ТОП 10 ПРОИЗВОДИ
Коњски балзам
РСИ Титаниум тава Ø 28
Крпа за прозорци
Крпа за автомобил
Кристален камен
Млечна маст со екстракт од невен 250
Млечна маст со масло од чајно дрво
Таблети (пастили) со АЛОЕ ВЕРА и витамин Е
Капсули со Б- копмлекс витамини 120
Капсули со лососово масло -220
|
|
|
|
РСИ Инфо 100
| РСИ Инфо 100 - 10 ГОДИНИ СО ВАС... |
 *** |
| ВО ПОЧЕТОКОТ БЕА САМО ЗБОРОВИ, А ЗБОРОВИТЕ СТАНАА ГОЛЕМИ ПИШАНИ ДЕЛА... |
| ОД КОИ ПРИЧИНИ РСИ СЕ ОДЛУЧИ НА КРЕИРАЊЕ И ИЗДАВАЊЕ НА СВОЈ ВЕСНИК? |
 *** «Потребата за информирање на соработниците и менаџерите резултира со иницијативно создавање на интерното гласило на РСИ. Весниците би требало да стигнат до секој наш соработник и да им се овозможат информации за производите, наргадите, да ги насочи кон нивните права и обврски ... Наша желба е и соработниците со своите предлози да допринесат и учествуваат во создавање на весник на РСИ. Ние ќе се обидеме, колку што е возможно да се излезе во пресрет на нивните желби и да се обидеме да ги оствариме на наше и ваше задоволство. Позитивен ефект по повод изданието Инфо очекуваме од страна на купувачите и соработниците, менаџерите како и сите вработени на РСИ.» |
| Извадок од интревјуто со сопствениокт на РСИ Јурај Кучковечки од 1997г. |
| ИНФО – Мој прозорец кон светот на РСИ! |
| Списание кое мотивира, едуцира, информира, објавува наши резултати – до каде сме на скалите за остварување на нашите цели. Тоа е медиум кој не собира и кој го бележи сиот наш труд и сета наша радост. Тој е најдобар компас кој ја покажува насоката по која треба да одиме до целта! |
| Мира Иванишевиќ, Генерален менаџер со 2 ГМ, Хрватска |
| 1996 година се роди идеја за весник на РСИ, која во 1997 излезе на скромни четири страни и стана реалност под назив РСИ Инфо. Од месец во месец нашите весници станува се побогати со содржини, почнаа да излегуваат во боја и со помош на вредните уредници и стручните соработници, стануваа се поквалитетни. Колку само часа, денови и ноќи се вткаени во секој број кој не води, едуцира и не известува за нашите успеси, пратејќи не со фотографија и зборови. «Љубоморно» обезбедувам два потполни комплети на РСИ ИНФО, кои со задоволство ги позајмувам на новите соработници за да им го представам РСИ светот. Гледајќи во иднината, го гледам нашиот Инфо на јазик на другите земји, чекор понатаму кон поврзување и бришење на јазичните бариери. |
| Розалија Штетиќ, Генерален менаџер, Хрватска |
| Идејата преточена во цел придружена со богати едукативни, информативни и забавни црти, ја достигна својата полна зрелост, квалитет и елеганција. Веселите отчукувања на тоа 100-годишно срце на голем број луѓе им овозможи среќа, задоволство, гордост, надеж, мотивација... Многумина измени, направи подобри луѓе, ги препороди, како и ги ПРОГЛЕДА. Нашето, големо гордо семејство на РСИ. Списание со многу модерен и интересен дизајн, кој подеднакво ја представува куќата на РСИ и на нејзините соработници им овозможува несебична помош во поставувањето и исполнувањето на елите и деловните потези. |
| Софија Божац, Генерален менаџер, Хрватска |
| Да го нема, би требало да го измислиме! – најкатко што може да се каже за Инфо. Го зазеде првото место на мојата полица за весници со кои се опуштам и повторно учам нешто ново. Се чита од првата да последна страна, се дискутира за напишаното и со нетрпение се очекува секој нов број. Животот на РСИ од сите краеви се слева во Инфо. Зборовите и живописните слики не водат до сите РСИ соработници, секогаш со насмеани лица, вистински луѓе од соседството. Инфо – секогаш во чекор со актуелностите, секогаш атрактивен, поучен и забавен РСИ пријател! |
| Мирсада Бечиревиќ Касало, Генерален менаџер, Босна и Херцеговина |
| «Луѓе мои дали е тоа можно – 100 да 100, 100 проценти сум сигурен дека идејата која ја предложив пред 10-ина години на еден од семинарите за создавање на РСИ весникот беше вистинска и дека вроди со плод. ИДЕЈАТА без подршка на сопственикот на фирмата и сите омие кои работеа на овој проект, никогаш нема да станта реалност. Поминаа 10 години во создавање, креирање и траење на нашиот РСИ ИНФО, кој секогаш ги опслужува соработниците и своите едра ги свртува кон остварување на нашите идеи и желби» - зборови на мојот сопруг Ведран, кој пред десет години не ни замислуваше каде ќе не одведат визиите. |
| Дивна Брајковиќ, Генерален менаџер, Хрватска |
| ИНФО е роден и создаван низ победници, упорни и вистински луѓе. Нашите срца изградија пат преполн со искуства и незаборавни доживувања. Работната можност и производите, случувањата и интервјуата го исткаа весникот, кој со својата содржина и изглед со гордост ни ги представува. Невозможното го прави возможно, го поврзува неповрзаното, а тоа значи можност. И тогаш кога е тешко, од неговите страници, па и меѓу редовите зрачи со оптимизам и потпора за мали и големи чекори напред за секој РСИ соработник. |
| Миланка Коричанац, Генерален менаџер, Србија |
| Доколку сакаш да бидеш поврзан со РСИ светот, нема подобар начин отколку да запловите во редовите на страничите на Инфо. Секој нов број се очекува со посебно нетрпение и желба да се прочита баш се – од првата до последната страница! Тоа не е само обичен информатор кој го забораваме со излегувањето на новиот број. Инфо е бисер во низата и многумина го чуваат како мала драгоценост од првиот број па се до денес! Во него како во голем семеен албум, проткаени се нашите животи: првите успеси, напредувањата, радосни средби, незаборавни дружења… се она што бевме и се кон што се стремиме. Со Инфо растеме, учиме, стануваме поголеми и подобри. Прегу него порачуваме да имаме свој сон и своја мисија, а неговите страници сведочат дека ги остваруваме. |
| Данијела Роца, соработници и менаџери од Црна Гора |
Зборот не е играчка. Не е ни безвреден. Зборот има голема моќ.
РСИ-евиот збор е создавачки, вреден и значаен, искрен и семоќен.
Зборовите обликовани, преточени и исткани во РСИ ИНФО креативно не водат низ работата, не запознаваат со сите делови на РСИ, не едуцираат, забавуваат. И нашите дела и зборови помагаат да се ткае. Многубројните фотографии, вешто испреплетени со зборовите, многубројните бои и илустрации создаваат целина која гордо не представува на теренот.
|
| Љупчо Мицевски, соработници и менаџери од Македонија |
| РСИ ИНФО полни 10 години на свој секогаш интересен, прегледен и квалитетен начин ги нуди сите потребни информации за работа и живот со РСИ. Низ едукации и информации, ИНФО е голем, богат гребен со позитивни, двигателни, креативни зборови кои од месец во месец не помагаат и ни даваат уште повеќе елан за постигнување на успех. РСИ ИНФО не поврзува во големо и сложно семејство давајќи му на секој негов член значајно место во РСИ светот. |
| РСИ Канцеларија во Словенија со соработниците и менаџерите |
| Со нетрпение се очекува секој број на ИНФО во Бугарија. Не радуваат новостите од останатите земји и горди сме кова во Инфо ќе се објават случувањата од нашата земја како и разговорите со нашите соработници. Со нетрпение ги очекуваме и резултатите на натпреварувањата затоа што сакаме да се натпреваруваме и го прославуваме секој објавен резултат. Понекогаш не разбираме се што е напишано за производите, затоа желба ни е ИНФО да добие и своја бугарска варијанта, затоа што Инфо е списание кое не познава граници. |
| Мирена Петкова, соработници и менаџери Бугарија |
| Во својата десетогодишна архива со разни РСИ ситници го чувам ИНФО од првиот број. Секогаш со задоволство ги прелистувам старите броеви. Читајќи ги старите статии и гледајќи ги фотографиите, во нив ги пронаоѓам и доживувам повторно сите убави моменти, доживувања, средби, семинари, митинзи, летувања и сите збиднувања кои се случуваа во текот на изминатите години. Низ старите статистики се сеќавам на многу успеси и убави моменти, драги луѓе кои некогаш биле или сеуште се дел на РСИ. Засега на унгарскиот пазар го представуваме со повеќе фотографии и статистики. Голема желба на унгарските соработници е Инфо да се објавува на унгарски јазик. Се радувам што работиме на таа идеја и што нашиот Инфо ќе биде представен во полн сјај на унгарскиот пазар. |
| Бранко Буљовиќ, соработници и менаџери Унгарија |
| Секогаш се бараат поголем број на ИНФО. Иако содржината не се разбира доволно поради јазикот, се радуваме поради резултатите и имињата во РСИ Натпреварувањата, на што сме многу горди. Горди сме и на фотографиите од случувањата и разговорите со нашите соработници. Би сакале да дознаеме што се случува и во другите РСИ земји, нешто повеќе за производите и искуствата на соработниците и се што нуди РСИ. Единствена пречка во сето тоа е јазикот. Се надеваме и сакаме да читаме РСИ Инфо на турски јазик. Веруваме дека овие интересни новини за брзо ќе ја прошират РСИ мисијата на големото подрачје во Турција. |
| Индира Ар, sсоработници и менаџери Турција |
Тешко е да се опишат чувствата.
Пред 10-тина години бевме многу горди на четирите страници на првиот ИНФО. Денес кога излегува 100- тиот број имам чувство дека е постигнато нешто големо што содржи многу љубов, радост, труд и желба да го разубавиме животот на луѓето кои читаат ИНФО.
Една од таоистичките мудрости вели:
Дрвото, големо и силно кое можиш да го префатиш со раце потекнува од ситно семе. Храмот поголем од деветокатница почнува од една рака земја. Патување долго илјадници милји почнува само со еден чекор.
Нашето дрво, нашиот РСИ ИНФО уште ќе расте, уште мнгу пати ќе го залеваме и ќе го прегрнеме со многу, многу раце.
Драги соработници, посакуваме и понатаму да го креирате нашиот ИНФО, да се грижиме заедно за тоа дрво за да израсне уште поголемо, уште посилно.
|
ЗАТОА ШТО, ЖИВОТОТ Е ЦРТАЊЕ БЕЗ БРИШЕЊЕ.
(Oscar Kokoscha)
|
| Што да се каже по 10 години? |
Вашето задоволство е показател дека успеавме да ја оствариме идејата и да го оправдаме сето она што го напишавме во првиот број.
Ви благодарам на иницијативата, идејата, креирањето и создавањето на нашите заеднички новости. Спремни сме да трнеме чекор понатаму пратејќи ги вашите желби и сугестии. Десет години искуство потврдува дека во нашата зедничка мисија заедно ќе успееме.
|
|
 |
Останати записи
|
 |
 |
Документи
|
 |
|
|
Издвоено
КОРИСТЕТЕ ГИ ТИТАНИУМ САДОВИТЕ И УЖИВАЈТЕ ВО...
Растителниот крем шампон Орхидеја Ројал...
ПОТРЕБНО Е ДА СЕ БОРИТЕ ЗА УСПЕХ
Во РСИ, КАДЕ ШТО МИ Е И МЕСТОТО, СЕ ПРОНАЈДОВ...
|
|
|
|