вторник, 07.02.2012
Почетна I Мапа на страната

ТОП 10 ПРОИЗВОДИ

Коњски балзам
РСИ Титаниум тава Ø 28
Крпа за прозорци
Крпа за автомобил
Кристален камен
Млечна маст со екстракт од невен 250
Млечна маст со масло од чајно дрво
Таблети (пастили) со АЛОЕ ВЕРА и витамин Е
Капсули со Б- копмлекс витамини 120
Капсули со лососово масло -220
 

ЦРНА ГОРА - РСИ ПАТУВАЊЕ

***
***
***
***
Веќе трета година со ред РСИ своите вредни менаџери кои ги остварија поставените цели т.е. одредено зголемување на прометот ги води на наградно патување во некои од РСИ земјите. Така и оваа година најдобрите од најдобрите покрај особено вредните награди имаа можност да ја посетат Црна Гора во периодот од 17.05-23.05.2008. За сите вие кои поминавте прекрасни седум дена во оваа мала медитеранска земја со големо срце ова патување во писмена форма ќе ви послужи како еден вид н потсетник на виденото и доживеаното, а за сите останати се надеваме како допоплнителна мотивација наредната година да ни се придружите и во добро дружтво на РСИ да посетите некоја од наредните дестинации.
ЦРНА ГОРА – МАЛА ЗЕМЈА СО ГОЛЕМИ ЛУЃЕ И УШТЕ ПОГОЛЕМИ СРЦА
Црна Гора прв пат се споменува во 1276 година во повелбата на крал Милутин. Се мисли дека западноевропското име Монтенегро, по кое и е позната, го добила по многу густите шуми кои ја прекривале планината Ловќен и подрачјето околу неа. Шумите биле толку темни, што оставаа впечаток на "црна" гора.
Подрачјето на Црна Гора се протега на 13.812 m², а главен град е Подгорица. На север се граничи со Србија, на исток со Косово, на југоисток со Албанија, на запад со Босна и Херцеговина, а на крајниот југозапад со Хрватска. Поради нејзината разноликост ја нарекуваат земја со шест континенти т.е. земја со 6 лица. Море, езера, високи планини и кањони – сето тоа го нуди малата медитеранска држава со само 650 000 жители. Иако станува збор за релативно мал пазар, формирањето на Канцеларијата во Црна Гора даде нов импулс во развојот на работата. Континуираната работа на терен резултираше со стабилен развој и раст на подолг период. РСИ Црна Гора денес има најдобра покриеност на пазарот со мрежни соработници, а бележи најголем промет по жител.
Ова се само некои од основните информации за земјата која освојува на прв поглед со својот шарм, топлина која зраши од нејзините жители како и од секоја бора настаната во текот на долгата и богата историја.
Драги РСИ-евци, учесници на патувањето "Да ги посетиме РСИ земјите" и сите вие кои понатаму ќе станете, да запознаеме и да се присетиме на барем мал дел од се она што ни го овозможи Црна Гора во овие незаборавни седум дена!
ПЕТОК, 16.05.2008.
Патувањето за турската група започна во четврток на 15.05. Од Загреб тргнаа кон крајната дестинација. Хотел Медитеран со 4 ѕвезди, во местото Бечичи – хотелска населба со плажа долга 2 000 м, која е и воедно прогласена за најубава плажа на Медитеранот од страна на париските експерти во 1935 година, како добар доамќин со широко отворени раце ги дочека гостите уморни од патот. Хотелскиот комплекс Бечичи се наоѓа на 2 км јужно од Будва, на самиот брег на морето. Денот повеќе во однос на останатие учесници на ова патување, турците го искористија одмор, прошетка, како и разгледување на Бечичи и градот Будва. Тој ден во вечерните часови во хотелот пристигна екипата од Канцеларијата РСИ Загреб заедно со брачниот пар Кучковечки. По вечерата и малиот замор од патувањето се упативме во собите за да се одмориме и да собереме сили за деновите кои следуваат.
САБОТА, 17.05.2008.
Додека во текот на денот пристигнуваа останатите учесници на ова патување од Бугарија, Србија, Македонија, Хрватска, Унгарија и Словенија, за турските менаџери по богатиот доручек беше организирана целодневна посета на Дубровник – средновековен град на хрватскиот дел на Јадранскиот брег познат како ризница на културно историските споменици настанати во текот илјадагодишниот период на неговото постоење. Градот Дубровник изграден е морсиот гребен од стрмната страна на ридчето Срџ. Во минатото беше Град-Република и со Венеција еден од најпознатите културно-историски средишта на Медитеранот. Во поновата историја станува средиште на современите на културни и туристички настани: град на летниот фестивал, градот на музеј и галерија. Дубровник е град со единствена политичка и културна историја како и светски познатата споменичко богатсво и убавина. Во Дубровник не пречекаа хрватските менаџери г-ѓа Елизабета Путица и г-ѓа Стана Лимов и на тој начин ни изразија срдечно добредојде во нивниот град. Пред разгледувањето на градот и неговите знаменитости беше организиран ручек во еден од најдобрите градски ресторани "Локарда". Традиционалните хрватски морски специјалитети не привлекуваа со нивниот мирис и вкус, а доброто вино дополнително ја зачини и онака топлата атмосфера која владееше. По обилниот ручек се упативме на разгледување на градот со придружба на туристичкиот водич од кој имавме можност да слушнеме интересни приказни за богатата дубровничка историја и да видиме бројни знаменитости по кој е познат Дубровник во сите делови во светот, како ѕидините на стариот град, најпознатата добровачка улица Страдун, Кнежев двор, црквата Св. Влах, катедралата… и да се доживее вистинската слика на градот. Полека, но сигурно се приближи времето за враќање во хотелот каде што во вечерните часови беше организиран коктел за добредојде за сите учесници на ова прекрасно патување кое само што започна. Со добро друштво и коктел времето брзо минува, па така беше и овој пат. По вечерта сите се упативме на одмор за да бидеме спремни и одморени за утрешните активности што не чекаат.
НЕДЕЛА, 18.05.2008.
По доручекот тој ден тргнавме на пат за Херцег Нови во посета на РСИ Канцеларијата во Црна Гора која започна со работа во 1996 година во рамките на Канцеларијата Србија и Црна Гора. Во текот на 2004 година во Херцег Нови беше формирана Канцеларија РСИ, која се до летото 2007 година се наоѓаше во простории под заем на адреса улица Бранко Ќопиќ 1б, но потоа преминаа во нови, атрактивно опремен сопствен простор на Земунска улица 28a. На доаѓање не пречека многу пријатно изненадување. Во организација на домаќинот на овогодинешното патување Да ги посетиме РСИ земјите на самиот влез во просториите не пречекаа мажуретки делејќи свежи смокви. Директорката на Канцеларијата РСИ Црна Гора г-ѓа Данијела Роца, вработените на Канцеларијата, бројните менаџери како и РСИ соработниците ни посакаа топло добредојде со добро подготвена богата закуска. Трпезата обилуваше со најразлични специјалитети подготвени од страна на Канцеларијата како и менаџери и соработници на РСИ Црна Гора. Како спомен од Црна Гора секој доби мало бротче кој симболизира патување, додека претставниците од Канцеларијата на сите земји учесници на ова патување добија поклон светилник кој би требало малите бротчиња да ги води на прав пат и ќе им биде светло кое ќе свети во мракот. Во име на турските менаџери г-ин Ценгиз Арин на Канцеларијата Црна Гора му врачи прекрасна чинија за заблагодарувајќи се притоа за гостопримството како и за топлиот дочек. На честитките и поздравите им се придружи и брачниот пар Кучковечки кој ги поздрави сите присутни и им посака уште едно добредојде, пријатен престој во Црна Гора и убаво време. По краткото разгледување на Канцеларијата, закуската и фотографирањето, тргнавме понатаму. Следуваше и посета на стариот град Херцег Нови, град познат по традиционалното одржување на манифестацијата под назив "Празникот на мимозата". Градот на сонцето и зеленилото се гордее со дури преку 200 сончеви дена годишно со просечна температура од преку 20 степени. Иако е основан од пред 600 години и денес го красат тврдини од турскиот, венецијанскиот, шпанскиот и австрискиот период. По разгледувањето на градот, малку слободното време кое го искористивме за да пиеме кафе во некое кафуле во близина и потоа следуваше враќање во хотелот на вечера.
ПОНЕДЕЛНИК, 19.05.2008.
Тој ден веднаш по појадокот рано трнавме на излет под назив Монтенегро тура. Со автобус тргнавме кон селото Његуши, место познато по прекрасната домашна пршута, првокласиот кашкавал и медовачи. Свежиот планински воздух на недопрената природа ни отвори апетит и уживавме во домашните специјалитети. По краткото задржување моравме да продолжиме понатаму до националниот парк Ловќен, до Његошовиот мавзолеј сместен на Езерскиот врв, еден од двете највисоки точки на Ловќен. Планината Ловќен воедно е и симбол на Црна Гора и нејзината вечна борба за слобода и опстанок, а нејзините падини се спуштат на југ до морето, а на север на Цетинско поле. Овој крај претсавува колевка на црногорската државност и црногорската династија Петровичи, која потекнува од мирно ловќенско село Његуши. Додека со автобуси се искачувавме кон мавзолејот кој се наоѓа на надморска висина од 1660 метри, погледот ни беше насочен кон Бокакоторскиот залив. Кога ситгнавме до крајната точка до која може да се оди со автобус, следуваше онаа малку потешка задача. Требаше да се качиме точно на 461 скала која води до црногорскиот Олимп, коешто често го нарекуваат т.н. мавзолеј изграден во чест на најславниот црногорски писател и владетел Петар II Петровиќ – Његош. Монументалноста на музејот и погледот кој се овозможува на врвот на Бока Которска, Скадарско езеро и Цетиње, го оправдуваа овој зафат. И така, скала по скала, РСИ-евци освоија уште еден врв. Мавзолејот, дело од кипарот Иван Мештровиќ граден беше во времето од 1969-1974 и за неговата изградба беа истрошени неколку тони камен. Во самото предворје на мавзолејот стојат две извајани женски црногорски скулптури тешки по 7,5 тона како и бунар со извајана круна. Во капелата изградена од темнозелен камен се наоѓа Његошовата гранитна фигура тешка 28 тони, а над него стои орел со раширени крилја. За таванот да биде достоен за великанот кој под него почива, на него епотроено 18 килограми злато кое е распрскано во 27 000 зрна. По Ловќен и Његошовиот мавзолеј тргнавме на прошетка низ градот Цетиње, некогашната престолнина на Црна Гора, кој поседува на величенствени музеи кои ги чуваат предметите од тоа време. Овој пат имавме можност да посетиме една од многубројните музеи и барем за момент да се вратиме во минатото.
По посетата на градот Цетиње со автобус се упативме кон Подгорица. Иако главниот, а воедно и најголемиот град на Црна Гора имавме можност да го погледаме само возејќи се низ него, го видовме мостотот Милениум, кој стана заштитен знак на овој град. Без застанување тргнавме напред кон новата дестинација – Плавници т.е. Скадарското езеро кое со површина од 370 до 530 км², во зависност од нивото на водата, претставува најголемо езеро на Балканот. На Црна Гора и припаѓаат 2/3 од езерото, додека 1/3 од езерото се наоѓа на територијата на Република Албанија. Црногорскиот дел од 1983 година прогласен е за Национален парк. Скадарското езеро е птичји рај за дури 264 видови птици, од кои многу од нив се загрозени и ретку, а во него својот дом го пронајдоја и 35 видови на риби. Во модерно изграденото летувалиште во состав со туристичкоит комплекс беше организиран богат ручек. Со поглед кон езерото уживавме во бројните вкусови кои пристигнуваа на масата. Оваа многу позитивна и пријатна атмосфера ја искористи и г-ѓа Исин Арин да ги почести сите присутни со торта и пијалок и така да прослави 5 години отако е член на РСИ семејството. Од срце сите и честитавме на г-ѓа Арин, а особено горд на неа беше нејзиниот сопруг г-ин Ценгиз Арин кој честитајќи и на сопругата се присети на денот кога РСИ влезе во нивниот дом преку мала крпа под микровлакна со која ко избришаа прозорецот и забележаа дека е почист од секогаш. Во прекрасна атмосфера се приближи и крајот на уште еден ден и дојде време за враќање во хотелот. Следуваше вечера и потоа сите отидовме во собите на спиење.
ВТОРНИК, 20.05.2008.
Иако сите овие денови времето ни одеше од рака, во вторник не разбуди лесен дожд. Но тоа не ги промени нашите планови за тој ден со оглед дека беше слободен. Многумина го искористија за да останат во собите в кревет, покасно доручкуваа и уживаа во богатите содржини кои ни ги овозможи хотелот. Од 2 големи затворени базени со whirpoolom, велнес центри, аква парк… секој пронајде по нешто за себе. Додека некои го поминаа денот одмарајќи се и уживајќи, другите претпладнето го поминаа работно. Така и турската група тој ден изработи работен состанок во состав со г-ин Јурај Кучковечки и г-ин И. Беламариќ кадешто се расправаше за актуелни теми и евентуални проблеми. Во поладневните часови сонцето ги победи облаците и го искористивме овој дар за да прошетаме по Бечичката плажа и да пиеме кафе покрај море. Опуштени и одморени го дочекавме крајот на уште еден ден.
СРЕДА, 21.05.2008.
Тоа утро сонцето одвај се провираше низ облаците. Со оглед на тоа дека тој ден беше предвиден за тура по Бока Которска, на малкумина од нас им беше страв дали ќе не послужи времето. Додека се возевме со автобусот кон градот Тиват, каде што требаше да се качиме на училишниот брод Јадран долги дури 60 метри и да тргнеме во прошетка на Бокакоторскиот залив, г-ѓа Габријела Кучковечки рече со сигурност дека ќе светни сонцето. Додека сите со неверност ги слушаа нејзините зборови, таа беше сигурна во тоа. Се качивме на брод и тргнавме. Веднаш потоа блесна сонцето и ниту еден ден дотогаш немаше така прекрасно време како тој ден. Малата, но весела група на РСИ-евци ја исполни палубата на училишниот брод на училишната морнарица на кој веќе седум децении обучувајќи ги маринците и стекнувајќи поморски знаења неопходни за служба на војните бродови. Бродот Јадран е изграден во Хамбург, а запловен е во море далечната 1931 година. 1933 година едрењакот Јадран заплови во Тиват кој се наоѓа на централниот дел во Бокакоторскиот залив. По четири часа пловење застанавме на Тиват и трганвме на пат кон градот Котор на ручек во ресторанот Елас, каде што уште еднаш опиени од сонцето и свежиот воздух уживавме во бројните специјалитети од морето и добра чашка вино. За крај се засладивме со торта и потоа кренавме понатаму. Пред бароконото гратче Перастон се качивме на малото туристичко бротче и трганвме кон островот со црквичка изградена во чест на Богородица од Шкрпјела, по кој што и самиот остров го доби името. Островот е настанат вештачки, со потопување на камења и стари едрењаци околу природните карпи – шкрпјела, како ветена творба на перашките морнари во чест на Богородица. На островот се наоѓа и богатата збирка на археолошки пронајдоци, сликарски портрети од бродови…. Кои имавме можност да ги видиме. По Богродица од Шкрпјела, се упатувме кон градот Котор кој е сместен во прекрасниот Которски залив. Котор е град со исклучива вредност и со сигурност најпознатата црногорска културна дестинација. Репрезентативниот споменик на романската архитектура претставува которска катедрала на свети Трифун од 12 век. По разгледувањето на катедралата и Поморскиот музеј она малку слободно време кое го имавме до враќањето во хотелот го искористивме за одмор за да пиеме кафе на главната Которска улица.
ЧЕТВРТОК, 22.05.2008.

Четвртокот беше резервиран за излет во Дубровник и за сите оние кои имаа волја да одат и кои немаа можност да го видат тој прекрасен град. Со оглед на тоа дека турската груап имаше можност да го посети Дубровник во сабота, за излетот се одлучија поголемиот број на менаџери од од останатите земји. Додека тие го разгледуваа Дубровник и уживаа во неговите приказни, турската група во споствена организација прошета во Будва во слободниот ден. Таа вечер во хотелот беше организирана и свечена вечера со музика, како шлаг на ова патување. Околу осум сатот вечерта се собравме во ресторанот од хотелот во свечена вечерна гардероба за да на тој начин како и доликува да прославиме и ставиме печат на РСИ од овие седум дена кои долго ќе ги памтиме. Со песни и игри како и со маса полна специјалитети го дочекавме наредниот ден. Голема благодарност до организаторите на ова случување, особено до г-ѓа Роца и вработените во Канцеларијата во Црна Гора упатија претсавниците од Канцелариите на сите земји учеснички врачувајќи им притоа симболични поклони.
ПЕТОК, 23.05.2008.
Се што е убаво кратко трае. Така беше и овој пат. Опиени од импресиите од Црна Гора кои ги доживеавме во едно потполно ново светло во овие седум дена, тргнавме кон своите домови.
И ЗА КРАЈ,

Ова е само мал, незначаен дел од она што имавме можност да го доживееме и да го понесеме со нас дома. Исполнети со позитивна енергија која зрачи во Црна Гора одиме напред во нови работни победи. Ќе го завршам овој текст со зборовите од легендарниот Бернардо Шоу. Воодушевен од погледот од планината Ловќен извика: "Дали сум во рајот?"
Драги РСИ-евци се гледаме на наредното патување на една од дестинациите кои чекаат само на вас, а до тогаш следете ги вашите зацртани цели и храбро тргнете таму каде што се сонуваат соништата, а оние остварените богато се наградуваат.


Останати записи

Newsletter

Пријави се

Анкета

Дали сте задоволни од новите Royal Cleaning средства за чистење?

Гласај     Резултати

Издвоено

КОРИСТЕТЕ ГИ ТИТАНИУМ САДОВИТЕ И УЖИВАЈТЕ ВО...
Растителниот крем шампон Орхидеја Ројал...
ПОТРЕБНО Е ДА СЕ БОРИТЕ ЗА УСПЕХ
Во РСИ, КАДЕ ШТО МИ Е И МЕСТОТО, СЕ ПРОНАЈДОВ...