ТОП 10 ПРОИЗВОДИ
Коњски балзам
РСИ Титаниум тава Ø 28
Крпа за прозорци
Крпа за автомобил
Кристален камен
Млечна маст со екстракт од невен 250
Млечна маст со масло од чајно дрво
Таблети (пастили) со АЛОЕ ВЕРА и витамин Е
Капсули со Б- копмлекс витамини 120
Капсули со лососово масло -220
|
|
|
|
РСИ Инфо 113
| ОНА ШТО НЕ НЕ КРШИ, НЕ ЗАЈАКНУВА! |
 *** Колку пати искажани изреки, но во вистинско светло се чувствуваат само кога сами ќе се најдеме пред ѕид и одлука – да се биде или не. Тоа е животна школа која секој ден не прави помудри, побогати и посилни. Од мали не учат дека човечкиот живот никогаш не е само задоволство и забава. Скоро и во еднаква количина во која се јавува задоволството, се јавуваат и оние негативни работи. Кога ќе поминеме низ некое лошо искуство, лесно можед а се случи лошото тотално да не совлада и да го уништи оптимизмот па да не можеме да се издигнеме над тој проблем и да ја подобриме ситуацијата. |
| Вистина е дека не постојат толку тешки ситуации со кој човек не би можел да се носи. Секако, пред нас постои избор дали ќе се препуштиме или ќе се обидеме да најдеме задоволство во други работи, нов избор и да се препуштиме на времето да го направи своето. За патот кој ќе го избереме одлучуваме сами. Но, добро е да се знае дека без разлика на тоа колку ситуацијата изгледа безнадежна, никогаш не сме без избор. Доволно е да се биде искрен со себе, да се сфати фактот дека луѓето се силни суштества, дека можат да преживеат и во најтешки ситуации, само е важно да се собери сила и да се тргне, никогаш да не престанеме да бараме решение и она мало светло на крајот од тунелот. |
| СЕКОГАШ ПОСТОИ ИЗЛЕЗ, ПОГЛЕДАЈ ЈА ВРАТАТА НИЗ КОЈА ВЛЕЗЕ! |
| Со верување во самите себеси и со волја, секој човек може да го пронајди својот пат до сопственото задоволство. Некои ситуации ги чуствуваме како голем пораз. Без оглед на тоа колку во тој момент ни се чини како да се тоа големи работи, верувајте, научив дека не се единствени. Ако верувате во вашите способности и донесете одлука како ќе продолжите позитивно понатаму, во потрага по убави нешта кои ве исполнуваат, ќе се изненадите кога одеднаш ќе ви се откриваат нови можности. |
| КОГА ЕДНА ВРАТА ЌЕ СЕ ЗАТВОРИ, СЕ ОТВРА ДРУГА. |
| Вели изреката која помага во сите ситуации, само што е потребно да се биде со силна волја, а понкогаш и храбар, и да се отвори таа друга врата. Во секој случај, кој ви се чини безизлезен, битно е да се промени перспективата и да се отворат нови можности, да се сфати ситуацијата како можност за раст и развој на личноста. На многумина им се чини како не можат да влијаат многу на својата судбина, но секако можете да учествувате на сфаќање на вашата судбина. Ако понекогаш ви се чини дека сите бродови се потонати, знајте, секогаш постои решение кое чека да го пронајдете. Единствена препрека до тоа решение се мислите и ограничувањата кои се креираат во вашата глава. Кога во таква ситуација ќе се одрекнете од вашите очекувања и ќе отворите нови можности ќе ви се врати и надежта. Несигурноста е секогаш дел од човечкото постоење и секогаш ќе ве прати, но обидете се и да се сетите дека и во најтешки ситуации, секогаш имате можност цврсто да стоите на свои нозе, да ја крените главата и дека не постои ситуација која не можете да ја решите или преболите со време и упорност. |
| Приајно читање и добра забава со страниците, на вашиот и наш весник, до април и нашето ново издание... секој ден, секој момент, грижете се за себе и секако едни за други. |
|
 |
Останати записи
|
 |
 |
Документи
|
 |
|
|
Издвоено
КОРИСТЕТЕ ГИ ТИТАНИУМ САДОВИТЕ И УЖИВАЈТЕ ВО...
Растителниот крем шампон Орхидеја Ројал...
ПОТРЕБНО Е ДА СЕ БОРИТЕ ЗА УСПЕХ
Во РСИ, КАДЕ ШТО МИ Е И МЕСТОТО, СЕ ПРОНАЈДОВ...
|
|
|
|