четврток, 09.09.2010
Почетна I Мапа на страната

ТОП 10 ПРОИЗВОДИ

Коњски балзам
РСИ Титаниум тава Ø 28
Крпа за прозорци
Крпа за автомобил
Кристален камен
Млечна маст со екстракт од невен 250
Млечна маст со масло од чајно дрво
Таблети (пастили) со АЛОЕ ВЕРА и витамин Е
Капсули со Б- копмлекс витамини 120
Капсули со лососово масло -220
 

РСИ Инфо 111

***
***
РСИ Инфо 111- ПРОНАЈДЕТЕ ГО ДОБРОТО ВО СЕ
И додека празничниот дух е насекаде околу нас, размислувам за добрината.
***
***
Понекогаш е многу тешко да видиме нешто добро во луѓето, ситуациите или местата кои не се онакви какви ние би посакувале. Во најголем дел се насочуваме на работи кои не ги сакаме и целата сила ја насочуваме на нивно менување. Секако, нема ништо лошо во тоа што сакаме животот да го насочиме кон подобро, но проблемот се јавува доколку светот околу себе го набљудуваме исклучиво на тој начин. Забораваме дека постои и можност да се прифати нештото такво какво што е. Во животото секој од нас има многу нешта за што би требало да бидеме среќни и благодарни, а ние се концентрираме само на работите на кои е потребно да се менуваат.

Празниците се вистинско време за во се, буквално во се се обидеме да најдеме нешто добро и убаво.
Вистинско време е да станеме и добро да се загледаме во она што сега не опкружува, овој момент... Погледнете добро и сконцентрирајте се...
Обидете се за кратко да го прифатите својот живот онаков каков што е без никакви желби да менување на било што. Прегрнете го тоа што го имате, и тоа токму сега. Барем за момент. Затоа што во такви моменти можете вистински да уживате во вистинската убавина на животот.
Да се опуштите да го творите срцето, не значи дека од вас се бара да не напредувате и да не менувате ништо во вашиот живот. Напротив, ако го продолжите тоа шувство некое време, ќе забележите дека животот не ви стои на место и дека работите сепак се менуваат, се движат сами без никакво форсирање. Со добри мисли го менувате животот, но не преку ноќ. Со добрината која лежи во секој човек, без исклучоци.
Ако сепак, постојат некои работи кои неопходно мора да се менуваат, доклку ги прифатите, пресвртот ќе биде полесен, а вие ќе имате доволно волја и енергија за соочување.
Без разлика на ритамот на животот, потребно е да се верува во смиреноста и зацртаниот ритам на природата, а не да само да се брза колку што се може повече да се направи. Секојдневниот брз ритам не прави слепи за добрите работи кои ги имаме во животот и добрината која лежи скриена некаде во длабочините од се она што ни се случува.
Затоа, барем на момент заборавете на негативната перцепција и обидете се да забележите, да пронајдете нешто добро во се она што ве опкружува. Исклучете го мозокот и гледајте од срце со поголемо размислување.
Духовните учители одсекогаш покажувале на срцето, како центар на нашата свест.
Да пристапите кон светот со отворено срце значи да ја отворите вратата кон поголема свест од своето сопствено его. Доволно е само да го вклучите срцето и да го вклучите мозокот во определени ситуации. Со малку вежби, тоа ќе можете да го правите секогаш. Немојте да се плашите да го отворите вашето срце. Секое негативно искуство ќе го зајакне, но затоа пак и оние позитивните ќе бидат посилни.
Ако го отворите своето срце, тоа можеби ќе ве направи повеќе ранливи и нежни, но тоа значи дека може да ве направи и повеќе трпеливи, сочуствителни и дека љубовта безусловно ќе им ја овозможувате на своите најблиски. Правете го тоа секој ден.
Некои празници носат многу добрина, мир и благосостојба во вашите домови. Бидете среќни и разиграни како дете. Пробудет го она најдоброто во себе и соберете сили за нови добрини и победи.
Драги мои, СРЕЌНА НОВА 2008!
Ви посакувам уште поголема и побројна РСИ семејство, куп бодови и чекори напред во секој нов ден!

Пријатно читање и добра забава со ЈАНУАРСКИТЕ страници на вашето и наше списание, а во наредната 2008 г. – секој ден, секој момент грижете се за себе и секако едни за други
Вашата Уредничка
Весна Илиќ

Останати записи

Документи

Newsletter

Пријави се

Анкета

Дали сте задоволни од новите Royal Cleaning средства за чистење?

Гласај     Резултати

Издвоено

КОРИСТЕТЕ ГИ ТИТАНИУМ САДОВИТЕ И УЖИВАЈТЕ ВО...
Растителниот крем шампон Орхидеја Ројал...
ПОТРЕБНО Е ДА СЕ БОРИТЕ ЗА УСПЕХ
Во РСИ, КАДЕ ШТО МИ Е И МЕСТОТО, СЕ ПРОНАЈДОВ...