ТОП 10 ПРОИЗВОДИ
Коњски балзам
РСИ Титаниум тава Ø 28
Крпа за прозорци
Крпа за автомобил
Кристален камен
Млечна маст со екстракт од невен 250
Млечна маст со масло од чајно дрво
Таблети (пастили) со АЛОЕ ВЕРА и витамин Е
Капсули со Б- копмлекс витамини 120
Капсули со лососово масло -220
|
|
|
|
КИНА Елитно патување
 *** |
 *** |
РСИ ЈА ЗАПОЗНА КИНА – НАЈГОЛЕМАТА АЗИСКА ДИВА
Елитно патување КИНА 13/22.11.2007. – Elite Club
|
Кина секогаш беше интригантна, загонетна далечна земја на Истокот која привлекува со својата егзотика, богато минато, разнолики обичаи, величенствена архитектура и непредвидливи спротивности во судирот на новото и старото, традиции и напредок, Исток и Запад, обичаи и навики...
Марко Поло одамна ја започна големата традиција на патување кон културата на чајот и свилата, а РСИ Elite Club тргна по неговите стапки.
|
| Највискоите резултати во 2006 година беа наградени со членство во Elite Club и величенствено патување во Кина. Да се биде дел од ова патување преставува голема награда и чест, затоа посетата на Кина е сон на многумина. Тој сон за вредните и најдобри соработници на РСИ во 2006 година стана реалност од 13.11. до 22.11. кои 10 дена уживаа во убавините, мирисите, звуковите и сликите од Далечниот Исток. Ова е патување кое мотивира на освојување на уште поголеми успеси, резултати и цели. |
| КИНА, трета држава по големина и најмногубројна земја по жители во светот, сместена е на истокот на Азија зафаќајќи скоро четвртина од азиското копно. Границите ги дели со четиринаесет држави. Од недостапни планински масиви, од пустини до плодно поле «ишарани» со преку 50 000 реки, навистина е земја со големи контрасти, што потврдува и екстремно различната клима. Нејзината разноликост допринесува за многу дијалекти и различни религии: будизам, таоизам, ислам и христијанство. Службен јазик е кинескиот со најдолго писмо од 54 678 знаци. |
| Кинеската цивилизација е една од најстарите на светот, потекнува уште од пред 5 000 год. Повеќе од три илијади години во неа владееа цареви и династии. Во почетокот на 13 век. Кина ја окупираа Монголите предводени од Џингис-Кан. Неговиот внук Кублај-Кан ја основа династијата Јан, која по стотина години ја замени династијата Минг, а во средината на 17 век на власт дојде династијата Квинг. Династијата Квинг владееше од почетокот на 17 век до 1912 година кога последниот цар од таа династија, тогаш шестгодишниот Пу-Ји oсе одрече од престолот, од тогаш републиката како облик ја заменува династијата. Поновата кинеска историја беше обележана со војни и револуции. Долгиот процес на друштвените и политички previranja својот врв го постигна во 1949 година со воспоставувањето на комунистичата република. |
| Со векови Империјалната Кина беше, и уште е, пред сите што се однесува до технолошките достигнувања: се кажуваат како изумители на тркалото, компасот, pпорцеланот, свилта и барутот... Денес Кина е движечка сила на светската економија. Најголем претставник е на азиските диви кои силно оди понатаму. Од каде на Кина толкава сила која го фасцинира светот? До вчера заостаната земја, со рани од долготрајната и тешка револуција, а денес само на чекор до трета најсилна економска земја на светот. |
| За нејзина популраност секако ќе допридонесат и Олимписките игри 2008 во Пекинг за кои Кина забрзано се спрема. “Новата Кина” ќе го претстави светот, а РСИ е чекор напред пред другите и ја запознаа Кина каква што онаа навистина е – величенствена, добронамерен џин кој се разбуди и ја отвори вратата на светот. |
| ВТОРНИК 13.11. ИСТАНБУЛ – ПЕКИНГ |
| Собир во Истанбул. Интернационалната екипа од: Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Македонија, Бугарија, Турција и Унгарија – беше спремна и со нетрпение го очекуваше тргнувањето во незаборавна авантура. Големата екипа, која броеше 75 патници требаше да се собери, посоветува и да ги упати во сите техники на ова далечно патување. Пред нашите водичи Анкица наречена Јо и Трпимир претсоеше и одговорна задача која одлично и професионално ја обработија. |
| Конечно се качивме во авионот и со дирекна линија во 23.20 тргнавме за Пекинг. Луксузниот авион ни овозможи многу лесно да ги поминеме 8-те часа лет. Феноменот Кина го почувствуваме дури и за време на летот за Пекинг. По само неколку часа зачекоривме во нов ден, благодарејќи на временската разлика од 7 часа, прескокнавме скоро цела ноќ и слетавме во Пекинг околу 15.00 часот по локално време. |
| СРЕДА 14.11. ПЕКИНГ (BEIJING) – „ОГЛЕДАЛО НА НОВАТА КИНА“ |
Навистина необично чувство, додека во нашите краеви беше утро, ние веќе бевме длабоко навлезени во втората половина од денот. Така поспани конечно го допревме далечното источно дно... Не пречека дожд, магла од чад, голема гужва и врева на аеродромот. Oпрвиот впечаток беше еднаков со сликите од футуристичките филмови. Полесно ни беше кога се качивме во автобусите кои не носеа во градот. Она што на самиот почеток не фасцинира беше мравјалникот на улиците кој не пратеше секој ден и во секој град, како и големиот број на велосипедисти кои имаат свои посебни улици. Нашите локални водичи ни посакаа добредојде и дождот со кој не дочекаа го објаснаа како добар знак. Имено, во Кина водата значи благосостојба и изобилство, а со оглед на тоа што не пречека дожд, тоа значи дека наредната година за нас ќе биде уште побогата и поуспешна. Добриот збор ги отвора вратите па така и оваа симболика предизвика насмевка и задоволство на уморните РСИ лица.
И додека се пробивавме до центарот на градот локалните водичи ни го претставија градот кој ќе не нагости овие три дена.
|
ПЕКИНГ (кинески Пекинг - "северна престолнина")
|
| Велат: Доколку го видите Пекинг, сте ја виделе историјата на цела Кина! |
| Пекинг се наоѓа на северот и претставува најмодерниот кинески град, кој со векови беше кинеска ветена земја. Има преку 12 милиони жители, главен град на Нарона Република Кина и средиште на политичката моќ. Првото официјален центар на владетелите и чиновници останува величенствен центар на оваа голема земја. Како седиште на кинеските императори низ вековите, главниот град на древната Кинеска империја и денеска има сочувано многу докази за своето кралско минато, со аристократски храмови, паркови и палати кои се затворени за јавноста. |
| Пекинг не е само кинеска кралска престолнина, туку и место на комунистичката сегашност, која во 1949 година стана главен град на Народна Република Кина и место каде што во 1989 година имаше бунт на Плоштадот на бескрајниот мир при што имаше обид за демократска иднина. Пекинг е најголем трговски центар во Кина, средиште на уметноста, вкусни специјалитети, традиционални игри, културен центар со фасцинантни приказни на повеќегодишната уметност. Никаде на светот нема да видите поголема концентрација на старите и нови вредности. Пекинг е вистински бисер на кинеската култура во чие средиште извираат златните стреи на царските плати, а од друга страна фасцинира со нови градби и брз развој на овој величенствен град. |
Пекинг забрзано се подготвува за Oлимписките игри 2008 затоа во некои делови од градот расфрлани се илијадници кранови, а така е и во цела Кина – се гради и создава од ден во ден.
Со приказната за главниот град на Кина, за кратко се најдовме пред традиционален ресторан и се упативме на вечера. Вистинско доживување беше да се седне на тркалезна маса и да се вкуси типична кинеска храна. Нашите водичи ни објаснаа како да се служиме со стапчињата. Смеа и откажување, но и упорни лица кои од ден во ден се повешто се снаоѓаа со кинескиот прибор за храна. Со оглед на тоа дека од првиот до последниот ден уживавме во кинескта храна во типични кинески ресторани и ја запознавме Кина преку храна, за кој посебен дел во нашата репортажа посветивме на тоа искуство.
|
По вечерата тргнавме на кинески театар за да го погледнеме КУНГ ФУ ШОУ – приказна за продолжување на овие духовни и телесни боречки вештини кои влечат корени од далечното минато и будистичкиот манастир. Приказната која ја раскажуваат кунг фу борците, зачинета со неверојтани сценски ефекти и многу сложени движења, изведени се со неверојатна леснотија и прецизност низ изненадувачка кореографија. Совршената координација на рацете, очите и телото го прават кунг фу величенствен и никого не оставаат рамнодушен.
Конечно се сместивме во хотелот. Кинеските хотели се врвни, во хотел со 4 ѕвезди, добивме услуга и сместување како да се десет.
|
|
 |
Останати записи
|
 |
|
|
Издвоено
КОРИСТЕТЕ ГИ ТИТАНИУМ САДОВИТЕ И УЖИВАЈТЕ ВО...
Растителниот крем шампон Орхидеја Ројал...
ПОТРЕБНО Е ДА СЕ БОРИТЕ ЗА УСПЕХ
Во РСИ, КАДЕ ШТО МИ Е И МЕСТОТО, СЕ ПРОНАЈДОВ...
|
|
|
|