сабота, 25.05.2013
Почетна I Мапа на страната

ТОП 10 ПРОИЗВОДИ

Коњски балзам
РСИ Титаниум тава Ø 28
Крпа за прозорци
Крпа за автомобил
Кристален камен
Млечна маст со екстракт од невен 250
Млечна маст со масло од чајно дрво
Таблети (пастили) со АЛОЕ ВЕРА и витамин Е
Капсули со Б- копмлекс витамини 120
Капсули со лососово масло -220
 

Суплементи - императив на денешницата

Зошто ни е потребен нутриционистичкиот додаток на исхрана?
Одржувањето на доброто здравје меѓу другото, бара и урамнотежена исхрана која се темели на правилен избор и вистинска комбинација на храната. Во недостиг на време, се почесто посегнуваме за брза храна која заменува квалитетен дневен оброк.
Според дефиниција додатоци на исхрана се хранливи материи кои се концентриран извор на хранливи сосотојки или други материи со прехрамбени или физиолошки функции, сами или во комбинации, во дозиран облик, со цел дополнително да се збогати внесувањето на хранливите материи во вообичаената исхрана. Многумина од нас посегнуваат по додатоци на исхраната или суплементи за да се осигураат од потенцијалните прехрамбени пропусти со желба да се заштитат од болести. Додатоците на исхрана внесуваат витамини и минерали во нашето тело кои не можат да се внесат преку исхраната.
Причини за тоа се обично следниве:
• Модерните начини на обработка на намирниците, различните модерни методи за одгледување и конзервирање на храната можат во голема мера да придонесат за намалување на количините на витамините и минералите кои ги содржат.
• Дневните оброци кои се почесто се консумираат надвор од дома (во канцелариите, рестораните и тн.) чијашто нутритивна вредност и квалитет тешко се проверуваат.
• Осетливите витамини често се уништуваат во текот на подготовката на намирниците (предолго готвење и печење).
РСИ ви препорачува...
Само една Таблета од A до З дневно, која содржи 25 неопходни витамини, минерали и елементи во трагови, ја задоволува дневната потреба за тие есенцијални нутритивни потреби за одржување на здравјето кај мажите и жените.
Со оглед на тоа што телото не може во доволни количини или воопшто да произведува хранливи материи, тие мора да се внесуваат преку исхраната, т.е. додатоците на исхрана во случај на недоволно разнолични витамини и минерали од сиромашната исхрана. Доволното снабдување на тие хранливи материи е основен предуслов за да останеме здрави, активни и да се чувствуваме добро.
ВИТАМИНИ
Витамини растопиви во масти:
Витаминот А се нарекува уште и ретинол. Важен облик на витаминот А е и бета каротенот затоа што тој во организмот се претвора во витамаин A. Затоа, бета каротенот уште и го нарекуваме и провитамин А. Спаѓа во групата витамини растопиви во масти. Поголемите резерви на витамин А сместени се во црниот дроб. Организмот може да го прима како растителна храна во облик на каротен или по пат на храна од животинско потекло во облик на естер А. Природни извори на витаминот А се црниот дроб, маслац, кашакавал, полномасно млеко, жолчка и риба (особено рибиното масло), додека најбогат извор на бета каротен се овошјето и зеленчукот.
Последици од недостиг на витамин A: • ноќно слепило (Болест која настанува со намалување на видниот пигмент во мрежичката на окото. Видот при слаба светлина е многу ослабен.)
• намалена способност на заштитните епители се очитуваат во ксероза и кератизација на окото и слузницата на окото
• пореметување на растот и изградување на коските (кај деца)
• дегенерација на нервите
• кожни пореметувања
• репродуктивни пореметувања
• вродени аномалии
Улогата на витаминот A во организмот: • Витаминот А е важен за контрола на растот, развојот на ткивата и учествуваат во растот и регулцијта на клетките на коските
• Витаминот А има и изразити антиоксидативни својства
• Витаминот А ја зајакнува функцијата на имунолошкиот систем и дејствува кај некои малигни болести.
• Неоходен е за добар вид – учествува во синтезата на видниот пигмент – кој се наоѓа во стапчестите клетки на мрежницата на окото. Тие клетки се осетливи на светло и се клучен елемент во сетилото за вид.
• Важен е за здарав кожа и коса
• Неоходен е за здравјето на слузницата на грлото, носот, дишните патишта и системот за варење.
Болести кај кои се препорачува употреба на витамин A:• ксрофталмија (воспаление на рожницата и капакот)
• дијареа
• гастритис
• хипертиреоидизми (зголемено лачење на штитните жлезди)
• малапсорпција (синдром на недоволна апсорпција на едноставни хранливи материи)
• хронични инфекции
• долготраен стрес
Витаминот E се нарекува уште и "антистерилен" витамин. Растопив е во масти и се смета за нетоксичен со оглед на тоа што нема штетно дејство освен во екстремно високи дози. Поради неговите антиоксидативни својства се нарекува и "витамин на младоста". Слично како и кај останатите витамини растопиви во масти се апсорбира и во дигестивниот тракт. Црниот дроб и крвта го абсорбираат витаминот Е повеќе од останатите, но и брзо се исрпува. Дневната потреба за витамин Е кај жените е 8 мг, а кај мажите е 10 мг. Растителните масти, оревите, темнозелениот лијест зеленчук, изнутриците, плодовите од оморето, јајацата и авокадото се богати извори на овој витамин.
Последици од недостиг на витамин E:• периферна невропатија (оштетување на периферните нерви)
• офталмопатија (потполна или делимична неможност за движење очните јаболчници)
• дегенерација на репродуктивните органи
• мускулна дистрофија
• пореметување на мозокот и црниот дроб
Улога на витаминот E во организмот: • Биолошки најважен антиоксиданс во телото.
• Витаминот Е е неопходен за работа на имунолошкиот систем, ендокриниот систем и половите жлеззди.
• Го одржува нормалниот раст.
• Ја помага апсорпцијата на масните киселини во цревата.
• Го одржува интегритетот на нервниот и системот за крвоток.
• Витаминот Е е витамин за детоксикација.
• Штити од атеросклероза.
• Го забрзува зараснувањето на раните.
• Го штити белодробното ткиво од загадени материи од воздухот.
• Ја намалува опасноста од срцеви болести.
• Го спречува прераното стареење на кожата.
• Витаминот E е природен афродизијак, со оглде на тоа дека дејствува на крвотокот и подобрување на циркулацијата на сите ткива.
• Заедно со селенот од храната ја спречува оксидацијата на полинезаситените масни киселини од обвивката на клетките.
• Реагира со слободните радикали и ги нетрализира.
• Има важна улога за заштита на DNA од оштетување.
• Важен е и за одржување и развој на функциите од нервниот и мускулниот сос
Болести кај кои се препорачува употребата на витаминот Е:• за превенција од срцеви болести.
• за намалување на LDL холестеролот.
• при подигнување на имунитетот.
• за спречување на малигни заболувања.
• Абеталипопротеинемија (изразено ниска концентрација на вкупниот холестерол)
• гастректомија
• болести на црниот дроб и жолчниот тракт
• цревни болести
• цистична фиброза (болест поврзана со пореметувањето на лачењето на сите егзокрини жлезди)
• пушење
• алкохолизам
Витаминот Д е познат како "антирахитичен" витамин. Спаѓа во групата на витамини на растопиви во масти.Витаминот Д внесен во храната се апсорбира во тенкото црево со присуство на солите на жолчката. Витаминот Д во облик на колакалциферол може да настане во кожата под дејство на ултравиолетовите зраци при сончање. Најбогатиот извор на витамин Д е рибиното масло и месото, млекото и млечните производи, жолчката, квасецот, црните дробови и житариците.
Последица од недостиг на витаминД: • рахитис (кај деца)
• астеомалација (кај возрасни)
• заостанување во растот
• деформација на скелетот (особено во долгите коски)
• коски стануваат меки и кршливи
• забите бавно растат и стануваат дефектни
• евентуалните кршења многу бавно и тешко зарастуваат
Улога на витаминот Д во организмот:• Ја одржува концентрацијата на калциум и фосфати во плазмата.
• Го поттикнува и овозможува растот на коските.
• Витаминот Д хемиски се модифицира во организмот и ја поттикнува апсорпцијата на калциум и фосфор од тенкото црево. Без него тоа не е можно.
• Ја зголемува ресорпцијата на фосфор во бубрезите.
• Го одржува нивото на калциум и фосфор во крвта.
• Потребен е за формирање на нормалните коски и за калцификација на рахитични.
• Може да спречи и лечи рахитис.
• Од витаминот Д зависи и преносот на фосфор од од крвта до органската компонента во коските и дејствува и на апсорпцијата на цинкот
Болести кај кои се препорачува употребата од витамините Д:• рахитис
• остеопороза
• остеомалација
• хипопаратиреоидизи (недоволно лачење на хормоните од штитната жлезда)
• псоријаза
• хипокалциемија (намалување на калциумот во неклеточната течност)
Витаминот К ја сочинува групата од неколку витамини (K1, K2, K3, K4, K5). Спаѓа во витамини растопиви во масти. Најважни се три: витаминот К1 или фитоменадион, а се наоѓа во зелените делови од растенијата (карфиол, кељ, зелка, спанаќ, зелена салата), витамин К2 или менакин, а го производуваат цревните бактерии и К3 или менакин кој се добива по системски пат. Витаминот K се апсорбира во дигестивниот тракт со присуство на соли од жолчката.
Последица од недостиг на витамин K:• затнување на жолчката
• оштетување на црниот дроб
• слаба апсорпција на масти во цревата
• хипопротробинемија
• зголемена склоност од крварење
• зголемено време за згрутчување на крвта
Улога на витаминот К во организмот: • Витаминот К има важна улога во згрутчување на крвта.
• Неоходен е за синтеза на протопромбинот и за биосинтеза на белковините.
• Потребен е во мали количини, но неопходен е за производство на белковини кои се важни за згрутчување на крвта, работата на бубрезите и метаболизам на коските.
Болести кај кои се препорачува употребата на витамин К:•превенција и лечење на хипопротромбинемија (крварење во системот за варење)
• превенција од крварења
• кај болести од црниот дроб и жолчниот тракт.
• терапија со антибиотици од широк спектар, сулфонамиди, холестипол и антиантипилептици
Витамини растопиви во вода:
Витаминот Ц е најпознат витамин. Уште се нарекува и аскорбинска киселина. Тоа е витамин растопив во вода. Присутен е во свежото овошје и зеленчук. Еден од најиспитаните и најмногу опишани витамини. Воедно, тој е и првиот синтетски добиен витамин. Витаминот Ц учествува како редуценс во бројните биолошки процеси. Важен е за синтеза на колагенот и карнитинот како и за апсорпција на масните киселини. Најсилен антиоксиданс е меѓу витамините растопиви во вода. Најпознати извори на витаминот Ц се разноликото овошје и зеленчук. Тоа се пред се агруми (на пр. портокали, мандарини, лимоните), шипки, вишни, црна рибизла, листовиден зеленчук, зелка, компир, пиперка и др. Препорачаната дневна количина за возрасна здрава особа изнесува 60 мг додека во терапијата се користат и значително поголеми дози.
Последица од недостиг на витаминот Ц:• забавено зарастување на раните
• скорбут
• коските стануваат кршливи, зглобовите отекуваат, забите стануваат климави, а забното месо отекува и крвари.
Улогата на витаминот Ц во организмот: • Неопходен е за синтеза на колагенот. Без него ткивото останува меко, неотпорно, раните подолго зараснуваат, доаѓа до спонтани крварења и пукање на капиларите.
• Ја помагаат функцијата на телесниот одбрамнен состав потикнувајќи ја активноста на белите крвни клетки, го зголемуваат нивото на интерферон (протеини кои го штитат телото од туѓи тела и туморски клетки).
• Ја помага апсорпцијата на железото, а со самото тоа и формирање на црвените крвни клетки.
• Ја претвора фолната киселина во нејзин активен облик.
• Делува како антихистамин на тој начин помагајќи во олеснувањето на симптомите на алергија.
• Како силен антиоксиданс делува на намалување на оксидацијата на LDL ("лошиот") холестерол, процес кој предизвикува кардиоваскуларните болести, понекогаш и атеросклерозата, а поединечно и срцев и мозочен удар.
• Можност за заштитно дејство на витаминот Ц на сите видови малигни заболувања ја објаснува неговата способност да ги неутрализира слободните радикали пред да ги о
Болести кај кои се препорачува употребата на витаминот Ц:• скорбит
• заслабнат имунитет
• чести настинки
• грип
• пушење
• алкохолизам
• подолго изложување на ниски температури
• туберколоза
• стрес
• траума
• инфекции
• слабокрвност поради недостиг на железо
• превенција од рак
• при користење на суплементи од железото
Витаминот Б1 е еден од најдолго познатите витамини растопиви во вода. Го наоѓаме во најразлични видови храна и се одликува со коензиматски дејства. Го наоѓаме во нелуштените житарици, квасецот, млекото, месото, овошјето, зеленчукот, оревите, семките. Брашното и пекарските производи збогатени се со витаминот Б1 служат како појачан извор од тој витамин. Во шаранот и некои други риби се наоѓаат ензимите тиаминаз кои го уништуваат витаминот Б1. Кај користењето на поголеми количини на јаглехидрати доаѓа до зголемена потреба за витамин Б1, додека целулозата ја зголемува синтезата на витаминот Б1 во цревата.
Последици од недостиг на витамин Б1: • болеста бери-бери
• Wernicke-ов синдром (губење на меморијата)
• пореметувања во дигестивниот систем
• пречки во растот
• неуролошки пречки
• депресија
• раздразливост
• губење на меморијата
• атрофија на мускулите и екстремитетите
• кардиоваскуларни пореметувања
Улога на витаминот Б1 во организмот:• Витаминот Б1 е неопходен во метаболизмот на јаглехидратите.
• Помага во лечење на треска, гастректомија, болести во црниот дроб и жолчката, хипертиреодизам, долготрајни инфекции.
• Помага кај симптоми од долготрајниот стрес.
• Го обезбедува преносот на нервните сигнали.
• Придонесува за здрав метаболизам.
• Придонесува за мускулните тонуси
• Го подобрува психикото здравје.
Болести кај кои се препорачува употребата на витаминот Б1:• алкохолизам
• хронична треска
• гастректомија
• болести на црниот дроб
• болести на жолчката
• хипертиреодизам (претерана работа на штитните жлезди)
• долготрајни инфекции
• различни цревни болести
• долготраен стрес
• нервна напнатост кај трудници и алкохоличари
Витаминот Б2 или Рибофлавин спаѓа во групата витамини растопиви во вода и во групата витамини Б комплекс. Воедно припаѓаат во групата витамини со коензиматска функција. Најчесто во организмот се наоѓаат како флавин мононуклеодид (FMN) и флавин аденин динуклеотид (FAD). Во тие облици учествуваат во организмот во основните реакции на метаболизмот и затоа го наоѓаме во секоја клетка. Изворите на витаминот Б2 се црниот дроб, бубрегот, рибите, јајцата, млекото, кашкавалот, квасецот, зелениот зеленчук. Потребите за витамин Б2 често се поврзани за внесувањето на храна која дава енергија. Со готвењето на храната и изложувањето на сончевата светлина може да се изгуби помал дел од рибофлавинот.
Последици од недостиг на витамин Б2:• мрсен и напукан осип на кожата
• ранички на усните во ranice na usnama u kotovima usana
• потечен, црвен и болен јазик
• чуствителност на светлина
• чешање, печење и црвенило на очите
• престанок на способноста за репродукција
• настанување на кожни болести (келиоза, кератитис и глоситис)
• периферна васкуларизација
Улога на витаминот Б2 во организмот: • Рибофлавинот е заслужен за здрава кожа, коса нокти и слузница
• Неопходен е за работа на нервите, очите и адреналните жлезди.
• Често се применуваат за лекување на акните, анемија, мрежа и депресија.
Болести кај кои се препорачува употребата на витамин Б2:• изгореници
• хронична грозница
• гастректомија
• болести во црниот дроб
• болести во жолчката
• хипербилирубинемија кај новороденчињата
• хипертиреодизми
• долготрајни инфекции
• различни цревни болсети
• долготраен стрес
Ниацинот или витаминот Б3 не е хемиски единствена материја туку вклучува две слични соединенија, а тоа се: никотинамин (PP) и никотинска киселина (Б3). Спаѓа во витамини растопиви во вода и во оние со коензиматско дејство. Главни природни извори на ниацин се: црниот дроб, месото, јајцата, млекото, рибите, компирот, зелен зеленчук и квасец. Ниацинот орално со голема брзина се апсорбира од дигестивниот тракт и се дистрибуира во сите ткива.
Последица од недостиг на ниацин: • пелагра (болест која се изразува преку кожни пореметувања, воспаление на слузницата, пролив и мачнина, вртоглавици, главоболки, нервна напнатост, губење на помнењето и деменција, а најчесто се јавува кај алкохоличарите како и кај лица чијашто исхрана е сиромашна со протеини и витамини од групата Б витамин)
• промени во дигестивниот тракт
• дијареа
• промени во средниот нервен систем
Улогата на ниацин во организмот: • Ниацинот учествува во повеќе од пеесет важни телесни процеси.
• Помага за претворање на храната и енергијата.
• Учествува во создавање на црвените крвни клетки.
• Учествува во производството на хормони на масните киселини и стероиди
• Учествува во работата на дигестивниот систем
• Учествува во стабилизирање на менталното здравје.
• Учествува во неутрализирање на токсичните дејства на некои лекови и хемиски материи во организмот.
Болести кај кои се препорачува употреба на ниацин:• зголемување на маснотиите во крвта
• при лекување на акни
• шеќерна болест кај млади лица
Витаминот Б5 уште се нарекува и пантотенска киселина. Спаѓа во групата Б-комплекс и во витамини растопиви во вода. Се јавува сврзан и во слободен облик. Витаминот Б5 во употреба е и во облик на својот провитамин пантенол. Името го добил од грчките зборови "panthos" што значи "секаде". Тој витамин е многу распространет во храната. Го наоѓаме во месото, мешунките, јајцата, млекото, зеленчукот и овошјето. Составен дел е од Коензимот А и како таков присутен е во скоро сите органи. Пантотенската киселина циркулира во крваната плазма и поврзана е за протеините. Не се разградуваат во организмот па внесувањето и излачувањето на урината е практично во еднаков размер.
Последици од недостиг на пантотенска киселина:• пореметување на апсорпцијата
• депресија
• лошо варење
• несоница
Улога на пантотенската киселина во организмот:• коензим А (пантотенската киселина во нашиот организам се претвора во коензим А) има витална улога во многубројни метаболички процеси, како на пр. во размена на јаглехидрати, белковини и масни киселини.
• коензимот A има важна улога во создавње на стероиди (група на соединенија на кои им припаѓаат голем број на хормони, витамини и жолчна киселина)
• Витаминот Б5 воедно го спречува зголемувањето на нивото на триглицериди и лошиот холестерол во крвта.
• Го поттикнува создавањето на ензими кои се задолжени за разложување на маснотиите во крвта и го подржуваат витаминот Е во борба против наспобирање на холестеролот. На тој начин учествуваат во зачувување на срцето и артериите.
• Витаминот Б5 гради и ацетиколин, без кој преносот на нерни завршетоци не би функционирал правилно и ја поттикнува подвижноста на мускулите.
• Пантотенската киселина е важна за создавање на антитела кои ја штитат слузницата на устата, грлото и дишните патиштана пр. во случај на настинка.
• Коензимск
Болести кај кои се препорачува употреба на витаминот Б5:• дијабетис
• за користење на орални контрацептиви
• алкохолизам
• при зараснување на рани
• кожни пореметувања
Витаминот Б6 спаѓа во групата витамини растопиви во вода. Тоа е заедничко име за пиридоксин, пиридоксал и пиридоксамин. Сите три ги наоѓаме во природата и тоа во растителното и животинско ткиво, во квасецот, рибата, солта, јајцата, овошјето и зеленчукот. Витаминот Б6 брзо се апсорбира од дигестивниот тракт и дел од комлексот Б витамини. Сите три облика од витамн Б6 поминуваат во активни метаболити и се депонираат, но и оксидираат и во облик на инактивни метаболити се излачуваат преку урината.
Последица од недостиг на витамин Б6: • несоница
• раздразливост
• грчеви
• дерматитис
• мачнини
• замор
• депресија
• мускулна слабост
• акни и воспаленија на кожата
Улога на витаминот Б6 во организмот: • Овој витамин е честа состојка во многу мултивитамински препарати кои се користат како превентива.
• Ја поттикнуваат работата на имунолошкиот систем и преносот на нервните импулси особено кон мозокот.
• Витаминот Б6 е особено важна компонента во клеточните мерни материи.
• Благодарение на витаминот Б6 телото може да го обработи непрочистениот водород во неотровна уреа.
Болести кај кои се препорачува употребата од витамин Б6:• неурролошки проблеми
• себореичен дерматитис
• келиози
• стрес
• алкохолизам
• конзумирање на лекови како што се изониазид, хидралазин, циклосерин, пенициламин, кортикостериоди, орални контрацептиви
Биотинот уште се нарекува и витамин Х. Растопив е во вода, а го наоѓаме и во пивскиот квасец, бубрезите, црниот дроб, пилешкото, лебот, рибата, жолчката, печурките, карфиол, морковот и бананите. Биотинот многу брзо се апсорбира од дигестивниот систем. Отпорен е и на готвење.
Последица на недостиг од биотин: • промени на кожата и косата
Улогата на биотинот во организмот: • Учествува во метаболизмот на јаглехидратите, мастите и протеините.
• Важен е и за нормален развој на епидермата.
• Биотинот е потребен за различни метаболички функции, кои вклучуваат глуконеогенеза, липогенеза, биосинтеза на масни кислеини.
Болести кај кои се препорачува употребата на биотин:• гастректомија
• себореичен дерматитис кај мали деца
• примена на авидин (протеин кој се наоѓа во белката на јајцето, кој ја спречува апсорпцијата на биотин)
Фолната киселина уште се нарекува и витамин Б9. Дел е од Б-комплексот. Името го добила од латинските зборови "folium" што значи лист, со оглед на тоа дека прв пат беше изолирана во листот од спанаќ. Овој витамин спаѓа во групата витамини растопиви во вода. Витаминот Б9 е поврзан со организмот со витаминот Б12. Двата витамини задолжени се за процесите на синтеза на DNA, материјалната основа на генот. Може да се речи и дека витаминот Б12 и Б9 не можат еден без друг. Без витамин Б9 настанувањето на црвените крвни зрнца во организмот не би било можнно, но и синтезата на многу важни аминокиселини. Суровините богати со витамин Б9 се изнутрици, зелениот зеленчук, квасецот и оревите.
Последици од недостиг на фолна киселина:• мегалобластична анемија (ја карактеризираат не созреаните црвени крвни клетки)
Улога на фолната киселина во организмот:• Ја поттикнува работата на имунолошкиот систем и може да помогне во спречување на артосклерозта, како и некои облици на рак на слузницата.
• Без неа, настанувањето на црвените крвни зрнца во организмот не е можно.
• Игра многу важна улога во метаболизмот на клетките и аминокиселините.
• Кај некои типови на мегалобластичка анемија (се карактеризира со несозревање на црвените крвни клетки) го поттикнува создавањето на еритроцити, леукоцити и тромбоцити.
Болести кај кои се препорачува употребата на фолна киселина:• анемија (слабокрвност)
• бременост
• алкохолизам
• хемолитика анемија
• хронична хемодијализа
• гастректомија
• цревни болести
Витаминот Б12 или Цијанокобаламин е најкомплицираната молекула која има статус витамин. Во неговиот состав влегува и кобалтот, елемент кој е потребен во многу мали количини. Името цијанокобалмин е од техничка природа. Во текот на производството на синтетичкиот витамин Б12 се користи и цијанид кој се вградува во молекулата на витаминот Б12. Тој е витамин растопив во вода. Природен витамин Б12 се рибите, плодовите од морето, млекото и ферметираниот кашкавал. Витаминот Б12 внесен во храната се ослободува во желудникот и во дванаесетпалачното црево.
Последици од недостиг на витаминот Б12: • мегалобластична анемија (се карактеризира со несозревање на црвените крвни клетки)
• оштетување на слузницата на дигестивниот систем
• хематолошки, дигестивни и неуролошки проблеми.
• пернициозна анемија која предизвикува замор, бледост на лицето, склоност на крварење, вкочанетост на рацете и нозете, болки во стомакот, раздразливост и депресија.
Улога на витаминот Б12 во организмот:• Витаминот Б12 со фолната киселина е есенцијален фактор на синтеза на водородната база на аденинот, гуанинот, тиминот, циотзинот и урацилот. (градежни компоненти на DNA, основата на гените).
• Без витамин Б12 и фолна киселина не е возможна синтезата на DNA а со тоа ниту делбата на клетките.
• Витаминот Б12 е неопходен за размножување и регенерација на клетките, создавње на крвните клетки и за раст на организмот.
• Есенцијален е за нормален раст и исхрана на сите клетки.
• Витаминот Б12 како и другите Б витамини имаат важна улога во создавањето на мастите, јаглехидратите и белковините во енергија.
• Пресуден е за производсво на генетскиот материјал на RNK и DNK како и на миелни, масни материи кои создаваат заштна обвивка околу нервите.
Болести кај кои се препорачува употребата на витамин Б12:• лечење и профилакса на пернициозна анемија (болест која настанува поради недостиг на т.н. внатрешен фактор. За да витаминот Б12 се апсорбира, неопходен е посебен протеин кој го излачува желудникот. Тоа е наследна болест и во тој случај неоходна е доживотна терапија со витамин 12.)
• миелин (масна материја која создава заштитна обвивка околу нервите) и мегалобластична анемија (се карактеризира со незрели црвени крвни клетки)
• алкохолизам
• гастритис
• гастректомија
• бубрежни болести
• стрес
МИНЕРАЛИ
Калциумот е еден од најзастапените минерали во човечкиот организам. Од околу еден килограм вкупна количина на калциум во организмот, најголем дел му припаѓа на калциумот во коските. Богат извор на калциум се млекото и млечните производи како што се јогуртот, кефирот, сирењата и сл., алгите кељ, зоб, брокули, бадеми, спанаќ, сојата, оревите и сувите сливи.
Улога на калциумот во организмот:• важен дел од коскеното ткиво
• ја осигурува цврстината и некршливоста на коските
• ја осигурува еластичноста на коските
• учествува во механизмот на грчење и движење на мускулите
• битен е и за пропусноста на клеточната мембрана
• го поттикнува згрутчувањето на крвта
• учествува во функцијата на нервниот систем
Последици од недостиг на калциум:• неправилен раст и развој (кај децата)
• остеопороза (кај стари лица)
• кршливи коски
• почести фрактури
• скршени коски кои многу бавно зарастуваат
• хипокалциемија (намалување на калциумот во неклеточната течност)
Болести кај кои се препорачува користење на калциум:• хипокалциемија
• остеомалација
• остеопороза
• кршење на коските
• алергии
Фосфорот во организмот се наоѓа во форма на фосфатен или хидрогенофосфатен јон. Најбогатите извори на фосфор се наоѓаат во рибите и сувомесните производи.
Улога на фосфорот во организмот:• во коските, заедно со калциумот ја прават битната структурна компонента на коскениот матрикс
• битен е за раст и развој и за добро функционирање на мозокот
Последици од недосиг на фосфор:• слабост пропратена со повраќање
• oостеомалација
• рахитис
Болести кај кои се препорачува употребата на фосфорот:• кај слаба ментална концентрација
Калиумот е најзастапен клеточен позитивно наелектризиран јон. Намирници богати со калиум се авокадото, бананата, брокулата, артичок, nпортокал, компир, кајсии, доматот и гравот.
Улога на калиумот во организмот:• учествува во преносот на нервните импулси
• учествува во мусклулната контракција
• учествува во контролата на крвниот притисок
• учествува во опуштањето на хормоните
• учествува во развојот на ембриумот
• учествува во делбата на клетките
• учествува во регулација на киселобазната рамнотежа
Последици од недостиг на калиум:• срцеви проблеми
• мускулна слабост
• аборексија
• мачнина
• поспаност
• психичко-невролошки пореметувања
Болести кај кои се препорачува употреба на калиумот:• хипокалиемија (предизвикани од диуретици, од некои антибиотици, лаксативи, инсулин)
Магнезиумот е еден од најзастапените јони во клетките. Природни извори на магнезиум се сојата, кикиритките, лисјест зелен зеленчук, семки, ореви, банани, зоб, авокадо, компир во кората и смеѓ ориз.
Улога на магнезиумот во организмот:• учествува во нормалната работа на мусклулите
• учествува во изградбата на коските
• важене е за одржување на нормалниот крвен притисок
• важен е за одржување на функциите на средниот нервен систем
Последици од недосиг на магнезиум:• треперење на мускулите
• слабост
• прблеми со голтањето
• мачнина
• повраќање
• грчеви
• конорарни срцеви болести
• малигнен тумор
• остеопороза
• хипертензија
Болести кај кои се препорачува употребата на магнезиум:• за превенција на срцевите болести
• атеросклероза
• висок крвен притисок
• дијабетис
• нервна напнатост
• опстипација
• раздразливост и немир
• пореметување во спиењето
• бременост и доење
• превенција на мигрена
ЕЛЕМЕНТИ ВО ТРАГОВИ
Железото е секако еден од најважните елементи во органзимот. Најголем извор на железо се црниот дроб, туната, остригата, сојата, тиквата, зобта, грашакот, квасецот и смоквите.
Улогата на железото во организмот:• составене дел е од многу протеини (хемоглобин и миоглобин)
• учествува во процесите на клеточното дишење
• јоните на железото учествуваат во преносот на електроните
Последици од недостиг на железото:• сидеропенична анемија (недоволна количина на железо т.е. хемоглобин во црвените крвни зрнца)
• во случаите на долгорочен недостаток на железо крвта ја намалува својата способност на пренесување на кислородот (брз замор, неправилно дишење, бледило на лицето, намалување на физичките можности, намалена отпорност на организмот)
Болести кај кои се препорачува употребата на железото:• анемија (слабокрвност)
• во употреба на терапија со циметидином, антациди и производи на база на калциум
Јодот е дел од хормоните на штитната жлезда, кои се важни за клеточниот метаболизам. Под нивно влијание метаболизмот на организмот се зголемува. Намирници богати со јод се плодовите од морето, бакаларот, харингата, алгата келп, сардините, раковите, школките. Во текот на подготовката на храната, залихите на јод драстично се намалуваат. Во текот на готвењето дури за 85%. Денеска, јодот се додава во облик на натриумо или калиум јодит во готварската сол. Таквата постапка се нарекува јодирање на солта. Од таму доаѓа и најголемиот дел на јод во човекот.
Последици од недостиг на јод:• гушавост (кај возрасни лица)
• физичка и ментална заостанатост (кај новороденчиња, мали деца и адолесценти)
• зголемена осетливост од јонизирачкото зрачење
Болести кај кои се препорачува на употреба на јод:• гушавост
Селенот е составен дел на ензимот glutation peroksidazа. Намирници богати со селен се лососот, школката, зобта, сончогледот, смеѓиот ориз, јачменот, портокалот, кокосот, лукот и свинската маст.
Улога на селенот во организмот:• го штити организмот од слободните радикали кои се одговорни за низа болести како што се атеросклерозата и ракот.
• силен антиоксиданс
• го штити организмот од штетното дејство на кислородот
• го штити организмот од отровното дејство на тешките метали како што се кадмиоумот, оловото, арсенот и живата.
Последици од недостиг на зелен:• дегенеративни промени
• падот на имунитетот поради ослабената одбрана на организмот од слободните радикали
Болести кај кои се препорачува употребата на селенот:• може да се спречи развојот на болеста како што е на пр. ракот и атеросклерозата
Цинкот е микроелемент. Во организмот го има во мнгу мали количини (2-3 гр. во u целокупниот организам). Природен извор на цинк се остригите, телешкото, rраковите, мисирката, туната, изнутриците, пивскиот квасец, сојата, семките, тиквите, сирењето и грашакот.
Улога на цинкот во организмот:• неоходен е за раст и делба на клетките
• неоходен е за полово созревање
• влијае на репродукцијата
• неоходен е за вид, вкус
• влијае на работата на мозокот
• помага во зараснување на раните
• го поттикнува имунолошкиот систем
Последици од недостиг на цинк: • пореметувања во растот
• губење на косата
• болести на кожата
• дијареа
• пад на имунитетот
• психолошки пореметувања
• намалување на величината на половите органи
• намалување на продукцијата на сперматозоиди
• вродени телесни оштетувања
• анорексија
• пореметувања за шувството на вкус и мирис
• бавно зараснување на раните
• ноќно слепило
Болести кај кои се препорачува употребата на цинк:• за подигнување на нивото на имунитет
• за стабилизирање на половите и репродуктувни функции
• при користење на диуретици
Бакарот во организмот доаѓа врзан со ензими. На нашиот организам за нормално функционирање потребни му се 1-2 мг бакар дневно. Намирници богати со бакар се гравот, пилешкото месо, бананите, бадемите, сусамот, квасецот, сојата, сливите, телешкиот црн дроб и семките од сончогледот.
Улога на бакарот во организмот:• учествува во транспортот на електрони во клетките
• го штити организмот од слободните радикали
• учествува во изградба на еластично ткиво на крвните садови
• учествува во преносот на нервните импулси
• учествува во нормалното функционирање на имунолошкиот систем.
• дел е од составот на кератинизација и пигментација во коските
• ја прави косата поквалитетна
• помага во нормално развивање на плодот во матката
Последици од недостиг на бакар:• анемија
• заостанување во растот
• намалување на кератизацијата и пигментација на косата
• хипотермија
• дегенеративни промени во еластинот аорта
• ментално пореметување
• промени на скелетот слични како кај скорбут
• Менкесова болест (представува пореметување на X хромозомите во машките деца, а предизвикан е од недоситиг на бакар. Последица е од ретардираност на детето.)
Болести кај кои се препорачува употребата на бакар:• анемија
Хромот е есенцијален минерал потребен за нормален метаболизам на јаглехидратите и мастите. Најдобар извор на хром е пивскиот квасец, телешкиот црн дроб, лушшпата на компирот, леб од инегрално брашно, морковот, брокулата, јаболкото, пченката, бананата, спанаќот, зелката и портокалот.
Улогата на хромот во организмот:• игра важна улога во метаболизмот на глукозата
• помага за одржување на телесната маса
• го стабилизира нивото на шеќер во крвта
• го спречува претворањето на шеќерот во масни наслаги
Последици од недостиг на хром:• шеќерна болест
• пореметување на растот
• зголемување на очниот притисок
• зголемување на нивото на холестерол во крвта
• зголемување на проценотот на масно ткиво во телото
• нервни и мозочни пореметувања
• кардиоваскуларни болести
Болести кај кои се препорачува употребата на хром:• шеќерна болест
• кардиоваскуларни болести
• зголемено ниво на маснотии и холестерол во крвта
Манганот ушествува со 0,1% во Земјината кора и е важен нутриент за сите облици на живот на оваа планета. Некои велат дека своето име го добил според грчкиот збор за магија. Во човечкото тело, манганот е дел од ензимските комплекси, битни за циклусите за производство на енергија и за оксидативните процеси. Без него нема живот. Намирници кои содржат манган се бананите, портокалите, житариците со полно зрно, смеѓиот ориз, оревите, пченичните клици, гравот, грашакот и јаготките.
Улогата на манганот во организмот:• игра важна улога во правилното обликување, одржувањето на растот на коските, `рскавицата и врзивното ткиво.
• игра важна улога во репродукцијата
• придонесува за синтеза на белковините и генетскиот материјал.
• помага за создавање на енергија од храната
• помага за нормално згрутчување на крвта
• потребен е за одржување на здрав имунолошки систем
Последици од недостиг на манган:• атеросклероза
• збунетост
• грчеви
• проблеми со очите
• проблеми со слухот
• пореметување на рабоатат на срцето
• високо ниво на холестерол во крвта
• раздарзливост
• губење на помнењето
• контракција на мускулите
• оштетување на панкреасот
• забрзан пулс
• трески
Болести кај кои се препорачува употреба на манган:• анемија
• атеросклероза
• високо ниво на холестерол во крвта
• ослабен имунолошки систем
Молибденот е преоден метал. Името му потекнува од грчките зборови molybdos, што во превод значи олово. Намирници кои содржат молибден се грашак, грав, житарици, тестенините, листовидниот зеленчук, квасецот, млекото и изнутриците.
Улога на молибденот во организмот:• помага при производството на енергија
• помага во обработката на отпадни материи
• помага за активирање на залихите на железо
• помага при неутрализирање на отровните дејства на сулфатите (преку конзервирање на храната)
• неопходен е за нормален раст
• неопходен е за нормален развој на нервниот систем
• составен дел е на забната глеѓта и го спречува крварењето на забите.
Со оглед на тоа дека со храната се внесуваат доволни количини молибден, неговиот недостаток сеуште не е забележан.

Останати записи

Newsletter

Пријави се

Анкета

Дали сте задоволни од новите Royal Cleaning средства за чистење?

Гласај     Резултати

Издвоено

КОРИСТЕТЕ ГИ ТИТАНИУМ САДОВИТЕ И УЖИВАЈТЕ ВО...
Растителниот крем шампон Орхидеја Ројал...
ПОТРЕБНО Е ДА СЕ БОРИТЕ ЗА УСПЕХ
Во РСИ, КАДЕ ШТО МИ Е И МЕСТОТО, СЕ ПРОНАЈДОВ...