вторник, 07.02.2012
Почетна I Мапа на страната

ТОП 10 ПРОИЗВОДИ

Коњски балзам
РСИ Титаниум тава Ø 28
Крпа за прозорци
Крпа за автомобил
Кристален камен
Млечна маст со екстракт од невен 250
Млечна маст со масло од чајно дрво
Таблети (пастили) со АЛОЕ ВЕРА и витамин Е
Капсули со Б- копмлекс витамини 120
Капсули со лососово масло -220
 

РСИ Инфо 128

ПРОМЕНИТЕ РАДУВААТ
Работа на себе – е наша секојдневна задача и темел на секоја промена!
Секој од нас во некој момент од животот чувствува потреба за промена. Повеќето од нас добиваат желба за подобрување на своите способности, желба да станат подобри, поинакви и посреќни личности. Затоа што менувајќи се себе го менуваме светот. Ја поттикнуваме промената и го подобруваме животот кој ни е овозможен.
Секоја промена тргнува од нас самите. Понекогаш сфаќеме дека мора, за да можеме да пловиме низ животот развивајќи некои особини, а понекогаш сме дошле и до точка каде што совршено се ни оди од рака и каде што мораме пред себе да поставиме некои нови предизвици и цели. Прифаќањењто на таквата промена ќе се манифестира во сите нивоа од нашиот живот.
Со оглед на тоа што секој живот нуди најразлични патишта, можеби сме избрале некој кој не насочил во некој друг смер отколку што сакаме да одиме.
Кога ќе сфатиме дека сакаме да бидеме подобра личност, се прашуваме што всушност изразот „подобра личност“ значи. Не постои јасна дефиниција што „подобра“ би требало да биде. Решението на оваа загатка „подобра личност“ нема да го пронајдете во книгите, туку во себе. Тоа е почеток на неверојатен пат. Кога ќе откриеме што всушност сакаме да бидеме, важно е да се знае дека промената нема да се случи преку ноќ, потребно е со мали чекори да се тргне кон новото. На почетокот, можеби трансформацијата нема ни да ја забележите, но таа има никулци и ќе почне да пушта корени.
Да се биде подобра личност, особено во вашите очи, представува животен проект, па затоа нема потреба од брзање. Концентрирајте се на мали чекори, но во сите животни подрачја.
Доколку го слушаме „говорот на тишината“ и почуствуваме мир во себе – ќе добиеме одговор за особините ја прават личноста подобра. Едноставно речено, да се биде подобра личност значи да се потрудиме да правиме добро секогаш кога тоа е возможно. Почит, кон себе и кон другите е клучна алка, па затоа ова може да биде и појдовна точка.
Кога ќе се убедите себе си дека сите луѓе заслужуваат разбирање, уваженост и достоинство, нормално е другите да ги третирате на начин кои би сакале и вас да ве третираат.
Интуитивно ќе станете подобар слушател, повнимателен и подоверлив.
Доколку пристапите кон своите секојдневни обврски со непобедлив став и позитивни очекувања, ќе го направите овој свет подобро место, а својот живот подобар.
Доколку со својата промена поттикнете и некој друг на промена, нема да бидете горди само на својот успех, туку и на фактот дека уште некој избрал подобар пат.
Промените околу нас, кои понекогаш лошо изгледаат, потребно е да се согледаат подлабоко и да се сфатат како поттик. Можност која ќе ни донесе нешто ново и добро. Во случувањата кои ја обележаа оваа година ги препознавме своите можности и се одлучивме на промени кои ќе не водат да бидеме подобри и поразлични од другите.
Затоа ви ја представуваме новата концепција на Инфо проткаена од луѓе и случувања кое се срцето на РСИ. Ви посакуваме пријатно читање и радост во се што правите, а до ОКТОМВРИ и 129 издание – секој ден, секој момент внимавајте на себе и секако едни на други.
Вашата уредничка
Весна Илиќ

Останати записи

Документи

Newsletter

Пријави се

Анкета

Дали сте задоволни од новите Royal Cleaning средства за чистење?

Гласај     Резултати

Издвоено

КОРИСТЕТЕ ГИ ТИТАНИУМ САДОВИТЕ И УЖИВАЈТЕ ВО...
Растителниот крем шампон Орхидеја Ројал...
ПОТРЕБНО Е ДА СЕ БОРИТЕ ЗА УСПЕХ
Во РСИ, КАДЕ ШТО МИ Е И МЕСТОТО, СЕ ПРОНАЈДОВ...