четврток, 11.03.2010
Почетна I Мапа на страната

ТОП 10 ПРОИЗВОДИ

Коњски балзам
РСИ Титаниум тава Ø 28
Крпа за прозорци
Крпа за автомобил
Кристален камен
Млечна маст со екстракт од невен 250
Млечна маст со масло од чајно дрво
Таблети (пастили) со АЛОЕ ВЕРА и витамин Е
Капсули со Б- копмлекс витамини 120
Капсули со лососово масло -220
 

ГОТВЕТЕ СО НАС!

КОРИСТЕТЕ ГИ ТИТАНИУМ САДОВИТЕ И УЖИВАЈТЕ ВО ГОТВЕЊЕТО!
Низ редовните митинзи, семинари и презентации во 2009 година, вредните раце на нашите соработници и менаџери, со помош на РСИ Титаниум садовите направија вистински кулинарски ремек дела!
Во продолжение прочитајте ги нивните оригинални македонски рецепти и уживајте во вкусот на специјалитетите!
Нека готвењето Ви претставува задоволство со помош на прекрасната ТИТАНИУМ ПРОГРАМА ЗА КУЈНА и Титаниум садовите!
ПОГАЧА
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
  • 1 кг.и 200гр. брашно

  • 1 коцка квасец

  • 1 путер

  • 2 пакетчиња ванила

  • 200 гр. суво грозје

  • 3 портокали

  • 1 филџан масло

  • 1 шола кисело млеко

  • 1 филџан шеќер

  • 4 јајца

  • 1 паковање сусам

  • ТИТАНИУМ ПЕКАЧ

  • ПОДГОТОВКА:
    Се цеди сокот од 2 портокали и се потопува грозјето.
    Се подмесува квасецот со малку млако пресно млеко, 1 лажица шеќер и 1 лажица брашно.
    Се исцедува сокот од грозјето.
    Се ренда кората од 1 портокал, а сокот се става кај другиот сок.
    Со сокот, маслото, млекото, 3 јајца и 1 белка,(жолчката се остава за премачкување), квасецот, шеќерот и брашното се меси тесто. (Тестото да биде малку помеко од тесто за кифли)
    Убаво изработено, се остава да стаса.
    Стасаното тесто се растегнува во круг. Му се става сувото грозје извалкано во брашно, ванила и кора од портокал.
    Повторно се меси. Се дели на 25 топчиња во големина на јајце. Секое топче се изработува во големина и форма на тацна за кафе.
    Се растопува путерот.
    Секое крукче се потопува во путерот и се редат во пекачот степенасто.
    5 топчиња се сукаат низ рацете и добиената долга форма се мота на 2 прста, а крајот се извлекува од горе. со што се формира цвет. Со тие цветови се пополнува средината.
    Повторно стасува. Се премачкува со жолчката се става сусам и се пече во загреана рерна на 180-200 степени околу 1 час.

    ДОБАР АПЕТИТ!
    Дупкарска Василка
    Виница
    БАНИЦА – БУРЕК
    ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
  • 1/2 kg. готови кори,

  • 150 мл. масло,

  • 150-200 мл. минерална газирана вода,

  • 150 гр. сирење,

  • 3 јајца,

  • ТИТАНИУМ ТАВА 28 см.

  • ТЕХНИКА НА ЛОЖЕЊЕ:
    Во капакот од Тава 28, кој е поставен над филџан (заради хоризонтална рамна положба) се редат витките-корите.
    ПОДГОТОВКА:
    Првата кора се попрскува со масло, и втората исто. Секогаш прво се прскаат со масло, па јајцата со сирењето и најпосле со газирана вода.( за да не омекнат корите). Од тие две кори се прави ролат – лесно се виткаат и во витка се почнува од средината на капакот. Се редат така витките – корите додека да се исполни капакот.
    Додека ова се подготвува, на ринглата се загрева тавата без масло на 2 степени, со тест проба ”бисери вода да играат” на дното се проверува дали тавата е подготвена за печење.
    ВРТЕЊЕ:
    Загреаната тава се става врз капакот, се свртува, бурекот паѓа во тавата и се враќа на ринглата. Се поклопува со затворен капак, се остава 5-6 мин. На 2 степени, потоа се намалува на 1 степен или пак на 1,5 степени и така 12-15 мин се пече без да се открива.
    Кога ќе се забележи дека филот ( јајцата и сирењето) се пробиваат на горната страна, се превртува во капакот – долу, а тавата горе.
    Потоа тавата се враќа на ринглата, а бурекот од капакот се префрла на помошен сад со ист пречник и од тука се поклопува со тавата, се свртува и се враќа на ринглата.
    Се поклопува со капакот, се остава да се пече 15-20 минути.

    Добар апетит!
    Џамбазова Викторија
    Штип

    ЏЕМ ОД ЈАБОЛКА
    ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
  • 1 kg кисели јаболка,

  • 800 гр. шеќер,

  • Сок од 1 лимон,

  • За арома барбароза, 5-6 листови

  • ПОДГОТОВКА:
    Јаболката се лупат, се вадат семките, се сечат на половини, се полеваат со сокот од лимон за да не потемнат.
    Додека ова се подготвува, во ТИТАНИУМ ЛОНЕЦ 20 или 24, се подготвува шербетот. Тој треба да е густ, односно до степен на вриеше со меурчиња.
    Јаболкото се ренда со ренде (од страна на листови)
    Изренданата маса се истура во шербетот и се протресува врелиот шербет веднаш да ги прелее односно зафати јаболката одеднаш за да ја задржат бојата.
    Така се вари 15-20мин. Повремено протресувајќи го садот (во круг).
    Пред самиот крај се додаваат листовите барбароза, кругови од лимон. Слаткото се остава уште неколку мин да поврие со лимонот и лисјата и е готово.
    Забелешка:
    Ако нема листови барбароза, не е пожелно да се додава ванила како зачин, нека остане само аромата од јаболкото.

    Добар апетит!
    Џамбазова Викторија
    Штип

    Останати записи

    Newsletter

    Пријави се

    Анкета

    Сметате ли дека РСИ има доволно широк асортиман на производи?

    Гласај     Резултати

    Издвоено

    Долгогодишната успешна соработка со нашата фирма,...
    Оваа година Полугодишните митинзи ќе се одржуваат...
    КОРИСТЕТЕ ГИ ТИТАНИУМ САДОВИТЕ И УЖИВАЈТЕ ВО...
    Растителниот крем шампон Орхидеја Ројал...