ТОП 10 ПРОИЗВОДИ
Коњски балзам
РСИ Титаниум тава Ø 28
Крпа за прозорци
Крпа за автомобил
Кристален камен
Млечна маст со екстракт од невен 250
Млечна маст со масло од чајно дрво
Таблети (пастили) со АЛОЕ ВЕРА и витамин Е
Капсули со Б- копмлекс витамини 120
Капсули со лососово масло -220
|
|
|
|
РСИ Инфо 117
 *** |
| НАТПРЕВАРУВАЊАТА – ДВИГАТЕЛ НА УСПЕХОТ |
 *** Живееме во свет на секојдневно натпреварување и издигнување. Надворешна цел е да се победи другиот, а внатрешна цел е да се победиме себеси. Тоа би значело – да се остане воодушевен од вештината и силата на оние кои се покажаа подобри. |
| Достигнувања, напредок, предизвици, успеси и неуспеси. Живееме во свет на натпреварувања. Секојдневно, пред нас е ставен по некој натпреварувачки предизвик. На работа, во семејството, друштвото... Не смее да се каже дека натпреварувањето треба да престане. Натпреварувањето поттикнува и мотивира на движење напред. |
Често во натпреварувањето не тргнуваме со рамноправни ставови, туку се стремиме ан одмерување на силите. И натпреварувањето и споредувањето се дел од човечката природа, иако знаеме дека се единствени, затоа што не постои уште едно лице со исти карактеристики, многупати сакаме да се споредуваме со другите.
Споредувањето станува начин на проценка на квалитетот кој го имаме. Ги истакнуваме особините кои повеќе ги поседуваме од другите или пак оние особини кои тие ги сакаат. Но, се споредуваме и со оние кои се подобри од нас за да го процениме патот до напредувањето.
|
Поучена од искуството, можам да речам, дека споредувањето треба да се донесе на најмало ниво или потполно да се отфрли. Запомнете, никој не е еднаков со нас, што значи дека сме всушност неспоредливи. И потребни и сме сите на оваа планета, такви какви што сме со своите доблести и мани.
Познато е дека полесное да гледате во другите отколку во себе. Полесно е да направите процена на другите отколку на самите себе си. Тешко е да ги препознаете своите квалитети и да ја препознаете вашата основна цел. Всушност, потребно е повеќе храброст за насочување на погледот на себе, како и мерење ан сопствените квалитети или испитување на сопствените потенцијали.
|
Натпреварувањето би требало да се „присвои“. Внатрешната страна на натпреварувањето е нешто друго, а целта е сосема друга. Додека надворешниот цел е да се победи другиот, надворешната е да се победи себеси. Тоа би значело – да се стане воодушевен со вештината и силата на оние кои се покажаа подобри.
Научив дека секој од нас има посебен дар и секој е на земјата поради некоја многу битна причина. Секој има своја животна цел кој треба да ја исполни, а со таа цел доаѓаат и лекции кои мора да се научат како и околности низ кои мора да поминеме.
|
Наместо споредување, треба да се прифатиме себеси, да ги цениме талентите и квалитетите кои ги има секој од нас. Битно е да се сфати дека секоја личност оди по својот пат, понекогаш нашите патишта се вкрстуваат, испреплетуваат, но никогаш не постои еден исти пат.
Со слушањето и разбирањето на себеси, со своите потреби и таленти ќе се извлечи она најдоброто од нас. Безначајното споредување може само да не забави на патот кон оставрувањето на нашите потреби и цели. Со споредувањето се троши енергија за она што всушност и не е важно наместо за она поради што сте тука.
|
| Основна мотивација на натпреварувањето е општо подобрување, а особен триумф. Со самото тоа, натпреварувањето престанува да биде натпреварување и станува соработка. |
Затоа, секогаш ирајте fair play, а секој успех и неуспех
рачунајте го како своја животна добивка. |
| Приајтно читање и добра забава со страниците на вашиот и наш весник. Со оглед на тоа дека во рацете го држите ЛЕТНИОТ ДВОБРОЈ ви посакуваме пријатен и исполнет одмор, како и полно освежувачки летни бодови, а до СЕПТЕМВРИ и есенското 118 изание – секој ден, секој момент, грижете се за себе и секако едни за други. |
|
 |
Останати записи
|
 |
 |
Документи
|
 |
|
|
Издвоено
КОРИСТЕТЕ ГИ ТИТАНИУМ САДОВИТЕ И УЖИВАЈТЕ ВО...
Растителниот крем шампон Орхидеја Ројал...
ПОТРЕБНО Е ДА СЕ БОРИТЕ ЗА УСПЕХ
Во РСИ, КАДЕ ШТО МИ Е И МЕСТОТО, СЕ ПРОНАЈДОВ...
|
|
|
|