ТОП 10 ПРОИЗВОДИ
Коњски балзам
РСИ Титаниум тава Ø 28
Крпа за прозорци
Крпа за автомобил
Кристален камен
Млечна маст со екстракт од невен 250
Млечна маст со масло од чајно дрво
Таблети (пастили) со АЛОЕ ВЕРА и витамин Е
Капсули со Б- копмлекс витамини 120
Капсули со лососово масло -220
|
|
|
|
Воведен збор на сопственикот на РСИ
| Драги соработници ,менаџери и сите пријатели на РСИ, |
| Пред 15-тина години кога тргнавме по чудесниот пат на РСИ не можевме ниту да претпоставиме што се не чека на тој пат. Се започна со еден голем сон и желба да го промениме нашиот живот, да живееме поквалитетно и подобро како и нашите идеи да се обидеме да ги пренесиме на другите. |
| Сигурно повеќепати сте фрлиле камче во вода. Како концентричните кругови кои притоа се јавуваат на површината на водата, така се ширеше и нашата идеја за РСИ. Tогаш кога сите зборуваа дека нашиот труд е бескорисен, дека работата која тогаш се наоѓаше во почеток нема иднина, вербата не водеше понатаму. Верувавме во она што го работиме и заедно чекоревме напред следејќи го нашиот сон. Чекор по чекор градевме и откривавме нови можности. Секако, сето тоа не би било возможно без луѓето кои веруваа во нашиот сон од самиот почеток. Со текот на времето, такви луѓе имаше се повеќе и повеќе. |
На нашиот пат пребродивме многу бури. Наместо да не скршат, тие нас не мотивираа и зајакнаа и ни овозможија после 15 години да го прошириме нашиот сон на 9 земји во светот, во кои успешно работиме.
Нашите кругови се шират и понатаму пренесувајќи ја мисијата за поквалитетен и поздрав живот, бришејќи ги притоа сите граници и допирајќи до вредни и позитивни луѓе спремни на промени.
|
Во тие 15 години исткаени се многу убави моменти, многу труд, напор...
Имавме можност да запознаеме многу невероватни луѓе, да слушнеме многу животни приказни, чекорејќи во многу РСИ судбини. Секој ден е нова школа за нас во која учиме и собираме мали мудрости кои нашето семејство го носат на патот на РСИ.
Нашите искуства и искуствата на другите ги делиме со Вас, нашите драги луѓе, затоа што низ вистинските приказни, но и оние мудрите, волшебни можеме многу да научиме.
|
Приказната која следи, секојдневно не потсетува дека животот е како ехо – животот, порано или покасно, секогаш ти го враќа она што го даваш.
|
ЕХО
Таткото и неговиот син се качувале на планина.Одненадеж, синот се сопнал и паднал, се повредил и викнал силно: Aaaaууууу! На своето изненадување, некаде во планината чул глас кој го повторува неговото: Aaaaууууу!
Кој си ти? – запрашал радознало.
Кој си ти? – стигнал одговор.
Страшен си! – викнало детето.
Страшен си! – му одговорила планината.
Кукавицо! – викнал малиот.
Кукавицо! – не му остана должна планината.
Taто, што е ова? – го запрашал татко му.
Пази сега сине – му рекол таткото наместо одговор и викнал:
Најдобар си!!
Најдобар си!! – му враќа планината, a таткото продолжува:
Луѓето ова го викаат ехо, но всушност тоа е животот. Тој ти враќа се што ќе кажеш или направиш: животот е одраз на нашите дела. Ако сакаш повеќе љубов во светот, создади повеќе љубов во своето срце. Ако сакаш повеќе успех во својот тим, збогати ги своите знаења и вештини. Тоа важи за сите, во сите области; животот ќе ти врати се што во него си вложил. Животот не е збир од случајности, туку одраз на самиот себе. |
Секогаш кога повторно ќе ја прочитаме оваа приказна стануваме свесни дека животот кој го живееме е огледало на начите дела. Ковачи на нашата среќа сме ние самите. Често за нашите неуспеси ги обвинуваме другите, додека пак заслугите за успех ги препишуваме на самите себе.
Да ја погледнеме вистината во очи. Кога секој од нас ќе сфати дека среќата е во негови раце, полесно ќе ни биде во животот. Успехот не доаѓа преку ноќ, напротив, потребни се многу труд, работа и одрекнување. Треба само да ја препознаете приликата, да ја прифатите во работата да вложите многу ентузијазам, љубов и волја. Бидете сигурни дека се што сте вложиле ќе ви се врати.
|
| Работејќи ја оваа работа со луѓе веќе 20 години, забележавме дека луѓето кои сакаат да работат и го покажуваат тоа со насмевка на лицето, се многу поуспешни од луѓето кои го работат тоа "со сила". Верувајте дека секој потенцијален купувач веднаш чувствува зошто работите. |
| Бидете секогаш весели и насмеани. Пуштете му рака на човек кога му е потребно. Во тешки моменти, имајте на ум дека се е минливо, па така и тешките животни моменти. Не губете надеж, трпение и храброст. Токму тогаш, од Вас се бара да бидете цврсти, трпеливи и храбри. Запомнете, после дождот секогаш доаѓа сонце. |
"Живејте го животот!" – е она што сакаме да Ви го порачаме. Нека РСИ биде дел од него, ако веќе не е. Она што ќе го вложите во РСИ сигурно ќе Ви се врати.
Најважно од се е да пристапите во животот со отворени срца, секојдневно да правите мали дела на добрина и успех е неизбежно.
Правејќи добро за другите, правиме добро и за себе, затоа што најголема радост е онаа која што можете да ја поделите со некого.
|
Скршени од бурата во животот многупати не сме самите доволно јаки да се кренеме и потребна ни е цврста потпора да не потклекнеме.
Во најтешките животни моменти побарајте потпора во нас, во РСИ. |
Затоа драги РСИ-евци, тргнете насмеани и со отворени срца во животот, а ние сме секогаш тука за Вас кога ќе дојде некој облачен ден и кога не знаете како понатаму. Ви посакуваме многу успех во РСИ, во Вачиот живот и Ви посакуваме тој успех, среќа и задоволство да имате со кого да го поделите.
|
| Ваши Габриела и Јурај Кучковечки |
|
 |
Останати записи
|
 |
|
|
Издвоено
КОРИСТЕТЕ ГИ ТИТАНИУМ САДОВИТЕ И УЖИВАЈТЕ ВО...
Растителниот крем шампон Орхидеја Ројал...
ПОТРЕБНО Е ДА СЕ БОРИТЕ ЗА УСПЕХ
Во РСИ, КАДЕ ШТО МИ Е И МЕСТОТО, СЕ ПРОНАЈДОВ...
|
|
|
|