петок, 10.02.2012
Почетна I Мапа на страната

ТОП 10 ПРОИЗВОДИ

Коњски балзам
РСИ Титаниум тава Ø 28
Крпа за прозорци
Крпа за автомобил
Кристален камен
Млечна маст со екстракт од невен 250
Млечна маст со масло од чајно дрво
Таблети (пастили) со АЛОЕ ВЕРА и витамин Е
Капсули со Б- копмлекс витамини 120
Капсули со лососово масло -220
 

РСИ Инфо 115

***
***
ЖИВОТОТ Е ПОКЛОН
Имаме ли храброст да му кажеме 'ДА' на животот?
Со своите идеи, своите желби, остварувајќи сопствени внатрешни потенцијали? Да се биде храбар значи да може да се одбере 'да' дури и кога сите кажуваат и скаат да слушнат едно и единствено "не".


***
***
Гледајќи го животот околу себе ме фасцинираа многубројните храбри потези на луѓето од сите страни на светот. На денешниот начин на живот, каде што владее отуѓеноста, како семе на доброто изникнуваат добри дела. Во море од сивило, весели се вестите за храбро спасување на животот, за хработо спротивставување на неправдите и борбата за права кои ни се дадени... Понекогаш храброста се граничи со несериозните потези, кои животот го прават поинтересен. Често за екстремните потези кои го подигаат адреналинот велат дека се храбри. Скокање од мост, трки со автомобили, качување по стрмни планини... Потребан е храброст за тоа, но, зарем е потроено токлу далеку да се оди од обичното секојдневие за да се пробуди чувтсвото на храброст.
Секој ден се среќавам со фактот дека имаме се помалку храброст за се она што се случува околу нас, во наша непосредна близина – за живеење на сопствениот живот.
Да се биде храбар значи да се пронајде сила во себе и да се излезе надвор од полето на сигурност кое повеќе наликува на затвор отколку на поле на сопствена слобода. Да се биде храбар значи да се ризикува срамот, подсмевот и лутината за да останеме верни на својат алична вистина. Да се биде храбар значи да се погледне во стравот и во него да се пронајдат црти од нашето сопствено лице. Да се биде храбар значи да може да се каже 'да' и тогаш кога сите кажуваат и сакат да чујат само едно и единствено "не".
Често се прашувам до која мера сме слободни да му кажеме ДА на животот?
ДА – за своите идеи, ДА – за сопственото совршенство, ДА – за остварување на сопствените внатрешни потенцијали? Тоа внатрешно ДА можеме да го наречеме единица за храброст. Храброст за живот во едно време и простор кој секој има и го познава – сопствениот живот.
Негде прочитав дека постојат два основни видови на храброст: храброст на прифаќање и храброст на делување. Понекогаш да се прифати реалноста онакв каква што е, е навистина многу тешко. Реалноста која не опкружува често е немилосрдна, но и во глобалниот свет кој не опкружува се случуваат страшни работи - војни, неправди, болести. Но, прифаќањето на реалноста, каква е и да е, претставува прв и одлучувачки чекор. Колку и да посакуваме 'дека светот ќе биде подобар', тој е таков каков што е и длабочината на нашето сфаќање е во директна врска со силта којашто можеме да ја употребиме за да истиот тој свет го промениме.
Храброст за делување е втора, активна страна за храброст и прифаќање. Откако ќе фрлиме јасен поглед ВО и ОКОЛУ себе, можеме да кажеме, ОК, добро, вака стојат работите. Прифаќање на моменталната ситуација е во корените на секоја промена. Еднаш кога нешто ќе прифатиме, имаме можност за избор – да се менуваме или да не се менуваме.
Тука сме, на оваа планета, во овој живот за да на некој начин се изразиме себе. Со прифаќањето и делувањето го менуваме и создаваме свет околу нас. Останувајќи пасивни, инертни, неизразени, неостварени, го осиромашуваме светот за онолку колку што можемо со своите особини да придонесеме.
Да имаме храброст да се завртиме и да зачекориме надвор од познатите рамки на самите себе значи да се биде одговорен кон сопствениот живот и човечката природа.
Животот е поклон – храброст е да знаеш да го примиш.
Пријатно читање и добра забава со страниците, од вашиот и наш весник, а до јуни и нашето ново издание... секој ден, секој момент грижете се за себе и секако едни за други.
Вашата уредничка
Весна Илиќ

Останати записи

Документи

Newsletter

Пријави се

Анкета

Дали сте задоволни од новите Royal Cleaning средства за чистење?

Гласај     Резултати

Издвоено

КОРИСТЕТЕ ГИ ТИТАНИУМ САДОВИТЕ И УЖИВАЈТЕ ВО...
Растителниот крем шампон Орхидеја Ројал...
ПОТРЕБНО Е ДА СЕ БОРИТЕ ЗА УСПЕХ
Во РСИ, КАДЕ ШТО МИ Е И МЕСТОТО, СЕ ПРОНАЈДОВ...