четврток, 09.09.2010
Почетна I Мапа на страната

ТОП 10 ПРОИЗВОДИ

Коњски балзам
РСИ Титаниум тава Ø 28
Крпа за прозорци
Крпа за автомобил
Кристален камен
Млечна маст со екстракт од невен 250
Млечна маст со масло од чајно дрво
Таблети (пастили) со АЛОЕ ВЕРА и витамин Е
Капсули со Б- копмлекс витамини 120
Капсули со лососово масло -220
 

РСИ Инфо 114

ПРИФАТЕТЕ ГО ПРЕДИЗВИКОТ
Доколку сакаме динамичен живот, во нашиот живот ќе се сретнеме со многу предизвици.
Зборот предизвик говори многу сам за себе. Тоа се искуства кои не водат некаде, каде што сеуште не сме биле.
***
***
Пролет е време за будење, време за нови почетоци, вистинско време за нови предизвици. Повеќе сонце и боја во нашите животи ни помага да ја раздвижиме заспаната енергија. За движење никогаш не е касно. Понекогаш предолго сме заспани и животот ни се претвора во секојдневна навика. Поминатите стази даваат сигурност, но зивотот го прават досаден. Често се прашувам каде исчезна гладот за ново знаење, за стекнување на нови вештини, глад за ново доживување и видици кои отвараат нови животни можности? На многумина му недостига храброст за да зачекорат во нешто ново, нешто непознато, без размислување да се тргне во предизвикувачко патување кое носи нова искуства. Секое ново искуство е можност за откривање на непознатото или познатото кое длабоко го потиснавме. Ги нарекувам и уште „неостварени соништа од младоста“. Тоа е она што за сто луѓето го менуваат своите животи. Не прашуваат зошто, целта е веќе тука – добро чувство, чувство на напредок во едно сосема ново ниво. Секој таков чекор ни го збогатува животот. Патуваме – не стоиме, живееме – не спиеме.
Секое животно задоволство се зголемува преку стекнувањето на нови искуства. Секако, во таа смисла, искуства кои ги поскауваме и одбираме, а не оние кои не затекнуваат, шокираат или ни се одбиваат од главата. Но, има и такви, не треба да се бега од нив. Треба исто така да се прифатат како ново искуство од коешто треба нешто да научиме. Секое ново искуство, било да е она пријатно или непријатно, треба на некој начина да се обедини, односно да се вклопи и поврзе со предходните искуства. Начините на кои тоа го правиме, техниките и објаснувањата кои ги користиме, чувставатакои при тоа се јавуваат и физичките реакции кои ги пратат, го сочинуваат внатрешниот свет, претставува структура од која е изграден нашиот живот.
Таа структура воедно е и внатрешен компас со чија помош ја одредуваме насоката на движење, ги проценуваме временските услови, динамиката на нашето внатрешно едро и карактеристиките на ветровите, кои надворешната ставрност ја парават бурна, мирна, опена, трезна, секаква.
Доколку сакаме динамичен живот, во нашиот живот ќе се сретнеме со многу предизвици. Навистина да се поскаува, значи и да се добие. Зборот предизвик говори многу сам за себе. Тоа се искуства која кои не водат некаде, кадешто сеуште не сме биле.
На тој пат битно е да се знае дека прифаќањето на предизвици секогаш претставува ризик. Тоа е логично и јасно. Но, важно е да се знае дека и неприфаќањето на предизвици исто така претставува ризик. И тоа е избор кој со себе повлекува последици исто како и прифаќањето. Нови искуства, нови луѓе и односи кои се потполно различни од постоечките, повесели затоа што не тргаат од секојденвните активности и животот го прават побогат.
На малата планета Земја, во вселената, ние – суштеставата наречени луѓе имаме голема палета на избор за стекнување ан нови искустав. Само треба да ги препознаеме и искористиме.
Не заборавајте, додека сме тука, помеѓу моментот на раѓање и моментот на смрт – БИТНО Е ДА СЕ ЖИВЕЕ!
Тогаш, CARPE DIEM, драги мои!
Вашата Уредничка
Весна Илиќ

Останати записи

Документи

Newsletter

Пријави се

Анкета

Дали сте задоволни од новите Royal Cleaning средства за чистење?

Гласај     Резултати

Издвоено

КОРИСТЕТЕ ГИ ТИТАНИУМ САДОВИТЕ И УЖИВАЈТЕ ВО...
Растителниот крем шампон Орхидеја Ројал...
ПОТРЕБНО Е ДА СЕ БОРИТЕ ЗА УСПЕХ
Во РСИ, КАДЕ ШТО МИ Е И МЕСТОТО, СЕ ПРОНАЈДОВ...