ТОП 10 ПРОИЗВОДИ
Коњски балзам
РСИ Титаниум тава Ø 28
Крпа за прозорци
Крпа за автомобил
Кристален камен
Млечна маст со екстракт од невен 250
Млечна маст со масло од чајно дрво
Таблети (пастили) со АЛОЕ ВЕРА и витамин Е
Капсули со Б- копмлекс витамини 120
Капсули со лососово масло -220
|
|
|
|
РСИ Интервју со – Дарко Барлов ТОП МЕНАЏЕР ЗА 2008 год.
| Во РСИ, КАДЕ ШТО МИ Е И МЕСТОТО, СЕ ПРОНАЈДОВ САМИОТ СЕБЕ СИ |
| ДАРКО БАРЛОВ, Организационен менаџер со 3 О.М, Србија |
| "По долго размислување дојдов до убедување дека човекот кој има длабока цел, таа цел ќе ја оствари и ништо не може да се спротистави на волјата која е спремна за нејзино остварување." Целта, волјата, трудот, работата и пред се љубовта кон работата која ја работите, го водеа г-ин. Дарко Барлов по скалите на РСИ кариерата. Постигнувањето на статусот менаџер за 2008 година како и Организационен менаџер со 3 ОМ е само мал дел од неговата голема приказна за успехот. Вредностите како скромност, искреност кон купувачите и соработниците како и големата позитивна енергија која зрачи, му донесоа успех. Живеејќи според нив тој планира светла иднина во РСИ, каде што, као што и сам кажува го пронајде своето место под сонцето. |
| 1. РСИ ИНФО: Верувате ли во поговорката: "Се што давате ќе ви се врати"? Дали верата е можеби една од причините зошто луѓето со љубов ја работат оваа работа? |
| Секогаш и во животот и во работата прво давам, за да во иднина нешто ми се возврати. Љубовта и позитивноста се првите чекори кон успехот. |
| 2. РСИ ИНФО: Велат дека тајната на успехот е во тоа што не постои тајна. Се согласувате ли со тоа? Постои ли волшебна формула за успех во вашиот случај? |
| Како што не постојат тајни во РСИ, исто така не постои ни волшебна формула зад мојот успех. Постои само цел, план и работа. |
| 3. РСИ ИНФО: Мојот МЛМ ден… Опишете еден ден од вашиот живот во РСИ. |
| Токму сега, додека одговарам на вашите прашања во голема гужва сум и морам да побрзам со одговорите затоа што ме чекаат сорабтниците, односно презентација. На кртако ќе ви опишам како таа изгледа: г-ѓа. Ружа Цветковиќ, мојата сопруга, Организационите менаџери и јас, држиме презентации со својата структура секоја среда, а во сабота за нововклучени. Го имаме секој производ од асортиманот на РСИ кој и самите го имаме пробано за да можеме и понатаму да го препорачуваме. Со огледа на тоа што би било многу долго да се опише на кој начин ги одржуваме презентациите, ве поканувам да ни бидете гости. Вие и секој кој сака да дојде. |
| 4. РСИ ИНФО: Што ве мотивира на постигнување на вака високи резултати? Дали наградите и натпреварувањата во РСИ представуваат мотивациска запалка за вас? |
| Ме мотивираат дружењата, новите познанства, наградите и патувањата кои секогаш ни остануваат во убаво сеќавање. Мотивациската запалка е секогаш со нас. Само потребно е да ја полниме од време на време, а токму тоа и го правиме. |
| 5. РСИ ИНФО: Зад вас е пат поплочен со многубројни успеси. Напишете ја вашата листа на желби за годината која е пред нас како и целите и идеите за постигнување на уште поголеми деловни успеси. |
| Во оваа година на прво место треба да поработиме на грижата за здравјето, да ја задржиме смиреноста и да бидеме позитивни. Исто така, потребно е да се оградиме од негативни приказни (политички приказни за светската економска криза), затоа што во трговијата никогаш немало криза и неуспех за вредните луѓе. Така што јас и мојот прв Организационен менаџер, г-ѓа. Ружа Цветковиќ имаме двојни планови во оваа таканаречена кризна година на која ние гледаме како на година со нови можности. Но, за да не зборувам однапред, резултатите кои ќе се покажат на крајот од годината ќе говорат самите за себе. |
| 6. РСИ ИНФО: На Годишниот митинг во Опатија промовирани бевте во Организационен менаџер со 3 О.М и бевте прогласен за Менаџер на 2008 година. Сето тоа и многу повеќе сведочи за вашите големи успеси. Што значи тоа за вас и која остварена цел до сега ја сметате како ваш најголем успех и зошто? |
| За мене најголем успех и задоволство е во тоа, што покрај својот еден бисер успеав "да избрусам" уште два сјајни бисера, и тоа во период од само една година, а тоа се: г-ѓа Зорица Трајковиќ и г-ѓа Мирјана Росиќ. Среќен сум што заеднички со работа успеавме да ги оствариме целите кои заедно донесоа особено вредни награди. |
| 7. РСИ ИНФО: Често зборовите среќен и успешен не одат заедно. Сметате ли дека човекот може да биде среќен, а истовремено и успешен? И ако е така – како? |
| Да, многу е тешко тоа да се уравнотежи. За таа среќа можеби не сум имал време многу да размислувам, но сепак, успехот е среќа. Среќа е и кога сфаќаме дека сме премногу среќни во споредба со фактот колку несреќни луѓе има на светот. |
| 8. РСИ ИНФО: Раскжете ни ја вашата РСИ приказна за успехот. Како и кога одлучивте да го прифатите предизвикот и да почнете да создавате структура? |
| Во првата година од работата, а тоа беше пред три години, мојата сопруга и јас бевме продавачи. Таа Silver Champion, а јас Diamond Champion. Кога стекнавме искуство со производите тргнавме кон создавање на структури и одржување на домашни презентации. Во втората година од работата, јас станав Организационен менаџер, а таа стана Diamond Champion. Во третата година јас стекнав статус Организационен менаџер со 1 ОМ, а таа статус Организационен менаџер. Во четвртата година јас стекнав стаус Организационен менаџер со 3 ОМ, а во тековната петта.... ќе видиме. |
| 9. РСИ ИНФО: Опишете ни го вашиот начин на работа со структурата. Колку грижата и трудот околу структурата се предуслов за војската од соработници и менаџери да оствари добри резултати и да биде мотивирина за постигнување на уште поголеми? |
| Честото и редовно одржување на презентации, едукации, голема грижа за соработници и работата доведуваат до успех. Успех без тоа нема. Потребно е да се направи план и да се изнесе пред своите соработници. Со тимска работа успехот доаѓа кај сите, само кај некои побрзо, а некои побавно, но со постојана работа успехот е неизоставен. |
| 10. РСИ ИНФО: На кој начин ја презентирате работната прилика која ја овозможува РСИ за нови, потенцијанлни соработници? |
| Така што им укажувам на големите можности кои им ги овозмоува РСИ – добра заработувачка, награди, патувања, нови познанства и дружења. |
| 11. РСИ ИНФО: Кога некој би ве прашал што е тоа што навистина го сакате во животот. Вашиот одговор би бил? Дали животот во РСИ ви помогнал во остварување на некои одамна посакувани желби? |
| Со РСИ ми се оствари мојата најголема желба. Моето срце го најде другото срце и сега сме срце во срце. Се пронајдов себе си таму кај што ми е местото. |
| 12. РСИ ИНФО: Какви карактеристики според вас би требало успешниот менаџер да поседува? Се сметате ли себе си како еден од нив и ако е така - зошто? |
| На кратко, секој успешен менаџер би требало да биде позитивен, вреден, елегантен, креативен, чувствителен… Себе си се сметам за успешен менаџер, но не во потполност. Причина за тоа е фактот што додека сме живи, мораме постојано да учиме и да се развиваме. |
| 13. РСИ ИНФО: И за крај, откријте ни како ја гледате вашата иднина во РСИ и иднината на РСИ, особено на РСИ Србија? |
| Иднината ја гледам во успехот на моите соработници, затоа што тоа е тим кој ќе се бори за победа во натпреварите кои следуваат, а Србија ја гледам како екипа со многу јаки и успешни играчи кои ќе освојат злато. |
|
 |
Останати записи
|
 |
|
|
Издвоено
КОРИСТЕТЕ ГИ ТИТАНИУМ САДОВИТЕ И УЖИВАЈТЕ ВО...
Растителниот крем шампон Орхидеја Ројал...
ПОТРЕБНО Е ДА СЕ БОРИТЕ ЗА УСПЕХ
Во РСИ, КАДЕ ШТО МИ Е И МЕСТОТО, СЕ ПРОНАЈДОВ...
|
|
|
|