ТОП 10 ПРОИЗВОДИ
Коњски балзам
РСИ Титаниум тава Ø 28
Крпа за прозорци
Крпа за автомобил
Кристален камен
Млечна маст со екстракт од невен 250
Млечна маст со масло од чајно дрво
Таблети (пастили) со АЛОЕ ВЕРА и витамин Е
Капсули со Б- копмлекс витамини 120
Капсули со лососово масло -220
|
|
|
|
РСИ Инфо 118
| Тешко е да се разбере како себе си да се ставите на прво место, а таа позиција на животното скалило да не се доживува како себичност и егоцентричност. |
Често се сретнувам со луѓе кои поголемиот живот го поминале правејќи работи заради другите луѓе. Поради родителите, роднините, партенорт, децата, околината...Доклку се препознаете во нив, запрашајте се каде се вашите желби, потреби, соништа... на кое место сте се сместиле во сопствениот живот.
"Да се биде сам за себе прв" од искуство знам, мномумина го поистоветуваат со "многу ми е гајле за тебе". На многумина тоа им звучи грозно, себично, егоцентрично и на тој начин, по некое непишано внатрешно морално правило не смее да се размислува. Не иучат дека е убаво, етички и пристојно дека на прво место е секогаш некој друг – родителите, партенорт, пријателот. Некој важен, некој низ кои очи се гледаме себе и ги набљудуваме своите квалитети. Но, тоа е многу лизгаво подрачје затоа што проблемот настанува кога тој води кон губење на себеси. Исполнувањето на туѓи тела, потребата и очекувањата водат до не забележување на на сопствените желби, цели и чувства.
|
| Многу книги од современета психологија за самопомогнување и посреќен живот се полни со совети кои гласат "посветете се на себе" или "сакајте се себеси" или "бидете самите себе на прво место"...Колку и да ви звучи едноставно, тоа не е нештошто може само туку така да се научи и примени. Тоа чувство треба да биде во нас. Тешко е да го спроведи во праксата некој кој чувствува дека "тоа не му е во природата". Вкоренетото во нас не можме да го промениме преку ноќ, но потребно е да бидеме упорни и доследни во пронаоѓањето на вистинското јас. |
Нe учат дека убавото однесување, она којашто цел е помагање на другите во кое не се очекува некаков вид на награда од другите. И тоа е во ред. Помогнуваме ако можеме без очекувања. Таквото однесување се опишува како "несебично" затоа што интересите на другите се ставени над интересите на помагачот и често потребно е одредено жртвување или одрекување. Тешко е да се одреди границата, па често таквата ситуација може да стане и нездрава.
Чувството дека правиме се за другите притоа занемарувајќи се себеси представува лажна слика за себе, лажно јас кое е секогаш добро и пожртвовано. Да се изрази лутината или да се донесе одлука која би можела да доведе до конфликт или отфрлување не доаѓа во предвид. За жал, на многумина тоа им е избор.
|
Во таквото постојано попуштање и намалување на сопствената сила и упорното игнорирање на себеси, нема баш многу напредок.
Кога ќе почнете да се ставате себеси на прво место, но не од детска позиција (јас, јас, јас... и друг никој...) во која се очекува други да ги задоволуваат вашите желби и потреби, од позиција на возрасна особа која најдобро знае какви постапки и какви одлуки можат да ја пресретнат, ставањето себеси на прво место станува избор на задоволство.
Тука престанува откажувањето од себе поради другите и почнува вреднувањето на сопствените чувства, мисли и постапки, што ќе ве направи вас способни да бидете присутни, живи и силни, како за себе, така и за другите.
|
| Најдобра мерка за една таква здрава ориенталност на себе е внатрешниот мир. Тоа е приоритет. Број еден, темел на се. Кога на прво место ни е сопствениот мир и задоволството, тогаш можеме да кажеме дека имаме свој внатрешен компас. Со еден така нежен инструмент во себе немаме потреба наместо нас да одлучуваат други, ниту пак да не подучуваат за тоа "какви треба да бидеме". Кога како приоритет ни е внатрешниот мир, во состојба сме однесувањето – како своето, така и туѓото –да го согледуваме многу појасно. |
Променете го аголот на гледање затоа што вие сте единствени и ненеповторливи. Предодредени сте да помогнете кога можете, а не постојано да се жртвувате.
Бидете сами себеси први - затоа што, кој ако не ВИЕ - сами ЗА СЕБЕ! |
| Пријатно читање и добра забава со страниците на нашето и ваше списание, а до октомври и нашето ново издание... секој ден, секој момент грижете се за себе и секако едни за други. |
|
 |
Останати записи
|
 |
 |
Документи
|
 |
|
|
Издвоено
КОРИСТЕТЕ ГИ ТИТАНИУМ САДОВИТЕ И УЖИВАЈТЕ ВО...
Растителниот крем шампон Орхидеја Ројал...
ПОТРЕБНО Е ДА СЕ БОРИТЕ ЗА УСПЕХ
Во РСИ, КАДЕ ШТО МИ Е И МЕСТОТО, СЕ ПРОНАЈДОВ...
|
|
|
|