четврток, 09.09.2010
Почетна I Мапа на страната

ТОП 10 ПРОИЗВОДИ

Коњски балзам
РСИ Титаниум тава Ø 28
Крпа за прозорци
Крпа за автомобил
Кристален камен
Млечна маст со екстракт од невен 250
Млечна маст со масло од чајно дрво
Таблети (пастили) со АЛОЕ ВЕРА и витамин Е
Капсули со Б- копмлекс витамини 120
Капсули со лососово масло -220
 

РСИ Инфо 101

***
***
РСИ Инфо 101 – Ковачи на среќата...
***
***
Дојде време кога е некако пријатно човек да се сврти наназад, добро да ги анализира отисоците на своите стапала и токму преку тие траги да собереме сила и ведрина за напред. Празниците се денови кога застануваат забрзаните чекори, мислите се смируваат, се свртуваме кон себе и кон своите најблиски. Календарската граница е добра можност за поглед наназад и ситно преиспитување на животното салдо на доброто и лошото.
Токму сега го наслушнувам екот на случувањата – оние кои изненадно и непожелно се појавија во мојот живот, како и оние кои со нетрпение беа очекувани беа мои мили гости. Вака на крајот, по некое време, можам јасно да разберам кои беа благослов, а кои од нив донесоа горки вкус на неуспех. Имаше и едно, но е друго. Понекогаш не знаев што барам и по кој пат да тргнам. Но, она внатрешно светло кое последно ме напушта, грижливо го собира она најдоброто за мене. Ми укажува на секојдневната среќа на живеење и насмевката на вредните луѓе. Ме учи да се препуштам на животот кој е како разиграна и слободна река пронаоѓа пат за својот тек. Животот секојденвно ме изненадува со својата непослушност и веселата динамика, давајќи ми непроценливи лекции.
Научив дека силата на вистинскиот пат во потполност ја сфаќаме многу подоцна. Сепак, смислата на некои случувања не успеваме веднаш да ги прочитаме и можеби и нас уште долго ќе не интригира со својата таенственост – токму тие случувања по својат важност ги пишуваат најинтерсните страници на животот. Колку што се пораките за случувања потивки и позагонетни, толку се подлабоки и позначајни. Сега гледам дека ништо не е залудно.
Под подвлечената црта во конечниот резултат на животното салдо нема секогаш јасни бројки, но сепак кристално јасно е дека позитивното определување води напред. Силна желба од ден во ден да бидеме подобри. Задоволна сум! Тоа го сметам за најубаво откривање во годината чиишто календар ќе го тргнам од ѕидот.
Секој ден со сета своја содржина е низбрисливо запишан во меморијата на секое суштетсво. И нека биде – без разлика каков бил денот. Изминатите денови секогаш имаат своја убавина и порака. Се што постоеше во нив е вредно за да се живее. Да погледнеме задоволно наназад и да бидеме среќни што остваривме некои планови и што некои неуспеси не не скршија.
Прелистувајќи ги минатите страници и минатите денови на лично живеење, лесно ќе процениме што ни е животот и би сакале да се повтори. Да бидеме добри ученици.
Ние сме ковачи на сопствената, а неретко и на туѓата среќа и несреќа. Затоа, додека на оние најмилите им посакаме убави желби и грижливо проткани реченици со несекојдневни нежности, да не заборавиме дека токму нас ни е поверена судбината на тие реченици. Ние во животот на оние кои ги сакаме, треба ди преточиме во среќна реалност.
Затоа да посакаме, да бидеме радост, среќа и веселба едни на други. И нека ни се оствари таа желба. Од ризницата на изминатите денови да ги внесеме во сегашноста најдобрите одлуки за во иднина... И нека престојните празници траат цела година.
Среќни и разиграни да го пробудиме она најдоброто во нас и да собереме сили за нова добрина и победа.
Драги мои, нека Новата година ви биде исполнеата со добрина, нека во вашиот дом донесе мир и благосостојба. Нека вашето РСИ семејство стане побројно, а ризницата побогата, со многу бодови и чекори напред во иднинта преполна со предизвици.
Среќно!

Пријатно читање и добра забава со ДЕКЕМВРИСКИТЕ страници на вашето и наше списание, а во наредната 2007. – секој ден, секој момент внимавајте на себе и секако едни на други.
Вашата Уредничка
Весна Илиќ

Останати записи

Документи

Newsletter

Пријави се

Анкета

Дали сте задоволни од новите Royal Cleaning средства за чистење?

Гласај     Резултати

Издвоено

КОРИСТЕТЕ ГИ ТИТАНИУМ САДОВИТЕ И УЖИВАЈТЕ ВО...
Растителниот крем шампон Орхидеја Ројал...
ПОТРЕБНО Е ДА СЕ БОРИТЕ ЗА УСПЕХ
Во РСИ, КАДЕ ШТО МИ Е И МЕСТОТО, СЕ ПРОНАЈДОВ...