вторник, 07.02.2012
Почетна I Мапа на страната

ТОП 10 ПРОИЗВОДИ

Коњски балзам
РСИ Титаниум тава Ø 28
Крпа за прозорци
Крпа за автомобил
Кристален камен
Млечна маст со екстракт од невен 250
Млечна маст со масло од чајно дрво
Таблети (пастили) со АЛОЕ ВЕРА и витамин Е
Капсули со Б- копмлекс витамини 120
Капсули со лососово масло -220
 

РСИ Интервју со - Роса Вучак

ПОТРЕБНО Е ДА СЕ БОРИТЕ ЗА УСПЕХ
РОСА ВУЧАК, Организационен менаџер, Босна и Херцеговина
"Сфатив дека, ако нешто сакам во животот, морам да се борам за него. Не верувам дека со пасивност може нешто да се постигне. Знам дека стравот за некои представува голема пречка, но за мене целта е посилна од стравот и таа ме турка напред." Оваа реченица е само мал дел од големата приказна за успехот на г-ѓа Роза Вучак чие интервју го објавуваме во овој број на Инфо. Ако мислите дека ќе ја откриете волшебнта формула за нејзиниот успех, ќе се изненадите. Тајната на успехот е во сите нас и позната им е на сите, само треба да се употреби – да се работи со љубов.
1. РСИ ИНФО: Раскажете ни веднаш на почетокот барем дел од вашата РСИ приказна за успехот. Како и кога сте одлучиле да го прифатите предизвикот кој ви го овозможи РСИ?
Далечната 1996 година Зеница беше обвиена со бол, тага и немаштија. Понудата за оваа работа дојде од Далмација од моето мало родно место.
Тоа беше како зрак сонце кое ме огреа – Божји глас, можност за нов живот. Иако цената на една волшебна крпа беше колку три мои пензии, тоа не ме обесхрабри – тоа беше предизвик и веќе за едне месц од мојата работа, успехот беше толкав што ме прогласија за "супер бабичка", а за три месеци станав Менаџер.
2. РСИ ИНФО: Какви карактеристики според вас би требало да поседува успешниот продавач? Се сметате ли себе си за еден од нив?
Без лажна скромонст, не морам себе си да се сметам за добар продавач – постигнатите резултати говорат сами за себе. Јас сум добар продавач. По мое мислење карактеристиките кои би требало да ги има успешниот продавач се првенствено љубов кон работата која ја работи, љубов кон своите луѓе и желба да им се помогне, а потоа и доза трпение, за да се прифатат сите потешкотии со кои неминовно доаѓаме во контакти со безброј различни карактери. Освен нудењето на производите кои се навистина квалитетни и корисни, на секој човек му нудам дел од себе, својата душа и им нудам да станат и тие член на нашето големо семејство. Со оглед на тоа што ова не е класична продажба туку препорака на производите, купувачите чувствуваат дека навистина ја говорат вистината. Ако со тоа уште и зрачите со позитивна енергија и им понудите насмевка, успехот ви е загаранитарн.
3. РСИ ИНФО: Што ве мотивира на постигнување на вака вискои резултати во личната продажба? Што ви значат наградите и натпреварувањата во вашата работа?
Освен квалитетните производи, кои лично јас ги користам, голем мотив ми се и сопствениците на фирмата во кои сум заљубена (секако само во еден), а вие погодете во кој. Тука се и моите внучиња. Со својот пример сакам да им покажам дека не треба да се плашат во животот доколку имаат мотив, цел и љубов, како што сето тоа јас го имам во нив. А наградите и натпреварувањата се како дополнителен "ветар во грбот". Постојано ме тераат да одам понатаму.
4. РСИ ИНФО: Одлични лични резултати за 2008 година – награди по програми, 1 место во Натпреварувањето за најдобар личен промет на ниво на РСИ Канцелариите, остварени 1 000 000 бодови во лична продажба… се само мал дел од приказната за вашиот голем успех од кој може да се почуствува дека имате посебен начин за презентирање на производите. Како би го опишале овој начин на работа? Откријте ни ја вашата тајна.
Секој успешен човек има своја тајна и таа е најдобра и непренослива. Со најдобри желби не можам да ја пренесам, затоа што никој нема ни да ја прифати. Како што реков, со продадените производи давам и поклон. Поклонувам насмевка, смеа, подршка – поклонувам дел од својата душа. За да дојдете до овој успех мора да одите, одите – многу да одите, но и лекарите кажуваат дека одењето е многу добро за здравјето.
5. РСИ ИНФО: Како се чувствувавте на Годишниот митинг во Опатија кога пред многубројни РСИ-евци ги примивте признанијата и наградите за своите постигнувања? Десет пати сте излегле на сцената. Каков е погледот од неа?
Пред мене е моето големо семејство – среќно, восхитено, самосвесно, полно со добри вибрации. Погледот е кралски – се чувствував како кралица.
6. РСИ ИНФО: Во низата постигнати успеси кои ги остварувате што мислите што е досега ваш најголем личен успех? Што ви овозможи РСИ од самите почетоци па до денес?
Освен материајлната сигурност која ми ја овозможува работата? Дружење, блискост со луѓето, новите пријатели кои ги стекнав, Елитното патување со драги луѓе. Освен запознавањето на новите држави и новите култури, што самата не би можела да си ги овозможам, патувањата со РСИ ме исполнуваат емоционално.
7. РСИ ИНФО: Ве водат ли целите низ животот и дали како такви му даваат поголема смисла на животот? Напишете ја вашата листа на желби и цели за годината која е пред нас.
Да нема цели не би била таму кај што сум. Целите мораат да бидат таму за да знаеме каде одиме, да не лутаме во круг туку да одиме по правиот пат.
8. РСИ ИНФО: Станавте член на Elitе Club за 2008 година и освоивте патување во една од РСИ земјите. Дали патувањата со РСИ како такви се во вашиот случај еден од од големите мотиватори за работа?
Секако дека се. Патувањата го збогатуваат нашиот живот. Освен тоа секогаш се надевам дека ќе најдам и животен соаптник, затоа што да знаат кој би ми бил "кум" верувајте сите би стоеле во ред, но само еден би бил среќен.
9. РСИ ИНФО: Кога некој би ве прашал што е тоа што навистина го сакате во животот? Вашиот одговор на тоа прашање би бил – повеќе успех, повеќе пари, повеќе љубов или нешто сосема друго?
Сето тоа и уште нешто друго…….
10. РСИ ИНФО: Довршете ја следнава реченица. За мене РСИ е …
Начин на живот.
11. РСИ ИНФО: Откријте ни како ја гледате вашата иднина во РСИ и иднината на РСИ, особено на РСИ Босна и Херцеговина?
За иднината на РСИ не се плашам. Никна во најтешките времиња. Потешки времиња од војната и разорувањата не може да бидат. Се развиваше и се калемеше. Докажа дека може да ги преброди сите кризи и потешкотии под мирно и сигурно водство, релативно млади, но одлучни и пред се драги луѓе. Во овие 16 години постоење секој пат излегувавме се посилни и поголеми. Канцеларијата на БиХ е дел од ова гоелмо семејство. Ни за него не ми е страв затоа што знам дека е водено со љубов и самоодрекување од млада и способна директорка.
12. РСИ ИНФО: И за крај, што би им препорачале на нашите РСИ соработници и читатели?
Кај што постои голема волја, потешкотиите не можат да бидат големи. Секое вредно постигнување, мало или големо, се состои од неколку чекори: Почеток – борби и победи.

Останати записи

Newsletter

Пријави се

Анкета

Дали сте задоволни од новите Royal Cleaning средства за чистење?

Гласај     Резултати

Издвоено

КОРИСТЕТЕ ГИ ТИТАНИУМ САДОВИТЕ И УЖИВАЈТЕ ВО...
Растителниот крем шампон Орхидеја Ројал...
ПОТРЕБНО Е ДА СЕ БОРИТЕ ЗА УСПЕХ
Во РСИ, КАДЕ ШТО МИ Е И МЕСТОТО, СЕ ПРОНАЈДОВ...