ТОП 10 ПРОИЗВОДИ
Коњски балзам
РСИ Титаниум тава Ø 28
Крпа за прозорци
Крпа за автомобил
Кристален камен
Млечна маст со екстракт од невен 250
Млечна маст со масло од чајно дрво
Таблети (пастили) со АЛОЕ ВЕРА и витамин Е
Капсули со Б- копмлекс витамини 120
Капсули со лососово масло -220
|
|
|
|
РСИ Инфо 109
 *** |
| РСИ Инфо 109 - ЗАКОН НА ПРИВЛЕЧНОСТА |
| Мислите ли дека треба да одите на работа секој ден, да работите исти работи, мислите исти мисли, се чувствувате на исти начин? Па, размислете уште еднаш. |
| Доколку е вселената толку дива и непредвидлива, толку многу полн со можности, зошто нашите размислувања за сопствениот живот се толку ограничени? |
Животот посетува на серија. Во нашиот живот се нижат случувања, луѓе, околности, добро, лошо... Редоследот сами го одредуваме. Го креираме. Ја режираме секоја епизода. Животот се движи по оној пат кој сами го избираме. Постојат патокази, но постојат ли правила, закони кои ја регулираат насоката на движење?
Секој од нас има неограничена моќ која ни е доделена од моментот кога сме родени. Мисли. Мислите ја менуваат природата на стварност. |
| Сличноста со сличност се радува. |
| Мислите ги привлекуваат слични мисли. Душите привлекуваат слични души. Мислите за болест привлекуваат болести. Мислите за среќа, привлекуваат среќа. Сите сме ние магнети, го привлекуваме она за што размислуваме најмногу. Она за што мислиме и она во што веруваме е она што го добиваме во животот, порано или подоцна. Тоа е Законот на привлечноста. |
| Што сакате тоа и добивате. |
Едноставно да замолиме и тоа ни е овозможено, едноставно даваме, а добиваме повеќе. Меѓутоа, тоа мораме да го сфатиме, затоа што не е доволно тоа само да го знаеме. Да се знае и да се разбере се две различни работи.
|
Се што доаѓа во нашиот живот, сами го привлекуваме. Го привлекуваме благодарејќи им на сликите кои ги создаваме и ги држиме во својата свест и потсвест. Тоа е она за што интензивно размислуваме. Се што ни се случува во животот, сами го привлекуваме. Ако мислиме на се она што го немаме, тогаш тоа само го нагласуваме и го привлекуваме токму тоа.. дека немаме. Затоа што…го добиваш она за што мислиш, она што те загрижува, она од што се плашиш. Самите сме одговорни за што ни се случило, и што се случува. Било да е тоа добро или лошо. И на сите ни се чини дека го знаеме тоа. Но, колку пати ни се случило да ги обвинуваме другите, да ја кривиме околината, да бараме изговори?
|
Ако не ти се допаѓаат резултатите во твојот живот, тогаш мора да ги промениш своите мисли. Тоа е СЕ за што говори Законот на Привлечноста.
|
 *** Желбата ја привлекува желбата. За да оствариме, потребно е да создаваме позитивни слики. Но, често со негативни мисли се оддалечуваме од целта. Како и било која друга карактеристика, законот за привлечност може да се вежба. Прво, дефинирај што во твоето размислување те оддалечува од целта и зошто твојата фантазија крира негативни очекувања. Не е доволно само нешто да посакувате. Морате да го привлечите тоа со мислите, а можете и со позитивни очекувања. Концентрирајте се на она што го сакате , а не на она што НЕ го сакате. Трнете го вниманието од негативни мисли. Правете работи кои ве радуваат. Вие сте едниствените кои можете да ја создавате вашата реалност. Затоа, потрудете се да посеете добро семе. Со мисли, зборови, дела… Ако не успевате во планирањето, вие планирате да не успеете. Поставете свои цели и визии во вашата свест. Немојте само да се обидувате – работете! Дејствувајте, движете се. Препуштете се, ослободете се од грижите и стравот. Направете го првиот чекор и се што посакувате ќе ви се оствари. |
Сите сме родени да бидеме среќни и да се чувствуваме добро на овој свет. Веруваме дека во животот се ќе се среди кога за тоа ќе дојде време. Кога сме спремни.
Бидете мирн, секогаш мирни. И среќни. Затоа сме тука.
|
| Серијата избори кои секојдневниот живот ги поставува пред нас представуваат плочник. Дали тој плочник ќе се одалечува или приближува до целта зависи само од вас и од вашите мисли. |
| Ви посакуваме пријатно читање и добра забава со страниците на вашето и наше списание, а до НОЕМВРИ и нашето ново, 110-то издание... грижете се за себе и секако едни за други. |
|
 |
Останати записи
|
 |
 |
Документи
|
 |
|
|
Издвоено
КОРИСТЕТЕ ГИ ТИТАНИУМ САДОВИТЕ И УЖИВАЈТЕ ВО...
Растителниот крем шампон Орхидеја Ројал...
ПОТРЕБНО Е ДА СЕ БОРИТЕ ЗА УСПЕХ
Во РСИ, КАДЕ ШТО МИ Е И МЕСТОТО, СЕ ПРОНАЈДОВ...
|
|
|
|