петок, 10.02.2012
Почетна I Мапа на страната

ТОП 10 ПРОИЗВОДИ

Коњски балзам
РСИ Титаниум тава Ø 28
Крпа за прозорци
Крпа за автомобил
Кристален камен
Млечна маст со екстракт од невен 250
Млечна маст со масло од чајно дрво
Таблети (пастили) со АЛОЕ ВЕРА и витамин Е
Капсули со Б- копмлекс витамини 120
Капсули со лососово масло -220
 

РСИ Инфо 123

РАБОТИТЕ НЕ СЕ СЕКОГАШ ОНАКВИ КАКВИ ШТО ИЗГЛЕДААТ
Се ќе биде добро. Можеби не веднаш, како што ние посакуваме, но ќе биде....
Често во животот се наоѓаме во лоша ситуација и се прашуваме зошто баш нас ни се случуваат лоши работи. На сите им се случуваат и убави и лоши работи. Никој од нас не е исклучок. Се разликуваме по тоа како тие ситуации, особено лошите, ги доживуваме и како се справуваме со нив.
Потребно е да знаеме како да гледаме кога ќе се најдеме пред ѕид. Како и обично, кога ќе ја смирам гужвата во главата, се јавуваат патоказ кој на свој таинствен начин ми помага да ги воочам работите од од различни агли. Приказната која ќе ја поделам со вас секако е патоказ, еден од оние кои ќе не охрабрат и ќе ни помогнат да не ги доживуваме работите онака како што во првиот момент ни изгледаат.
„Еден ден два ангели патници застанаа пред една убава куќа. Го замолија сопственикот да ги прими во конакот. Тоа беше куќа на едно многу богато семејство. Сопственикот беше многу нељубезен и незадоволен ги прифати. Не им понуди сместување во гостинската соба ниту во делот каде што се наоѓаат другите соби од неговата вила. Наместо тоа, им дал мал простор во ладната визба на куќата. Додека местеа за легнување на подот, постариот ангел здогледа една пукнатина на ѕидот и веднаш ја поправи. Младиот ангел го праша: “Зошто го направи тоа? Тие со ништо не го залужуваат тоа.” Стариот ангел мудро одговори: “Работите не се секогаш онакви какви што изгледаат”.
Наредната ноќ ангелите отидоа да преноќат во куќата на еден многу сиромашен пар. Скромниот маж и неговата жена беа многу гостољубиви. Откако со нив ја поделија и онаа малку храна што ја имаа, брачниот пар ги смести ангелите да спијат во нивниот брачен кревет за да можат поубаво да се одморат.
Другиот ден кога се разбудија, ангелите ги најдоа господинот и неговата жена во солзи. Единствената крава која ја поседуваа и чие што млеко било нивниот единствен извор на приходи, лежеше мртва на полето. Младиот ангел беше бесен и го праша стариот ангел: “Како можеше да го дозволиш ова? Првото семејство беше богато и имаше се, без разлика на нивната нељубезност, сепак им помогна закрпувајќи ја дупката во ѕидот. Ова скромно семејство имаше толку малку, беше спремно се да подели со нас, а ти, иако можеше тоа да го спречиш, дозволи да им умре кравата”.
“Работите не се секогаш онакви како што изгледаат” повторно мудро одговори стариот ангел и продолжи:
“ Кога бевме во визбата на онаа вила, забележав како од таа пукнатина на ѕидот се гледаше скриено злато. Со оглед на тоа дека семејството беше опседнато со пари и богатство, ги изгубија сите човечки чувства, ја затворив пукнатината за да им го оневозможам пристапот до тоа злато. ” Продолжи понатаму:
“Ноќва, додека спиевме во креветот на сиромашносто семејство, ангелот на смртта дојде по жената на овој селанец, а јас му ја дадов кравата.”
“Па навистина значи, работите не се секогаш такви какви што изгледаат” заклучи помладиот ангел. „
Да, понекогаш ситуациите кои ги доживуваме како лоши во нашиот живот всушност се голема среќа... Неверојатно, но вистинито.
Затоа, треба да застанете затоа што секоја приредена ситуација – е животна школа. И работите секогаш се случуваат со некоја причина. Какви и да се, потребно е да ги зграпчиме, затоа што наменети се за нас.
Ако собереме храброст, се надеваме и на тешки моменти и покрај падовите, правам добро и за себе и за другите, затоа што на крајот се ќе биде добро. Можеби не веднаш, како што ние посакуваме, но ќе биде.
Кога ќе заглавите, прочитајте ја приказната за ангелите. Или секојдневно присетувајте се:
Работите не се секогаш онакви какви што изгледаат. Помеѓу редовите прочитајте што ни препорачуваат и каква добра завршница ни носат.
Пријатно читање и добра забава со вашето и наше списание, а до април и нашето наредно издание... секој ден, секој момент грижете се за себе и секако едни за други.
Вашата уредничка
Весна Илиќ

Останати записи

Документи

Newsletter

Пријави се

Анкета

Дали сте задоволни од новите Royal Cleaning средства за чистење?

Гласај     Резултати

Издвоено

КОРИСТЕТЕ ГИ ТИТАНИУМ САДОВИТЕ И УЖИВАЈТЕ ВО...
Растителниот крем шампон Орхидеја Ројал...
ПОТРЕБНО Е ДА СЕ БОРИТЕ ЗА УСПЕХ
Во РСИ, КАДЕ ШТО МИ Е И МЕСТОТО, СЕ ПРОНАЈДОВ...