ТОП 10 ПРОИЗВОДИ
Коњски балзам
РСИ Титаниум тава Ø 28
Крпа за прозорци
Крпа за автомобил
Кристален камен
Млечна маст со екстракт од невен 250
Млечна маст со масло од чајно дрво
Таблети (пастили) со АЛОЕ ВЕРА и витамин Е
Капсули со Б- копмлекс витамини 120
Капсули со лососово масло -220
|
|
|
|
РСИ Инфо 127
| Темнината е недостиг на светлина, а се што мораме да направиме е да го запалиме светлото. |
| Верувам дека на сите им е преку глава од било какви приказни за финансиската криза, рецесијата и економските проблеми. Се почесто размислуваме како е се “надувано” и дека е подобро да се зборува за нешто друго. Се поголем број на луѓе веруваат во тоа дека кризата е измислена за да се постигнат некои други цели, далеку од нашиот домен и од она што го знаеме. Затоа темата за кризата ја изоставував во уводните текствови, но неодамна прочитав мотивирачки текст кој отвора сосема нов поглед кон кризата. Одлучив дел од текстот да споделам со Вас, затоа што ќе ни помогне целата наша енергија да ја насочиме во креативност и успех за кој многу пати сум пишувала. |
| Со оглед на тоа што има многу малограѓанско трачарење, лаги, несигурност и песимизам со кои сме бомбардирани од сите страни – вистинско време е да им ја препуштиме кризата на другите (на оние кои баш многу ја посакуваат) и да го скратиме нејзиниот век на траење во најмала можна мера. |
| Денес кога кризата е секојдневна стварност, а светските проблеми им се закануваат на сите домашни буџети, што правите? |
| Сигурно сте слушнале дека промените започнуваат во нашата глава, а дури потоа се искажуваат во светлина околу нас. Затоа, најпрво е потребно да ги промениме нашите мисли. Има повеќе начини за тоа, почнувајќи од позитивното размислување за себе и својата иднина. Многу од вас сега ќе реагираат – па како, криза е!? Доколку однапред се помирите со неуспехот, сосема е сигурно дека нема да успеете. Не е проблем во едно промашување или одбивање на една можност. Вистинскиот неуспех настапува кога ќе престанете да се обидувате. Во никој случај, за ништо на светот, немојте да престаните да се обидувате. |
| Знаете ли како да ја избркате темнината од темната соба? Сигурно нема да ја избркате со тоа што постојано ќе зборувате за неа, бесконечно анализирајќи ја. Всушност што има тука да се анализира? Темнината е нодистиг од светлина, а се што мора да направите е – да го запалите светлото! |
| Немојте да се занимавате со кризата, не се занимавајте со она што го немате и она што го нема. Занимавајте се со она што сакате да го создадете. Цело ваше време, енергија и работа насочувајте ја во создавање на нешто ново. Што ве интересира ако другите кажуваат дека е криза? За нив е криза, но вие не мора да живеете во нивниот свет. Создадете свој совршен свет. |
| Кога во себе сте создале оаза светлина и кога вашите мисли сте ги насочиле кон создавање, нека вашите постапки го следат тој исти пат. Од сите страни слушаме – штедете, штедете, штедете... Но, зарем на никој не му паѓа на памет дека, ако вашиот сосед престане да троши, пари нема да стигнат ни во вашата фирма. Ако вие не добиете плата, вашиот сосед залудно ќе штеди, затоа што наскоро и него ќе му пресушат примањата. Каде е тогаш логиката во намалувањето на потрошувачката за време на рецесија? Зголемување на потрошувачката е единствен начин за одржување на движењето на парите, а тоа значи и движење на енергијата од која сите живееме. Со други зборови, сите совети кои ги слушате за “стегање на ременот” се всушност добар рецепт за продлабочување и продолжување на кризата. Тоа е на некој или некои можеби во интерес, но нас сигурно не. |
| Наместо тоа, применете го старото и делотворно правило за создавање на богатство: ако сакате нешто да добите – ДАЈТЕ. Сакате ли да ја задржите работата? Создавајте работни места за други. Сакате ли да ја задржите платата? Овозможете им ја на другите. |
| И со тоа – однесувајте се како да сте многу богати. Да, добро прочитавте – однесувајте се како да живеете во раскош! Материјалното изобилство е дел од сегашниот момент. Изобилството не е нешто од минатото или иднината. Изобиството се случува сега. Доколку сега живеете како да сте богати, не само што ќе ја придвижите енергијата за себе и другите луѓе, туку ќе ја привлечете сосотојбата на изобилство околу себе. Изобилството е пред се состојба на духот, а дури потоа состојба на вашата банковна сметка. |
| Затоа време е за промена. Ако има неакакво добро од овие светски случувања и колективно зрачење на песимизам, тогаш тоа е покана да се промениме и да бидеме различни од другите. Ајде, главата горе! |
Каков би требало да биде нашиот одговор на кризата:
1. Престанете да мислите на неа. Престанете да зборувате за неа. Кога некој во вашето друштво ќе ја почне таа тема, променете ја. Почнете да зборувате за можностите, за случувања, за планови, за надеж – за било што само не за кризата...
2. Создавајте нови светови. Стариот начин на живот ве доведе до овој момент. Бидете благодарни поради тоа, но продолжете понатаму. Размислувајте за промената која ви носи ново и добро....
3. Во никој случај не го запирајте движењето на енергија. Дајте се од себе и така ќе направите место за примање, истовремено придвижувајќи ја струјата која ќе ги поттикне другите на истата постапка. Значи, трошете исто како порано, во рамките на разумните потреби. Всушност, дозволете си и малку повеќе, односно трошете малку повеќе за да со вашата енергија им помогнете на другите. На тој начин, токму сега, кога му е најпотребно на светот, ќе бидете извор на позитивна енергија, истовремено привлекувајќи изобилство во вашиот живот.
|
| И за крај запомнете и никогаш немојте да заборавите – кризата е пред се состојба на свеста. Нејзиното решение се крие во таа иста – состојба на свеста. А знаете ли колку време е потребно за промена на состојбата на свеста, доколку постои разбирање, волја и желба тоа да се направи? Едно единствено трепнување со окото, еден единствен зрак светлина, еден единствен момент. Само толку. Само толку време време е потребно и за излез од кризата... |
| Да го искористиме летото и можностите кои се пред нас... Ние сме посебни и потполно различни од другите... Научивме дека секоја неволја носи семе со еднаква големина или уште поголема корист... |
| Пријатно читање и добра забава со страниците на вашето и наше списание. Со оглед на тоа што во рацете го држите ЛЕТНИОТ ДВОБРОЈ Ви посакуваме пријатен и исполнет одмор, многу освежителни летни бодови и соработници, а до СЕПТЕМВРИ и есенското 128 издание – секој ден, секој момент грижете се за себе и секако едни за други. |
|
 |
Останати записи
|
 |
 |
Документи
|
 |
|
|
Издвоено
КОРИСТЕТЕ ГИ ТИТАНИУМ САДОВИТЕ И УЖИВАЈТЕ ВО...
Растителниот крем шампон Орхидеја Ројал...
ПОТРЕБНО Е ДА СЕ БОРИТЕ ЗА УСПЕХ
Во РСИ, КАДЕ ШТО МИ Е И МЕСТОТО, СЕ ПРОНАЈДОВ...
|
|
|
|