ТОП 10 ПРОИЗВОДИ
Коњски балзам
РСИ Титаниум тава Ø 28
Крпа за прозорци
Крпа за автомобил
Кристален камен
Млечна маст со екстракт од невен 250
Млечна маст со масло од чајно дрво
Таблети (пастили) со АЛОЕ ВЕРА и витамин Е
Капсули со Б- копмлекс витамини 120
Капсули со лососово масло -220
|
|
|
|
РСИ Инфо 119
| ОТПУШТЕТЕ ГИ КОЧНИЦИТЕ И ОСТВАРЕТЕ ГИ СВОИТЕ СОНИШТА |
| За остварување на соништата и целите потребно е малку, само е чудно што тоа малку често ни недостига! |
| Ме воодушевува фактот, како понекогаш, кога сме сигурни во своите цели и кога знаеме точно и како можеме да ги оствариме , некако тоа не ни оди од рака. Едноставно, околностите не спречуваат да го постигнеме она што го сакаме. Никогаш да бидеме на вистинското место во вистинското време. Колку и да се трудиме, секогаш нешто трнува на лошо, го поништува сиот наш труд и не враќа на почетокот. Дали некогаш ви се случило такво нешто? Мене безброј пати. Во тави ситуации најчесто се опкружуваме со околности кои не ни овозможуваат да ги оствариме своите сништа и цели. Во главата создаваме чувтство на беспомошност и причините за проблемот ги бараме во се и сешто, секако освен во самите себе, затоа што навистина вложуваме многу и даваме се од себе. Нјчесто помислуваме дека проблемот може да се реши само ако се оддалечиме од ситуацијата, особата или рабоатат која не блокира. Но, да бидеме реални кон себе. Дали секогаш е тоа така? |
| Научив – причините за неуспех побарај ги во себе! Иако сакам да успеам, понекогаш се спречувам самата себеси. Звучи парадоксално, но често наоѓаме многу причини поради кои самите себеси се кочиме. Постои можност да се плашиме од успехот па подсвесно создаваме околности кои ќе не спречуваат. Друга можност е да не сме сигурни дека поставената цел е навистина добра за наспа самите ги правиме остварувањата на целите потешки отколку што навистина се. Затоа, старата поговорка вели – внимавај што посакуваш, може и да ти се случи... Или можеби едноставно, на проблемите им пристапуваме секогаш на ист начин, кој секогаш дава исти резултати. |
| Постојат уште внатрешни кочници со кои често се соочуваме. Понекогаш, кога точно знаеме што сакаме, наместо да напредуваме, остануваме наместо, незадоволни. Нашите желби не се неостварливи, туку самите го блокираме нивното остварување. Тоа често се: стремеж за совршенство, страв од неуспех и размислување – подобро да не дејствувам, отколку да се разочарам. Доволна е само една причина и засекогаш да тапкаме в место. |
Стремеж кон совршенство – перфекционистите често имаат совршени идеи, но поради својата скоро опседнатост со совршенство, тешко ги остваруваат. Тие тешко се одлучуваат да го спроведат својот план затоа го разделуваат на најстини детали, па потоа чекаат совршени услови. Никогаш нема да ги дочекаат. Затоа што совршенство не постои.
|
| Страв од неуспех – никогаш нема да бидете сигурни дека ќе успеете, но во тоа никој не може да биде сигурен. Опуштете се и прифатете да ризикувате нешто поради можна добивка. Ситуација во која успехот е загарантиран нема никогаш да се појави. |
| Подобро да не дејствувате, отколку да се разочарате – стравот од разочарување се појавува често, па се одлучуваме за недејствување и мирување за да го избегнеме разочарувањето. Погрешно! Да го смениме размислувањето – или ќе добијам или ќе останам на место. Во многу ситуации и не постои вистинска можност за пораз. |
| Кога ќе помислите дека вие сте пречка за остварување на целите, земете лист и пенкало и запишете се што мислите дека ве кочи. Запишете ги сите погрешни одлуки кои сте ги донесле и стравови кои ве навеле на такви одлуки. Запишете ја секоја мисла или чувство која се појавува. Немојте премногу да се обвинувате за изборот кој предходно сте го направиле. Запомнете, нашите одлуки секогаш ни служат нам, се додека не одлучиме да ги промениме. Кога ќе завршите, фрлете ја хартијата, а со неа и сите пречки кои сами сте ги наметнале. |
| Потоа завртете нова страница. Повторно почнете од почеток во остварување на целите и своите соништа. Стравовите и сомнежите секогаш ќе се појавуваат, но со нов пристап ќе ја спречите појавата на нови подсвесни блокади и кочници. |
Опуштете се и препуштете се. Живејте ги вашите сонови!
Кога ќе се ослободите од делот на вашата сомнителна страна, делот во вас кој одсекогаш сакал да успее сега има можност тоа и да го направи. Дозволете му...
|
| Пријатно читање и добра забава со страниците на нашето и ваше списание, а до ноември и нашето ново издание... секој ден, секој момент грижете се за себе и секако едни за други. |
|
 |
Останати записи
|
 |
 |
Документи
|
 |
|
|
Издвоено
КОРИСТЕТЕ ГИ ТИТАНИУМ САДОВИТЕ И УЖИВАЈТЕ ВО...
Растителниот крем шампон Орхидеја Ројал...
ПОТРЕБНО Е ДА СЕ БОРИТЕ ЗА УСПЕХ
Во РСИ, КАДЕ ШТО МИ Е И МЕСТОТО, СЕ ПРОНАЈДОВ...
|
|
|
|