петок, 10.02.2012
Почетна I Мапа на страната

ТОП 10 ПРОИЗВОДИ

Коњски балзам
РСИ Титаниум тава Ø 28
Крпа за прозорци
Крпа за автомобил
Кристален камен
Млечна маст со екстракт од невен 250
Млечна маст со масло од чајно дрво
Таблети (пастили) со АЛОЕ ВЕРА и витамин Е
Капсули со Б- копмлекс витамини 120
Капсули со лососово масло -220
 

РСИ Инфо 125

БИДИ ПОИНАКОВ – БИДИ СВОЈ
Секој од нас е единствен и неповторлив, создавач на својот живот.
Често сме доведени во искушение други да ни го одземат тоа право и да го креираат по свои идеи. Вистинско време е да се пробудиме и да го земеме сопствениот живот во сопствени раце. Да бидеме сопствен авторитет.
Една од најважните животни лекции е да научиме да веруваме во самите себе и да го слушаме внатрешниот глас без разлика на надворешната врева. Преку некритично прифатените ставови и убедувања од другите луѓе се одрекуваме од сопствената одговорност и моќ. Тогаш дури ни нашите успеси не се навистина наши. Често сме биле во ситуација да имаме многу доверба во туѓи идеи и размислувања, за да со тек на време, на полесен или потежок начин сфатиме дека никој ги нема сите информации и дека туѓата вистина не може да биде и наша. Тоа е корисна лекција и потребно е да се помине низ таквото искуство.
Само поради тоа што некоја идеја или начин на кој правиме некоја работа е популарна или вообичаена не значи дека е добра за секого. Во повеќето случаи некои работи стануваат популарни затоа што луѓето немаат време да размислуваат за точноста. Тогаш животните одлуки се донесуваат на зададениот начин и може да се каже дека не се свесно донесени туку се рутински. Секогаш се достапни и многу други можности, но поради недостиг на време и мотив не истражуваме, па со мал отпор се одлучуваме за она што за повеќето е прифатливо.
Сите сме склони да веруваме во авторитет – не учеле на тоа. Повеќето луѓе автоматски се подготвени да веруваат на лицата кои делуваат сигурно во своите ставови. Ако нешто пишува во книгите или во списанијата, многу луѓе автоматски тоа ќе го прифатат како проверена информација. Понекогаш нашите одлуки се резултат од притисокот на семејството, колегите, пријателите, од она што ни го наметнува медиумот или традициите, затоа што од секогаш се прави вака, па нема причини за промена.
Не е важна причината, важно е дека многу често воопшто не сфаќаме дека некои одлуки можеме сами да ги донесеме, туку им ги препуштаме на другите да одлучуваат за нас и се прилагодуваме на она што во моментот е популарно. Не е секогаш лесно да се донесат оодлуки кои се косат со сфаќањата на повеќемина.
Кога ќе се одлучиме да промениме некои од своите навики или однесувања кои не се во склад со повеќето, честопати се јавува чувство на напуштеност и отфрленост. Чувствуваме дека немаме подршка и разбирање. Може да биде и исцрпувачки секогаш од почеток да ја објаснуваме целта и своите причини, особено ако сме и самите во фаза на истражување.
Во вакви ситуации нежноста, љубезноста, отвореноста, толеранцијата и вољата доаѓаат во прв план. Верувајте, помага ако сте смирени, убедливи и јасно да контактирате со луѓето околу вас, не прикривајќи ги своите намери и избори за кои сте се одлучиле. Имате право да барате од нив да го почитуваат вашиот избор, но немате право да се лутите на нив доколку не ве разбираат.
Вашиот живот ви припаѓа вам и имате можност да донесувате одлуки кои вие ги сакате, но секогаш треба да имате на ум дека со вас нема сите да се согласуваат. Најчесто тоа се нашите најблиски, кои само сакаат да ни ја олеснат ситуацијата и да ни помогнат полесно да се снајдеме за да не заштитат. Сепак, оние кои искрено не сакаат ќе застанат зад нас и ќе се согласат со нашиот избор каков и да е, без разлика дали е популарен или е потполно наш.
Често ќе се најдете во ситуација кога ќе го почуствувате внатрешниот поттик за да направите нешто што не е потполно во склад со нашите вообичаени верувања. Слушнете го гласот кој сигурно ќе ве води до постапките кои ќе направат многу поголема корист и за вас и за другите отколку цврсто да се држите на правилата.
Животот е бескрајно разнолик – луѓето, односите и ситуациите секогаш се повторно единствени, а нашиот внатрешен глас има пристап за помоќен извор на информации отколку вашиот разум. Затоа бидете свои во секој момент.
Пријатно читање и добра забава со вашето и наше соисание, а до јуни и нашето наредно издание... секој ден, секој момент внимавајте на себе и секако едни на други
Вашата Уредничка
Весна Илиќ

Останати записи

Документи

Newsletter

Пријави се

Анкета

Дали сте задоволни од новите Royal Cleaning средства за чистење?

Гласај     Резултати

Издвоено

КОРИСТЕТЕ ГИ ТИТАНИУМ САДОВИТЕ И УЖИВАЈТЕ ВО...
Растителниот крем шампон Орхидеја Ројал...
ПОТРЕБНО Е ДА СЕ БОРИТЕ ЗА УСПЕХ
Во РСИ, КАДЕ ШТО МИ Е И МЕСТОТО, СЕ ПРОНАЈДОВ...