четврток, 09.09.2010
Почетна I Мапа на страната

ТОП 10 ПРОИЗВОДИ

Коњски балзам
РСИ Титаниум тава Ø 28
Крпа за прозорци
Крпа за автомобил
Кристален камен
Млечна маст со екстракт од невен 250
Млечна маст со масло од чајно дрво
Таблети (пастили) со АЛОЕ ВЕРА и витамин Е
Капсули со Б- копмлекс витамини 120
Капсули со лососово масло -220
 

РСИ Инфо 112

***
***
РСИ Инфо 112 - ВРЕМЕТО Е НА НАША СТРАНА
***
***
Крајот на една година, истовремено значи и почеток на новата и токму тоа „префрлување“ на времето е период во кој размислуваме за времето и неговиот потенцијал. Времето лета, годините летаат, часовите летаат... Затоа животот треба да се живее, а не да се преживува! Секој по своето искуство, рецепт, некој со повеќе, некој со помалку зачини. Индивдуално, примерно на времето во кое живееме. Времето е единствено и неповторливо, како и ние.
Секој од нас е креатор на своето време, режисер и глумец. Нашето доживување е нешто лично, само наше и уникатно. Времето се случува во нашето дејствување и однесување. Од нашиот однос со времето зависи дали тоа ни поминува без траги или станува и останува запишано во нашата книга на животот. Времето е на наша страна, можеме да го совладаме, коригираме, насочуваме, позитивно да интрвенираме во нашата слобода за пишување на книгата на животот. Со слободниот став кон времето- го добиваме времето и го обликуваме во сопствената историја.
Не го разбирам фактот што сме условени од надворешното, физичко и биолошко време и не можеме да го скратиме денот по своја волја или да ја продолжиме ноќта или пак да го поместуваме нашиот биолошки часовник. Од друга страна пак, ние сме духовни суштества. Слободни суштества кои можат да располагаат со себе и со своето време. Ние имаме време. Од секој од нас зависи дали сака да преспие и да го изгуби времето, да дозволи да му помини и да не настане дело.
Кога размислувам за времето, секако не заборавам дека тоа е поклон. Да се преобликува надворешното време во сопствен поклон, преставува најдлабок израз на аншата вредност и одговара на неа. Гледајќи го светот околу себе сфатив дека денеска најдрагоцен и најнеопходен поклон е мешусебното дарување на сопственото време. Затоа во анализата на личното работење, во годините зад нас, избројте колкава е количината на поколнето време во него. Во планирањето на годините пред нас дајте му доволно важност на дарувањето на време на сите оние кои ви значат. Вишокот на време треба да им го дадете на оние на кои име потребно, а не да се краде од оние кои го имаат премалку.
Денот сеуште трае само 24 часа и само од нас зависи како живееме секој момент. Убаво е да се има пријатели и да се биде во пријатно друштво. Убаво е да се работи работата со љубов и желба за успех. Убаво е да се успее. Убаво е да се ужива во времето кое ни е дадено.
Времето ни помага да стекнеме драгоцени искуства кои ќе ни помогнат да го постигнеме задоволството со себе и со сопствениот живот.

И не заборавајте, во своето минато од животот, некои работи сепак остануваат засекогаш, а пријателството е секако една од нив. Затоа развивајте го, негувајте го и бидете среќни што имате некој кој без оглед на се ве сака и секогаш е тука кога ви треба.
Нека времето исполнето со мудрости и сили биде ваш светилник за нови животни успеси и радости во нареднава годена!
Уживајте во секој момент, затоа што времето е на ваша страна.
Пријатно читање и добра забава со ПРВИОТ овогодишен ДВОБРОЈ од вашето и наше списание, а до март и наредното издание... секој ден, секој момент грижете се за себе и секако едни за други.
Вашата Уредничка
Весна Илиќ

Останати записи

Документи

Newsletter

Пријави се

Анкета

Дали сте задоволни од новите Royal Cleaning средства за чистење?

Гласај     Резултати

Издвоено

КОРИСТЕТЕ ГИ ТИТАНИУМ САДОВИТЕ И УЖИВАЈТЕ ВО...
Растителниот крем шампон Орхидеја Ројал...
ПОТРЕБНО Е ДА СЕ БОРИТЕ ЗА УСПЕХ
Во РСИ, КАДЕ ШТО МИ Е И МЕСТОТО, СЕ ПРОНАЈДОВ...