петок, 10.02.2012
Почетна I Мапа на страната

ТОП 10 ПРОИЗВОДИ

Коњски балзам
РСИ Титаниум тава Ø 28
Крпа за прозорци
Крпа за автомобил
Кристален камен
Млечна маст со екстракт од невен 250
Млечна маст со масло од чајно дрво
Таблети (пастили) со АЛОЕ ВЕРА и витамин Е
Капсули со Б- копмлекс витамини 120
Капсули со лососово масло -220
 

РСИ Инфо 124

ПРОМЕНАТА ВО ЖИВОТОТ ВЕ ПРАВИ ПОЖИВИ
Животот е како живо суштество...
расти, се развива, се движи и менува....
Се се менува – во нас и околу нас. Ритамот на промени го преминува старото и носи ново.Ништо не стои на место и ништо не е секогаш така као што е. На секого му е потребна промена за да оди понатаму, а не само да тапка в место. Ние живееме живот кој расти, се развива и на кого му е потребна промена.
Секој од нас барем еднаш се соочил со чувството дека нешто не оди најдобро. Понекогаш тоа сознание доаѓа изненадно или пак е резултат на долготрајното сомневање кои не прави негативни и незадоволни. Кога ќе дознаеме дека нешто треба да се промени, патувањето започнува.
Најчесто, тоа е патот од себе кон себе. Патот се чини многу краток. Ова, за око едноставно патување, вклучува многубројни меѓучовечки односи и разни активности кои водот до промена. Целта на патувањето е да се приближиме до себе си, да го создадеме она топло внатрешно чувство "тука сум, дома сум", но понекогаш, од силната желба нешто со сила да промениме, се одалечуваме километри далеку од нас. Тогаш кога не сме "дома", кога во градите не среќаваме мир, топлина и сигурност за донесување на одлуки и движење на промените, желбата за промена останува само желба.
Имам среќавано луѓе кои реагираат брзо и бурно, понекогаш дури и пред да го разберат проблемот. Од друга страна пак, многу луѓе не саат промени, поради страв од непознатото, иако знаат дека нешто мора да променат, но со повеќе би живееле помалку задоволни отколку да се одлучат на промена. Некаде, помеѓу овие две крајности се наоѓа златната средина, која ни помага постепено да навлегуваме во промените, без никаков голем притисок за промена на она што не функционира во нашите животи.
Гледам на животот како на мозаик кој се состои од делови кои се меѓусебно поврзани во една целина. Научив дека промената на само едне мал дела може да промени се. Затоа малите промени имаат голем ефект. Но, често во животот сме ставени пред чин на големи одлуки кои водат кон големи промени. Тогаш важно е добро да се разбере тој проблем, да се разгледа од повеќе агли за да бидеме сигурни во своите одлуки и нужноста на промените.
Тоа се однесува како на промените на приватен, така и на промените на деловен план. Баш како што во приватниот живот ни е потребно чувство на сигурност во она што го сакаме, така и на деловен план ни е потребно чувство на компетентност, дека она што сме го испланирале навистина можеме да го постигнеме.

Внимавајте да не паднете во замка на почетокот на промената затоа што "тоа така треба", затоа што "се очекува", "затоа што е време за тоа", тогаш мотивацијата не е навистина наша туку надворешна и всушност материјална. На тој начин се одалечуваме од самите себе си.
Застанете пред огледало и преиспитајте го вашиот живот како целина – ваѓата работа, вашата љубовна врска, семејните односи, како живеете... и дознајте со што не сте задоволни и како би сакале да изгледа тоа подрачје од вашиот живот.
Кога ќе го сфатите и признаете проблемот, запишете го на хартија. Самото запишувањето на вистини на хартија е добар поттик за промена. Нареден чекор е да ги смислите прилагодувањата кои можете да ги направите и начинот на кој можете да ги изведете промените. Пишувајте, разговарајте, пронајдете заеднички компромиси... но не стојте во место и не чекајте некој друг да го менува вашиот живот. Клучот на промени кои функционираат е прифаќање на потребата за промена како дел од животот.
За сите животни промени постои вистинско време. Тоа не е спаковано во деновите на календарот ниту пак го одредува прстот на судбината. Не е одредено ниту со гледање во карти, ни хороскоп. Вистинско време за промена е она кога шувствуваме дека е вистинско време. Тоа е внатрешен импулс и лична подготвеност да и се препуштиме на движечката енергија втемелена на силата од чувства која никогаш нема да не изневери.
Пријатно читање и добра забава со вашето и наше списание, а до мај и нашето наредно издание...секој ден, секој момент грижете се за себе и секако едни за други.
Вашата Уредничка
Весна Илиќ

Останати записи

Документи

Newsletter

Пријави се

Анкета

Дали сте задоволни од новите Royal Cleaning средства за чистење?

Гласај     Резултати

Издвоено

КОРИСТЕТЕ ГИ ТИТАНИУМ САДОВИТЕ И УЖИВАЈТЕ ВО...
Растителниот крем шампон Орхидеја Ројал...
ПОТРЕБНО Е ДА СЕ БОРИТЕ ЗА УСПЕХ
Во РСИ, КАДЕ ШТО МИ Е И МЕСТОТО, СЕ ПРОНАЈДОВ...