети (пастили) со АЛОЕ ВЕРА и витамин Е
Капсули со Б- копмлекс витамини 120
Капсули со лососово масло -220
|
|
|
|
Интервју со Славица Родиќ - О.М. Македонија
| ЌЕ БИДЕТЕ ТОЛКУ УСПЕШНИ, КОЛКУ ШТО СЕ УСПЕШНИ ВАШИТЕ СОРАБОТНИЦИ |
| СЛАВИЦА РОДИЌ, Организационен менаџер, Македонија |
| Успехот може да се одреди како постојано ширење на среќа и остварување на лични цели. Ентузијазам, љубов, инспирација… ја водеа г-ѓа Славица Родиќ по РСИ пaтеката поплочена со успех. Благодарение на постигнатите резултати, од кои особено ги истакнуваме оние во Натпреварувањето Да бидеме квалифицирани и Да бидеме квалифицирани + нововклучени за 2009 година, во оваа прилика ја објавуваме нејзината РСИ приказна, која несебично ја подели со сите нас. |
| 1. РСИ ИНФО: Кога започнавте со работа во РСИ? Како ја доживеавте првата средба со производите? |
| Во РСИ сум од 13 Мај 1999. година. Започнав како купувач на производите кои ме воодушевија. Тоа задоволство веднаш им го пренесов на пријателите, роднините, соседите, така што кругот на соработници брзо се прошири, а РСИ стана составен дел од мојот живот. Голема благодарност и должам на мојата менаџерка г-ѓа Снежана Чупевска, која имаше големо влијание на мене и мојата кариера. За успех во РСИ е потребно да имате и добар водич од самиот почеток. |
| 2. РСИ ИНФО: Дали некогаш очекувавте дека ќе постигнете толку голем успех во РСИ? |
| Па, искрено речено не. На почетокот ги користев производите само за себе, но со оглед на тоа што на своите најблиски не можев да им продавам по каталошка цена и на тој начин да заработувам, започнав со градење на структура, така што не бев ни свесна кога станав Продажен менаџер. А кога ќе се искачиме едно скалило погоре, јасно се гледа што наредното скалило ни нуди. Тогаш тоа го зацртуваме како цел и тргнуваме, едноставно добиваме мотивација за наредните чекори. |
| 3. РСИ ИНФО: Веќе подолго време сте еден од најуспешните македонски менаџери, и воопшто менаџер на ниво на РСИ, во категоријата Да бидеме квалифицирани и Да бидеме квалифицирани + нововклучени. Што ве мотивира и како го постигнувате тоа? |
| Ако работите нешто што навистина го сакате и што ви носи неизмерно задоволство, успехот доаѓа сам по себе. Многу време им посветувам на моите осработници и будно ја пратам работата на целата структура, а особено пред крајот на месецот кога е многу важно да не се пропушти нешто, или случајно да не се изгуби некоја квалификација или награда. Мислам дека токму патувањата се нешто што најмногу ме мотивира, посебно патувањата со Elite Club. Воедно, тоа е единствена можност, во друштво со најуспешните да размените работни искуства и многу да научите. Таа опуштена атмосфера која се создава на патувањата силно ги поврзува луѓето. Тоа го почувствував изминатата година кога освоив патување во Црна Гора, како награда во натпреварувањето Да ги посетиме РСИ земјите, додека оваа година успеав да освојам и Елитно патување, и можам да речам дека одвај чекам да тргнеме. Со РСИ запознав прекрасни луѓе, кои веројатно никогаш не би ги сретнала во животот. Тоа се сите позитивни и пријателски расположени лица, кои со задоволство помагаат со информација и совет, без разлика на структурата. |
| 4. РСИ ИНФО: На кои начин ги мотивирате своите менаџери? |
| Во работа со луѓе, потребно е да ги водите луѓето, а не да владеете со нив. Мора да имате силна волја и многу искуство, затоа што е тоа одговорна работа. Особено е битна мотивацијата на луѓето и пратење на нивната работа. Со своите соработници сум во постојан контакт и се трудам најмногу да им помагам во почетокот на нивната работа, прво со своето искуство, но и со голема желба и тие да ја остварат својата цел. Има ли нешто поубаво од сознанието дека под себе имате војска од успешни соработници кои тоа го пренесуваат понатаму на своите соработници? На крајот со нив станувате пријатели и разменувате мислење околу се што се случува во РСИ и тоа доведува до уште поголеми резултати. Морам да напоменам дека во пракса најголем предизвик е да се постави рамнотежа. Таа мора да се поставува уште од самиот почеток. Моите соработници имаат толку доверба во мене што многу често ми се случува да ми дадат порачка и да речат: “Ти тоа распореди го”. Златно правило за развој на групата во мрежниот маркетинг е: „Успешни сте онолку, колку што се успешни вашите соработници.“ За да имате добра заработувачка сега, мрежа од успешни соработници треба да создавате во ширина, а длабочината создава сигурност за во иднина. |
| 5. РСИ ИНФО: Како сте одлучиле да создавате стуктура и што е важно за градење на успешна структура? |
| Уште од самиот почеток на работата, моето мото од секогаш беше: “Ако на купувачот не му понудам соработнички попуст, можноста за работа за вклучување ќе му ја понуди некој друг”. Во тој случај го губам и купувачот, но и потенцијалниот упсешен соработник. Затоа секогаш на купувачот му предлагам производот да го купи од самиот себе, да стане соработник и на самиот почеток да добие производ по соработнички цени, а со тоа и можност и понатаму и тој да заработува, односно да започне да создава своја структура. Во секој кој сака да купи производ, првенствено гледам можен соработник. Мотивацијата на новиот соработник е најголема на самиот почеток. Затоа со нив останувам во секојдневен контакт, ги договарам нивните први активности и им помагам што брзо да напредуваат. Секако, немам еднаков успех кај сите. Некој останува само купувач за себе и за своите најблиски, а некој почнува и со градење на структура. И едниот и другиот соработник ми се еднакво важни и драгоцени. Првиот секогаш го известувам за сите возможни попусти и се трудам да запомнам што најмногу користат од производите. На оној кој ја гради мрежата му помагам да го научи провизискиот систем и како да дојде до поголема заработувачка. Сепак на крај, никогаш не се знае кој од нив ќе ви донесе некој нов соработник. Често пати се извлекува и некој потенцијален Менаџер. |
| 6. РСИ ИНФО: Доколку поглденете во иднината, кои се Вашите следни планови и цели? |
| На прво место, цел ми е со добар промет да го задржам статусот како и да му помогнам на своите менаџери и соработници да бидат или да останат квалифицирани. Секако, следи и чекор понатаму, а тоа е создавање на нови менаџери и зголемување на прометот. |
| 7. РСИ ИНФО: Што би им препорачале на РСИ соработниците? |
| Едноставно да ја искористат можноста која им ја нуди РСИ. Да имаат самопочит, затоа што тоа е прва тајна за успехот и никогаш да не се откажат. И за крај, драги мои РСИ –евци запомнете. Ќе бидете толку успешни, колку што се успешни вашите соработници! На сите свои менаџери и соработници од целата моја структура, чијашто упорна работа е вткаена во одлични резултати од се срце им се заблагодарувам. Особена благодарност за големата поддршка и помош му ја должам на мојот син. Исто така голема благодарност и до сопствениците на фирмата РСИ – брачниот пар Габријела и Јурај Кучковечки,затоа што ми овозможија животна шанса и прекрасна соработка која трае и денес, а сигурна сум и дека ќе продолжи понатаму. |
|
 |
Останати записи
|
 |
|
|
Издвоено
КОРИСТЕТЕ ГИ ТИТАНИУМ САДОВИТЕ И УЖИВАЈТЕ ВО...
Растителниот крем шампон Орхидеја Ројал...
ПОТРЕБНО Е ДА СЕ БОРИТЕ ЗА УСПЕХ
Во РСИ, КАДЕ ШТО МИ Е И МЕСТОТО, СЕ ПРОНАЈДОВ...
|
|
|
|