вторник, 07.02.2012
Почетна I Мапа на страната

ТОП 10 ПРОИЗВОДИ

Коњски балзам
РСИ Титаниум тава Ø 28
Крпа за прозорци
Крпа за автомобил
Кристален камен
Млечна маст со екстракт од невен 250
Млечна маст со масло од чајно дрво
Таблети (пастили) со АЛОЕ ВЕРА и витамин Е
Капсули со Б- копмлекс витамини 120
Капсули со лососово масло -220
 

КРСТАРЕЊЕ ПО СРЕДОЗЕМЈЕТО - Елитно патување

МОРСКА БАЈКА ИСПИШАНА НА РСИ НАЧИН
ЕЛИТНО ПАТУВАЊЕ КРСТАРЕЊЕ ПО СРЕДОЗЕМЈЕТО
08/15.11.2008 - Elite Club
Светот е рај!
(натпис на една од куќите во пристаништето Тангер – Мароко)
252 м долг, 29 м. широк, 59 т. тежок, 780 кабини, капацитет од 2.069 патници, 760 членови на екипажот, 9 патнички палуби, 9 лифтови… се само некои од техничките каракеристики на бродот MSC Лирика на кој членовите на РСИ Elite klub за 2007 година поминаа незаборавни 8 дена и 7 ноќи крстарејќи по Средоземјето и го доживеаа овој дел од светот на потполно различен морски начин.
Колку само да ви ја доловиме големината на ова патување, во периодот од 8.11. до 15.11. поминавме 2.100 наутички милји (1 наутичка милја = 1.852 м), запознавме дел од културата на четири различни земји, го почуствуваме духот на шест различни градови… Сигурно дека за секој од нас, поимите како што се Шпанија, Франција, Мароко, Ииталија создавваат желба да уживаме во нивните убавини, а сликите од големиот брод го будат авантуристичкиот дух. Но, кога овие две задоволства ќе се спојат во едно, тогаш задоволството е комплетно.
Трудот, работата и постигнатите резултати на членовите на Elite Club за 2007 година беа наградени со ова луксузно крстарење. Како вистински бестрашни морепловци осумдесетина РСИ-евци заминаа на море, не знаејќи што навистина ги очекува на едно вакво патување.
Вие, кои бевте учесници на ова патување, нека овој бродски дневник ви послужи како некој вид на потсетник на виденото и доживеаното, а за сите останати, се надеваме дека ова ќе ви представува дополнителна мотивација да ни се придружите во добро друштво со РСИ и да тргнете во освојување на нови, сеуште не видени светски дестинации.
Па да тргнеме, да запловиме во приказната која ја раскажа морето, а РСИ-евците станаа дел од таа морска бајка!
сабота, 08.11.2008. – ЏЕНОВА (ИТАЛИЈА)
Патувањето за бугарската група започна уште во четвртокот на 06.11. во раните утрински часови, така што на местото на поаѓање, на второто по големина пристаниште во Средоземјето - ЏЕНОВА, пристигнаа веќе околку пладне истиот ден. Денот предност во однос на останите учесници на ова патување го искористивме да ги разгледаме убавините на овој град и да уживаме во него.
Во петокот, во доцните вечерни часови, со автобус од Загреб на пат од околу 700-тина километри тргна и другата група од РСИ-евците – менаџери од Србија, Хрватска, Црна Гора, Македонија, Словенија и вработените на РСИ Канцеларијата под раководство на брачниот пар Кучковечки. Во Џенова стигнавме во саботата на 08.11. во утринските часови. Здивот на луксузот се чувствуваше уште на самиот почеток. По слегувањето и блиската средба со менаџерите од Бугарија, Унгарија и Турција тргнавме на уште една РСИ авантура.
А потоа го здогледавме! Сите слики на овој свет не можат да ја доловат големината и грандиозноста на бродот. Иако неискусни, кога станува збор за ваков вид на патување, останавме без зборови. Кога го здогледавме, и оној малку страв кој го чувствувавме, исчезна. Веднаш го извадивме багажот и се упативме кон извршувањето на сите потребни процедури кои се попречуваа меѓу нас и качувањето на бродот. Минувајќи ги пасошките и многубројните други контроли, добивме зелено светло за качување. Со личниот багаж во рацете се движевме по ходникот кој не водеше до бродот. Со добивањето на сопствена идентификациона картица, ја премостивме и последната пречка која стоеше меѓу нас и сонот. Околу три часот на пладне целата РСИ група беше на бродот. Забележително возбудени, се упативме кон кабините за што побрзо да тргнеме во истражување на овој буквално "мал град" на вода.
Од вкупно 9-те палуби со патнички кабини, РСИ-евците беа распоредени на три, на 7, 8 и 9 палуба, кои се именувани според познатите италијански композитори: Скарлати, Паганини и Албион. Пред вратите на кабините не дочека багажот. Влегувајќи во неа се изненадивме од нејзината функционалност, која истовремено дише во препознатливиот италијански стил и луксуз. Се беше наредено за удобност и уживање – вградена клима во секоја кабина, сателитска ТВ, минибар, сеф, радио, 24-часовна услуга на послужување во собите. Уморни од патот, сакавме малку да се освежиме и одмориме, но, персоналот на бродот имаше друг план. Низ чувството на задоволство не сепна сирената со нималку пријатен звук, која означуваше почеток на вежбите во случај на критична ситуација на бродот. Со појасите за спасување тргнавме на палубата за да ја поминеме обуката. Културно и без гужви, се наредивме во редови, свиревме со свирчињата и ги слушавме инструкциите на лицата иако сите бевме свесни за фактот дека доколку дојде до слична ситуација, сценариото на случувања би било комплетно различно.
Околу 30 минути до 5 часот на пладне истиот ден се уклучија моторите и тргнавме на пат по Средоземјето. До првото пристаниште во Марсеј не делеа 202 наутички милји. Само бавното нишање под нозете не потесуваше дека се наоѓаме на брод. Тој ден, како и секој нареден на подот од кабината не пречекуваа бродски весници во кои беа наведени сите случувања на бродот предвидени за наредниот ден: дали и на кое пристаниште застанува бродот, време на престој на пристаништето, сите видови на активности, време на оброци во ресторанот, означен стил за облекување за таа вечер и секакви други податоци корисни за патниците. Постојано имаше забави на бродот и постојано нешто се случуваше: разни натпреварувања, наградни игри, вечерни забави, кариоке, бинго, маскенбал, секојдневни представи во театарот…
По обилните вечери, односно изборот на храна чијшто избор беше прилагоден за сечиј вкус, секој сам за себе во сопствена организација го организираше понатамошниот тек на вечерта. Некои, уморни од патот се упатија во кабините за да се одморат за утрешниот планиран излет, додека други се одлучија да уживаат од самиот почеток и така еден дел од РСИ-евци тргна во Бродвеј театарот, некои во многубројните клубови на бродот, додека пак некои уживаа на палубата оа бродот, дишејќи свеж морски воздух.
недела, 09.11.2008. – МАРСЕЈ (ФРАНЦИЈА)
Околу седум часот наутро застанавме на пристаништето МАРСЕЈ. Место на кое појадувавме тој ден, можевме да бираме – во кревет во сопствената кабина, на палуба или во ресторанот. Оние кои ја одбраа палубата имаа можност да уживаат во погледот и мирисот кои го овозможуваше францускиот брег. За вториот град по големина во Франција, Марсеј, може да се каже дека е комбинација од богато и еднинствено наследство. Космополитскиот и мултиетнички град со своите гостопримливи жители може да им ги овозможи сите магии на Прованс на своите посетители. Веќе околу 8 часот трганвме со автобуси во разгледување на градот. Иако низ автобуското стакло, имавме можност да се воодушевуваме на многубројните острови, прилепени околу пристаништето, кое дефинитивно доминира со својата големина. Најпознат остров на пристаништето е Chateau d'If, кој е познат по тоа што на него беше затворен авторот на познатиот роман "Грофот Монте Кристо "Александро Думас. Разгледувањето го започнавме со посета на палатата Longchamp. Сместена е во самото срце на Марсеј и изградена е во 19 век во чест на доаѓањето на водата во медитеранскиот град со помош на каналот Прованс. Како симбол на плодноста и хигиенскиот развој на градот, архитектот на базиликата Notre–Dame de la Garde, Jacques Henri Espérandieu во 1869 год. ја изгради монументалното издание на водената кула. Палатата е опкружена со прекрасни градини, каскади и фонтани. Се наоѓа и по еден музеј на двете крила од палатата: Музејот на ликовни уметности и Prirodoslovni музеј. По сликањето и уживањето во погледот се насочивме кон базиликата Notre-Dame de la Garde, која е зградена помеѓу 1853 и 1864 година во романско-бизантиски стил како капела од 13 век.
Од врвот на ридот на кој се наоѓа базиликата се овозможува прекрасен поглед на цел Марсеј. Како на дланка се гледа 26 годишната историја на овој град: остатоците од Старото пристаниште, Главната катедрала и црквата Свети Виктор, центар на христијанството во Прованс. Исцрпени од доживувањата на матичната земја на мирисите, се вративме на бродот. Помеѓу нас и Валенсија имаше 346 наутички милји. Додека бродот полека испловуваше и го оставаше Марсеј зад нас, ние веќе имавме планови за таа вечер која беше посебна. Имавме чест да пиеме коктели и да поминеме гала вечер со капетанот на бродот Паоло Русо како и со целиот екипаж. По сликањео во прекрасно уредениот паб Лирика, облечени во гала вечерни одела се чуствувавме како на филм. Коктели во различни бои, мали сендвичи, шампањ… како во најубавите приказни. По коктелот се упативме на вечера која исто така се одвиваше во гала стил. Уште еднаш пријатно од врвната услуга и гостопримливоста на лицата на бродот. Пред нас беше вечер богата со содржини. Таа вечер, во секој агол на бродот се случуваше нешто: од избор на мистер во Лирика, театарска представа наречена "Magic and Dreams", забави во диско клубот, наменети за оние со млад дух… И тој ден заспавме веднаш од позитивен замор на една, а се разбудивме на сосема друга дестинација.
понеделник, 10.11.2008. – ВАЛЕНСИЈА (ШПАНИЈА)
Тој ден утрото го поминавме пиејќи кафе по обилниот доручек. Сонцето и тивкото ветре ни правеа друштво. Уживајќи во сончевите зраци, околу 11 часот запловивме во ВАЛЕНСИЈА, трета по големина и значење во Шпанија. Еден час подоцна веќе бевме во автобуси, со фотоапаратите и камерите во рацете, за нешто случајно да не пропуштиме. Залепени за автобуските стакла, го впивавме секој детал од архитектурата и животната енергија на овој богат град. Не можевме да дочекаме да излеземе од автобусите и да тргнеме во истражување. Разгледувањето на градот го започнавме со архитектонско модерниот симбол на Валенсија – Градот на уметноста и културата, сместен во сувото корито на пренасочената река Туриа, која минува низ Валенсија. Најголемиот дел од футуристичкиот "град внатре во самиот град" представува ремек дело создадено во чест на доаѓањето на 21. век. Изгрдабата започна во 1996 година, а градот се состои од 5 футуристички делови: oоперски куќи; кина и планетариуми; градини; културни музеи како и отворен океанографски музеј. Со само 10 минутно возење со автобус, од 20 век се префрливме на архитектура во премин од 13 на 14 век. Шетајќки се низ центрот на градот, пред нас се појави главната катедрала на Валенсија. Изградена помеѓу 1252 и 1482 година во барокно-готички стил со својата импресивност не остава без здив. Со мала доза на кич, уживавме во разгледувањето на нејзината внатрешност, воодушевувајќи и се на бројните религиски и уметнички богатстава која несебично ги чува. Помалиот, а воедно и најстариот дел од катедралата го крие и најверојатно најпознатото и најценето богатство во нејзината внатрешност – Свети грал, или барем така го нарекуваат златната чинија познат под називот Santo Caliz (Света чинија). Со тоа нашата авантура во Валенсија заврши. Се упативме на пловење со бродот за да стигнеме во Тангер. Во средба со нов град, нова земја, нов континент…
Исцрпени од доживеаното и виденото, уживавме во делициите послужени во текот на вечерта. Зготвените специјалитети и богатството на вкусната храна не воодушевуваа. Потоа тргнавме во креирање на сопствено сценарио за таа вечер. Богатата бродска програма ни нудеше широка палета на случувања. И овој пат секој успеа да одбере по нешто за себе – опуштање и уживање во wellness и spa третмани, посета на театар,теретана, пиење коктели, шетање по палубата…
вторник, 11.11.2008. – ТАНГЕР (МАРОКО)
Лесното нишање на бродот и доцното пристигнување на пристаништето ТАНГЕР (Мароко) беше причина за подолго спиење тоа утро. Иако утрото не беше сончево, беше топло со оглед на температурата на која навикнавме во овој период на годината. За кратко пред нас појави Гибралтарскиот проток, премин кои ги одвојува Европа и Африка. Неми, со широко отворени очи ја гледавме таа глетка која до сега имавме можност да ја видиме само на географските карти. Дури тогаш всушност ни стана јасно каде се наоѓаме. Во Тангер пристигнавме околу 2 часот попладне, по изминатите 429 наутички милји. Мароко – живописната држава е сместена на северозападна Африка во регијата позната како Мгреб, на брегот на Атланскиот океан и Средоземното море. Само што застанавме, не губевме ниту миг. Тргнавме во истражување на земјата од чии пори зрачи илјадагодишната култура. Тангер, познат како и цветот на Мароко, сместен е на спротивната страна на Гибралтар и често ги нарекуваме вратите на Африка. Иако луѓето прво на што ќе помислат, како спомен на овој континент се сувите и жолти пустини, оваа страна на континетот е изненадувачки зелена. Најголеми импресии ни остави шетањето по традиционалниот пазар т.н. зоко. Со Тангер се поврзува легендата за грчкиот џин Антеј, синот на Нептун, богот на водата, за кој се смета дека е создавач на Тангер. Токму поради неговата бурна историја со времето овој марокански град во некои делови доби европски обележја кои харминчно се стопија со источњачките. Мешавина и комбинација, карактеристичен мирис на марокански зачини кои се шират по целиот град, богата култура, интересни обичаи, тесни улички…. сето тоа и многу повеќе е Тангер. Така на пр. традиционалната мароканска свадба трае полни седум дена. Младата секој ден носи по еден свадбен фустан кој нејзиниот животен сопатник мора сам да го сошие. Фустаните се работат од најквалитетни свили и се симбол на богатството. По правило, за еден фустан да се сошие, на сопругот му се потребни отприлика 15 дена. Така што на улиците Тангер пред се е вообичаено да се видат група момци што шијат.
Недалеку од градот, ја посетивме Херкуловите пештери. Името го добила по грчкиот јунак Херкул затоа што се верува дека во тие пешетери спиел тој пред да оди да ги изврши славните дванаесет задачи. Потоа отидовме во најпознатиот музеј во Тангер "Kasbah" изграден на највисоката точка на Тангер од која се овозможува прекрасен поглед на Гибралтар и соседна Шпанија. Внатре во музејот се наоѓа голема градина која води кон Dar el Makhzenu, султанската палата од 17-от век, која е претворена во музеј. Малку слободното време кое го имавме го искористивме за шопинг, шијшто составен дел е задолжителното ценакње како и сликањето на камили, симбол на "црниот" континент. Со оглед на тоа што веќе почнуваше да се стемнува, тргнавме назад кон бродот. Се опростивме од Тангер и тргнавме на пат за Малага до кои не делеја 90 наутички милји. Излетот на Малага беше закажан за во 8 часот наутро идниот ден. По вечерата тргнавме на уште една бродска авантура.
среда, 12.11.2008. – МАЛАГА (ШПАНИЈА)
Во МАЛАГА, родниот град на Пабло Пикасо, сместен на јужниот дел на Андалузија, пристигнавме во раните утрински часови. Појадувавме на брзина и тргнавме на излет со автобуси кон градот Нерја каде што во 1959 година беа откриени познатите пештери кои воедно беа и прогласени и најубавите пештери во Европа. Спротивно од заостанатото мислење за пештерите, температурата внатре изнесуваше изненадувачки 22 °C. Составена од 4 сали оваа пештера представува вистинско геолошко чудо. Последната сала наречена Sala del Cataclismo воедно е и најубавата соба. Долга е повеќе од 100 м, широка повеќе од 50 м, преполна со сталактити кои се спуштаат на висина од околу 30 м и воедно се и најдолгите сталактити воопшто откриени. Освен по пештерите, ова мало шпанско гратче познато е и по своите необични балкони, наречени "Balkon Europe" од каде што се овозможува прекрасен панорамски пејсаж. По кратко задржување, се вративме назад на пат за Малага затоа што според планот бродот требаше да исплови веќе околу 2 часот по полноќ. Пред нас беше долг пат. Од Малага до Civitavecchie не делеа 845 наутички милји, односно отприлика ден и пол пловење. Истиот ден попладне го минавме лежејќи на палубата, уживајќи во пријатната шпанска клима додека бродот испловуваше и ја оставаше Малага зад нас. Тој ден не очекуваше посебна гала вечер. Облечени во свечена вечерна тоалета, а мажите во костуми, за сите патници на бродот беше подготвено вистинско кулинарско шоу. Во текот на вечерта се пулсираше во ритамот на луксузот. Десертот особено беше вистинско изненадување. Во еден момент ресторанот се затемна. Една низа послужувачи носеа, еден зад друг неборено многу торти кои буквално гореа во нивните раце. Беше тоа вистински спектакл. По краткото представување на лицата бевеме поканети да земеме бели пацетки во рацете и сите заедно да замавнуваме во знак на одобрување и задоволство од услугата која ја добивавме сите овие дена. Секако дека сите со задоволство тоа и го направивме.
Со громогласен аплауз, гала вечерта се пресели на палубата 11 наречена buffet Magnifiqueu. На 15 минути по полноќ, сеуште сити од вечерата отидовме само да ги погледнеме послужените делиции. Но, кога го видовме тоа, не можевме да одолееме и моравме да пробаме барем од се по малку. Чинии преполни со различни видови колачи, маси полни со најразлични специјалитети… рај за очите и желудникот.
Ноќта беше млада, а денот од целодневна ексурзија беше пред нас. Добитна комбинација за луда ноќна забава до раните утрински часови.
четврток, 13.11.2008. – ЦЕЛОДНЕВНО ПЛОВЕЊЕ
Тој ден и покрај нашите планови морето имаше други замисли. Веднаш по појадокот бродот почна да се ниша повеќе од вообичаеното. Во бескрајното синило, се разбрануваше морето, се креваа брановите, дуваше ветер…
Вистинските морски волци уживаа во звукот и чувството кои го предизвикуваа нашиот брод. Сепак, поголемиот дел од нас не го делеше со нив тоа чувство. Морската болест не присили да се упатиме во кабините каде што го поминавме целиот ден и ноќ до наредниот до околу 5 часот наутро. Морето малку се смири кога минувавме меѓу Корзика и Сицилија.
Но, покрај тоа непријатно чувство, може да се каже дека на ова патување успеавме да доживееме аполутно се. Морето ни ги покажа сите свои лица.
Вистинските морепловци велат дека дури тогаш кога ќе ги почувствуваш и добрите и лошите страни од патувањето со брод, можеш да кажеш дека си доживеал се и така си станал нивни полноправен член.
петок, 14.11.2008. – РИМ (ИТАЛИЈА)
Пристигнувањето на пристаништето Civitavecchia со нетрпение го очекувавме. Со празни желудници од вчерашниот ден, тоа утро многу рано се упативме на појадок. На излет во Вечниот град Рим тргнавме во 10 часот утрото. Пред нас беше едноставно возење со автобус. Колосеумот, Фонтаната di Trevi, Forum Romanum, Pantheon, Piaza de Spagna, Анѓелската тврдина… Да, сето тоа и многу повеќе е Рим. Рим, живиот музеј, не воодушеви со својата богата историја која дише од неговите гради. Престолнина на светот, како што го нарекуваат Рим, според митот е основан од Ромул, синот на Реја Силвија и богот Марс. Според преданијата, градот е основан на 21 април 753 година пред Христос и е наречен според својот прв крал Ромул.
Во внатрешноста на Рим се наоѓа и најмалата држава на светот – Ватикан. Од некогаш моќната и голема папска држава, настана таа "мини државичка" позната како Ватикан. Со површина од 0,44 км² и со околу 800 жители, и во двете категории е најмала држава во светот. Името и доаѓа од лат. Mons Vaticanus, што значи Ватиканско крајбрежје. Виско над него се наоѓа Базиликата Св. Петар, воедно и највеличенствената црква во христијанскиот свет. Внатрешноста на Базиликата е долга 135 м, таванот е висок 44 м, а внатрешноста на куполата е 119 м. За својот денешен изглед на улицата, Св. Петар може да им се заблагодари на Берниниј, чијашто тенда се наоѓа во внатрешноста на Базиликата, над главниот олтар. Прекрасна градба со 284 столба и 88 носачи кои ја опкружуваат во своја единствена целина таа единствена улица ве остава едноставно без здив.
Потоа се упативме до Шпанските столбови. Седевме на нив и во тишината уживавме во погледот кој се простираше пред нас. Со паричка во рацете тргнавме потоа кон Фонатаната di Trevi. Според легендата, оној кој со десна рака ќе фрли паричка преку левото рамено сигурно повторно ќе се врати во Рим. Сите одлучно фрливме паричка за таа желба да ни се исполни.
Опиени од виденото, иако во девет часа успеавме да доживееме само дел од се она што го нуди Рим, тргнавме назад кон бродот. Во околу 9 часот вечерта бродот ги вклучи своите мотори. Тоа беше последна ноќ на бродот.
Таа вечер се собравме сите заедно, комплетното РСИ елитно семејство, за да меѓусебно ги поделиме своите импресии и радоста што бевем дел од ова величенствено патување. Г-ѓа Палаверзиќ, во знак на благодарност, на брачниот па Кучковечки имаше чест во име на менаџерите и вравботените од РСИ Канцелариите да им врачи прекрасна слика од Пабло Пикасо. Со громогласен аплауз и со насмевка на лицата, брачниот пар Кучковечки им се заблагодари на сите и им посака на сите среѓен пат до своите домови. До наредната авантура со РСИ…
сабота, 15.11.2008. – ЏЕНОВА (ИТАЛИЈА)
се што е убаво кратко трае. Така беше и овојпат. По изминатите 188 наутички милји, на пристаништето во Џенова стигнавме околу 9 часот наутро. По извршените процедури во текот на одјавата, започна и слегувањето од бродот. Следуваше и срдечна разделба и продолжување на патот кон своите домови.
И за крај…
Мал дел од се она што имавме можност да го видиме се обидовме да ви го представиме со пишани зборови и слики кои ќе оживеат на страниците на вашето и наше Инфо.

Сите вие кои бевте дел од ова величенствено патување ќе биде ова само капака во морето. Сликите кои ги носите во себе, импресиите и позитивната енергија е она што важи за секое Елитно патување со РСИ.

Драги РСИ-евци, со ветар во грбот храбро тргнете во остварување на уште поголеми цели чиишто остварувања богато се наградуваат.

Станете дел од уште една РСИ приказна без крај!

Останати записи

Newsletter

Пријави се

Анкета

Дали сте задоволни од новите Royal Cleaning средства за чистење?

Гласај     Резултати

Издвоено

КОРИСТЕТЕ ГИ ТИТАНИУМ САДОВИТЕ И УЖИВАЈТЕ ВО...
Растителниот крем шампон Орхидеја Ројал...
ПОТРЕБНО Е ДА СЕ БОРИТЕ ЗА УСПЕХ
Во РСИ, КАДЕ ШТО МИ Е И МЕСТОТО, СЕ ПРОНАЈДОВ...