ТОП 10 ПРОИЗВОДИ
Коњски балзам
РСИ Титаниум тава Ø 28
Крпа за прозорци
Крпа за автомобил
Кристален камен
Млечна маст со екстракт од невен 250
Млечна маст со масло од чајно дрво
Таблети (пастили) со АЛОЕ ВЕРА и витамин Е
Капсули со Б- копмлекс витамини 120
Капсули со лососово масло -220
|
|
|
|
РСИ Инфо 108
 *** |
| РСИ Инфо 108 - ЖИВОТОТ Е ИЗБОР |
 *** Во животните избори кои секојдневно се поставуваат пред нас секогаш настојуваме да го земеме и прилагодиме она што го сметаме за важно и што некако волшебно не привлекува. Во тој наш избор ја вложуваме својата енергија, времето, срцето и способностите. Помалку се вљубуваме во нашиот избор на животни важности. Тоа не носи, ни дава сигурно чувство дека не сме врзани, го исполнува нашето срце со мисли дека работиме и живееме нешто многу важно и вредно за живеење. |
| Понекогаш нашиот избор не држи затворени во златен кафез со чувство дека сме бескрајно добри во нешто и дека било што друго никогаш нема да биде толку силно дел од нас. Со незадоволство би ја допирале листата на приоритети која постојано ја имаме пред нас. Се плашиме од нов потрес и панична неизвесност. |
Можеби опиени од сопсвениот избор не гледаме други можности кои како псок ни се лизгаат низ прстите на животот. Заробени во сопственото светло стануваме слепи за другите бои и глуви за необичните, можеби авантуристички тонови на животната мелодија која можеби, барем понекогаш потребно е да ја слушнеме.
Можеби тогаш воодушевеноста во она во што сме вртоглаво зануркани малку ќе спадне, но можеби пак уште повеќе ќе се зацврстиме во опиеноста на изборот кој веќе долго го славиме.
|
| Во животот, сета работа е во изборот |
| На доброто лесно се навикнуваме. Добар живот, квалитетни односи, весели разговори и блескави денови го преплавуваат нашиот живот за момент. И ни се чини дека одсекогаш се тука, дека сме родени со нив. Се будиме со насмевка и денот ни представува само продолжение на сонот. Се ни е на дофат на рака и животот ни наликува на мирна река. Доброто стана дел од нас, па можеби ќе не потресе само по некоја неволја на блиските луѓе и повторно се брзаме да се мотнеме во својот розов живот. Се навикнавме на него – како да е разбирлив и логичен по самиот себе. Добрината ја поттикнува добрината, вниманието се потврдува со насмевка. Ништо не доживуваме како поклон, туку како право и избор да уживаме во тоа. |
| Но, човекот и на лошо се навикнуава. Па црните денови му стануваат секојдневие. Се криеме во својата неволја и некако срцето се спријателува со неа. Не би менувале ништо. Може да биде полошо. Нека се турка вака. Лошо. Денот станува сив, ладен, зборовите безчусвителни и ништо не боли. Од ден на ден ги забораваме нашите сништа, се поднесуваме затоа што не може да биде ни подобро, ниту поинаку. Вреди ли да се трудиме, менуваме, бориме и да вложуваме или едноставно да се помириме со таквиот живот? |
| Како неизлечив сонувач не престанувам да верувам во чуда. Можеби е потрребно само малку, малку е потребно да се придвижи неподвижното и да се насмее смрзнатото. Потребна е малку вистинска љубов за да се заврти тркалото на среќата. Љубовта расте од секојдневното внимание и потребно е да ја залевате со трпение. |
| Можеби е навистина малку, сосема малку е потребно за животот повторно да тргне по патот по кој сакаме. Љубовта и добрината секогаш ги носат своите плодови. Можеби... не знаеме додека не пробаме. Постојат патокази. Сами одлучувате по кој пат ќе тргнете. Никој не е погрешен. |
| Едно е јасно – ПОТРЕБНО Е ДА ИМАТЕ СИЛА и ХРАБРОСТ ЗА СРЕЌА! |
| Ви посакуваме пријатно читање и добра забава со страниците на нашето и ваше списание, а до ОКТОМВРИ и нашето ново 109-то издание... грижете се за себе и секако едни за други. |
|
 |
Останати записи
|
 |
 |
Документи
|
 |
|
|
Издвоено
КОРИСТЕТЕ ГИ ТИТАНИУМ САДОВИТЕ И УЖИВАЈТЕ ВО...
Растителниот крем шампон Орхидеја Ројал...
ПОТРЕБНО Е ДА СЕ БОРИТЕ ЗА УСПЕХ
Во РСИ, КАДЕ ШТО МИ Е И МЕСТОТО, СЕ ПРОНАЈДОВ...
|
|
|
|