ТОП 10 ПРОИЗВОДИ
Коњски балзам
РСИ Титаниум тава Ø 28
Крпа за прозорци
Крпа за автомобил
Кристален камен
Млечна маст со екстракт од невен 250
Млечна маст со масло од чајно дрво
Таблети (пастили) со АЛОЕ ВЕРА и витамин Е
Капсули со Б- копмлекс витамини 120
Капсули со лососово масло -220
|
|
|
|
РСИ Инфо 126
| КОРМИЛАРИ НА СОПСТВЕНАТА СУДБИНА |
| Секој од нас понекогаш во животот е едреник кој се наоѓа сам на брегот без ни малку ветер. Тапкаме без природен поттик да запловиме понатаму. Не донесуваме одлуки, само сме залулани во вообичанеиот ритам. Како и да е, кормилото на нашиот живот е во наши раце. Мирното море е сигурно, но не и возбудливо! |
| Нашите животи се дефинирани со одлуки кои секојдневно ги донесуваме. Преку одлуките, без разлика дали се мали или големи, го насочуваме нашиот живот. Одлучувањето може да ни даде чувство на сила, моќ и контрола, но од друга страна може да биде и извор на тешкотии и на внатрешен немир. Поради тоа, често избегнуваме да донесуваме одлуки и се препуштаме на надворешната навигација. Едноставно – други одлучуваат за нас. |
| На тој начин ја предаваме својата моќ на други, на тој начин овозможувајќи им да управуваат со нашиот живот. Одлучувањето е наша задача. Затоа што секој би требало да биде и во суштина е одговорен за своите постапки. |
| Иако одлуките кои мораме да ги донесеме често пати се многу тешки и комплицирани, со секоја нова одлука ќе бидеме појаки, ќе порасне нашата самодовреба, затоа што ќе докажеме дека веруваме во самите себе и знаеме дека ќе ја донесеме вистинскта одлука. |
| Единствено самите можеме да знаеме како нашите одлуки ќе влијаат на нас и на нашиот живот. Во секој од нас лежи моќта на интуицијата, што ни дава предност во однос на „советникот“. Често се губиме во шумата на меѓучовечките односи, но и во пустината на сопствената осаменост. Доколку не знаете што да правите, каде да одите и со кого... застанете малку и овозможете си подлабог поглед во сопствената внатрешност. Верувајте, ќе ви се покаже насока по која би можеле да се движите. Вашата внатрешна мудрост секогаш ќе ви биде патоказ, само мора да верувате доволно во себе. |
| Доколку имате потреба, добро е да го послушате советот од другите, но сфатете го советот како совет, а не како „наредба“ дека така треба да постапите. |
Активирајте го внатрешниот компас кој ќе ви покаже каде треба да одите. Затоа што постојат повеќе патишта кои можат да не доведат до целта.
Трагајќи за љубов, можеме да отстапиме од духовноста, во потрага по среќа, можеме да се одалечиме од стазата на одговорност; бегајќи од улогата на жртва, можеме да го сретнеме своето внатрешно дете. Внатрешниот компас сами го насочуваме преку вистинските прашања и подготвеноста да погледнеме во себе. Наше е да избереме што од тоа сакаме. Затоа и сме надарени – да одлучуваме.
|
| Најважно е да се ослободиме од стравот од донесување на погрешни одлуки. Поранешните грешки не треба да не обесхрабрувааат, затоа што не можеме да бидеме сигурни дека сме згрешиле. Колку и да се чини грешна одлуката, не знаеме дали би било уште полошо доколку би избрале друга можност. Како и да е, самите ние ги носиме последиците. Без разлика на начинот на кој сме одлучиле, со советот или без него, НИЕ имаме право на последен збор. Штета е тоа право да не го искористиме. |
| Кога нашите одлуки се само наши, лесно ќе ги прифатиме последиците и ќе бидеме позадоволни од крајниот резулттат. Нашите одлуки ќе бидат одраз на нашите желби, нашата креативност, нашата свесност и нашата моќ. Морате да ја превземите одговорноста за вашиот живот, само така ќе добиете и слобода свесно сами да го насочувате и креирате својот живот без туѓи насоки и влијанија. |
Затоа, отворете си самите пред себе голем хоризонт на можности – внатрешниот компас ќеви ги покаже не само јасно обележаните патишта, но и едвај забележаните кривини и стрмни патеки, зад кои не чекаат олеснителни спознанија.
Станете уметници на својот свет и кормилари на сопствениот живот. Доколку сакате, ќе имате подлабок увид во својот живот, а со тоа и поттик дека сами го создавате својот пат.
|
| Пријатно читање и добра забава со вашето и наше списание, а до топлиот јули и нашиот летен двоброј... секој ден, секој момент грижете се за себе и секако едни за други. |
|
 |
Останати записи
|
 |
 |
Документи
|
 |
|
|
Издвоено
КОРИСТЕТЕ ГИ ТИТАНИУМ САДОВИТЕ И УЖИВАЈТЕ ВО...
Растителниот крем шампон Орхидеја Ројал...
ПОТРЕБНО Е ДА СЕ БОРИТЕ ЗА УСПЕХ
Во РСИ, КАДЕ ШТО МИ Е И МЕСТОТО, СЕ ПРОНАЈДОВ...
|
|
|
|