ТОП 10 ПРОИЗВОДИ
Коњски балзам
РСИ Титаниум тава Ø 28
Крпа за прозорци
Крпа за автомобил
Кристален камен
Млечна маст со екстракт од невен 250
Млечна маст со масло од чајно дрво
Таблети (пастили) со АЛОЕ ВЕРА и витамин Е
Капсули со Б- копмлекс витамини 120
Капсули со лососово масло -220
|
|
|
|
РСИ Инфо 110
 *** |
| РСИ Инфо 110 - ТАЈНА СКРИЕНА ВО СЕГАШНОСТА |
| Креирајќи ја СЕГАШНОСТА можеш да ИМАШ, ДА БИДЕШ и да НАПРАВИШ се што ќе ПОСАКАШ. |
 *** Кога малку подобро ќе размислам, многу мал број на луѓе живеат во сегашноста. Поголемиот дел размислуваат за работите кои се случиле – анализираат, претресуваат и се вртат во минатото. Се јавува и по некоја слабечка мисла за тоа што би сакале да се случи во минатото. Може да се случи да пропуштиме многу моменти на нашиот живот, тапкајќи во минатото, не уживајќи во сегашноста, гушејќи ја иднината.
Затоа би требало во секојдневната рутина малку да застанеме и што е можно почесто да се потсетуваме на сегашниот момент и да на се потполно да го насочиме вниманието на она што се случува – токму сега. |
Да се биде присутен ни овозможува да проживееме и доживееме некои случувања онака како што не можеме да ги проживееме низ сеќавање или сонување за нив. Убавината и богатството на сегашниот момент е непроценливо.
Бидете отворени, свесни и прифатете го она што ви се случува. Наместо да размислувате и да се грижете за нешто што поминало или за она што ќе се случува, дозволте си да живеете живот во сегашниот монет и секое искуство доживејте го вистински, не само со телото туку и со духот. Присуството на духот ви овозможува спонтаност, креативност, флексибилност и оригиналност.
Сегашните мисли обликуваат иден живот. Она за што најмногу размислувате ќе се појави во вашиот живот. Какви се вашите мисли – сега? |
Доколку се чувствувате добро и имате добри мисли сега, така ја создавате иднината во склад со вашите желби. Се што мислиме и чувствуваме сега ја создава нашата иднина. Иднината потекнува од мислите.
Пократок начин до се она што во животот сакате да БИДЕТЕ среќни и да се чувствувате среќни во овој момент. |
| И, повторно прашање – како се чувствувате сега? Немојте да заборавите, вие ги одбирате вашите мисли и вие сте оние кои ги чувствувате сопствените чувства. Научив дека внатрешната радост е всушност движечка сила на успехот. |
| Бидете среќни сега. Чувствувајте се добро сега. |
| Луѓето, како патници и возови трнуваат од една точка за да дојдат до својата цел. Некои возови се движат без никакво застанување, додека некои се движат бавно, застанувајќи на секоја станица. Нашите животи се протегаат како шини, пред и зад возот. Начинот на кој одлучувате да живеете е ваш избор, а целите кон кои се стремите се станиците и конечната дестинација. На вашето патување запознајте нови патници, нови места, уживајте во прекрасните глетки... Обидете се да излезете од возот – непланирано застанете на некое време или потполно променете ја дестинацијата и одлучете се за нов воз и нова насока. Секој момент е потполно нов, ништо случајно не се случува и никогаш нема повторно да се случи. |
| Ставете брзина и тргнете! Дејствувајте иницирани од сопствените мисли – сега и веднаш. |
| Кога еднаш ќе научите да живеете во сегашноста, нема да зажалите за пропуштеното во минатото и нема да биде потребно само да чекате нешто да се случи – вие всушност сега го креирате секој ваш иден чекор и секое случување во иднината. |
| Ви посакуваме пријатно читање и добра забава со страниците на вашето и наше списание, а до ДЕКЕМВРИ и нашето ново 111-то празнично издание... грижете се за себе и секако едни за други. |
|
 |
Останати записи
|
 |
 |
Документи
|
 |
|
|
Издвоено
КОРИСТЕТЕ ГИ ТИТАНИУМ САДОВИТЕ И УЖИВАЈТЕ ВО...
Растителниот крем шампон Орхидеја Ројал...
ПОТРЕБНО Е ДА СЕ БОРИТЕ ЗА УСПЕХ
Во РСИ, КАДЕ ШТО МИ Е И МЕСТОТО, СЕ ПРОНАЈДОВ...
|
|
|
|