петок, 10.02.2012
Почетна I Мапа на страната

ТОП 10 ПРОИЗВОДИ

Коњски балзам
РСИ Титаниум тава Ø 28
Крпа за прозорци
Крпа за автомобил
Кристален камен
Млечна маст со екстракт од невен 250
Млечна маст со масло од чајно дрво
Таблети (пастили) со АЛОЕ ВЕРА и витамин Е
Капсули со Б- копмлекс витамини 120
Капсули со лососово масло -220
 

РСИ Инфо 120

ГЛЕДАЈТЕ ГО СВЕТОТ ПРЕКУ ОЧИТЕ НА ДЕТЕТО
О тркалезен, о шарен, о голем свету... колку е убаво да се биде дете!
Дали некогаш сте размислувале и сте го споредувале оној возрасниот и оној помалку возрасниот детски свет. Прочитав и запишав:
Човекот брза и троши, детето игра и ужива.
Возрасните, животот ги направил сериозни, а детето го развеселил.
Луѓето создаваат и на зрелоста им даваат сериозен тон на животот. Детето е отелотворена радост, трето чудо.
Возрасните паметат,детето сонува.
Големите градат, децата уживаат.
Големите се караат, децата со песна се мират и на другите им носат мир.
зборовите на возрасните се мудри и тешки, детскиот говор е едноставен и убав.
Возрасните се докажуваат и закануваат, детето се смее и освојува.

Во секој од нас сигурно понекогаш се појавува желба за враќање кон она што сме го загинале по патот на растење. Сме ставиле оклопи на возрасни, животот ни наметнал сурови игри во кои насмевката стана губење време, а детската игра губење време. Би сакале друга зрелост. Го сонуваме изгубеното детство и додека ги пребројуваме успесите и бројките на својата зрела доба, детето во нас сака друг живот. Безгрижен и обоен во боите на детството.
Се лутиме на животот, сакајќи да го заплашиме, а тој нас ни одговара со иста мера.
Децата со својот отворен поглед знаат да живеат и животот да го претворат во бајка. Колку пати сте посакале, барем понекогаш, едно попладне или вечер, да бидете како нив. Весели, безгрижни, разиграни, палави...
Често посакуваме да ги сокриме своите скапи играчки и некоректно ни наметнуваат правила кои не можеме да ги пратиме. Посакуваме некој да ни раскажи убава приказна за добар сон и наместо будилници да не разбуди гласот и допирот на некој кој не сака. Стандардите ни пораснаа,желбите се намножиле и нашата незаситеност станува ponor кој не можеме да го спречиме.
Да посакаме тогаш детски очи за да подобро го видиме светот и едноставноста на детето – за да подобро го разбереме животот.
Тоа не значи да бегаме од одговорностите во својата деловна работа, но да се опуштиме понекогаш.
Почесто да се трудиме да се вратиме во сопственото детство. Тоа повторно ќе продолжи во нашата сериозна возраст. Ккао поклон и богатство. Ќе бидеме покреативни и поотворени во светот на возрасните.
Додека ги учиме децата на животот, додека се тресиме над нивните судбини, и додека сакаме да ги зграбиме со сигурност и љубов, да не забораваме и самите заслужено да го примиме поклонот кои тие ни го овозможуваат. Да учиме од нив.
Нека среќата на децата и нас ни врати барем трошка од изгубеното детсво кое го сонуваме. Детето не може да памти зло, во неговото срце има место само за радост. На детското лице истовремено зрачат и солзите и смеата. Детето се доживува како поклон и се радува на ситници. Тоа се најубави поклони кои ни ги даваат децата. Можеме ли да ги прифатиме и да пронајдеме важно место за нив во купот на беспотребен и отровен товар кој го влечкаме зад себе?
Да се обидеме! Милсма дека би требало. Да не бидеме детинасти, но да бидеме деца, барем малку, секојдневно малку повеќе. Се исплаќа!
Пријатно читање и добра забава со страниците на нашето и ваше списание, а до декември и нашето ново издание... секој ден, секој момент грижете се за себе и секако едни за други.
Вашата Уредничка
Весна Илиќ

Останати записи

Документи

Newsletter

Пријави се

Анкета

Дали сте задоволни од новите Royal Cleaning средства за чистење?

Гласај     Резултати

Издвоено

КОРИСТЕТЕ ГИ ТИТАНИУМ САДОВИТЕ И УЖИВАЈТЕ ВО...
Растителниот крем шампон Орхидеја Ројал...
ПОТРЕБНО Е ДА СЕ БОРИТЕ ЗА УСПЕХ
Во РСИ, КАДЕ ШТО МИ Е И МЕСТОТО, СЕ ПРОНАЈДОВ...