ТОП 10 ПРОИЗВОДИ
Коњски балзам
РСИ Титаниум тава Ø 28
Крпа за прозорци
Крпа за автомобил
Кристален камен
Млечна маст со екстракт од невен 250
Млечна маст со масло од чајно дрво
Таблети (пастили) со АЛОЕ ВЕРА и витамин Е
Капсули со Б- копмлекс витамини 120
Капсули со лососово масло -220
|
|
|
|
РСИ Инфо 107
 *** |
| РСИ Инфо 107 - СРЦЕ ИЛИ РАЗУМ? |
| Срцето и разумот се два света сосема различни. Живеат во нас, скоро спротивставени, понекогаш смирени, понекогаш штотуку смирени. Срцето ужива во убавината, а разумот во математиката. Срцето се воодушевува, а разумот смета. Сцето се смее и плаче, а разумот се обидува да ја загуши таа убавина. |
 *** И затоа животот е одење по жица – балансирање помеѓу две спртивставени страни. Како вешти акробати одиме кон стравот и радоста на другата страна. Живееме во постојан расчекор помеѓу срцето и математиката, љубовта и логиката.
Во тој коктел на живеење сепак помалку (или целосно) му даваме предност на едната страна. Тоа очигледно е закон за животна рамнотежа. И ако сме претерале со срцето, панично бегаме во прегратките на разумот, а исто така и неволјите кои ни ги создадоа разумските калкулации секогаш ги лечиме со срцето. Јас тоа го нарекувам растење, сериозност и одговорност кон животот.
|
| Како деца, бевме срце, без додаток на возрасни размислувања. Родителите, помалку, во нашите раце и душа ги ставале првите количини на разум. Не учеа дека срцето е убаво и важно, но сепак дека за животна рамнотежа е потребно нешто друго и повеќе – зрно сол и малку математика. Некое време, родителската рака, е рака на разумот, која цврсто го држела нашето детско раче, помалку пуштајќи не и ние моравме сами да одиме. Несигурно чекорејќи и одземајќи го приматот на срцето, пораснавме. Скоро сите. Сепак, некои цел живот остануваат деца, не дораснати за грубоста на живеењето, но сепак секогаш сонливо среќни. |
Како што се собираат човечките години, така и односот на срцето и разумот стануваат се порамноправни. Но, се закануваат тие "златни рамноправности" и се се случува - važnoga i beskrajno životnoga u režiji srca. Среќа да е така!
Се она подоцна во некоја "зрела рамнотежа на логиката и срцето" во зрелите години представува надоградба на темелите кои ги градевме скоро секогаш со срце, пресигајќи се преку препреките на разумот поставени на нашата стаза.
Страта мудрост вели: "кога во срцето е оган, во глават има чад" па не ретко се обидуваме да ја одрастеме мудроста, тој чад да го растераме и да ги разбистриме нашите сонливи погледи.
|
| Но, никогаш немојте да ја заборавите логиката на љубовта –таа не се мери со количина, туку со постоење. Или си или не си! Одлуката за љубов од секогаш и секогаш е всушност прашање на срцето и само на срцето. Со срцето воодушевувачки се оди кон нејасното. Срцето ги гледа само најубавите денови. Така е одредено и убавината на таквите одлуки е всушност во тоа. Подоцна, тие одлуки ги облекуваме во облека на страв и грижи. Памета е облечена во uzmak, внимание и илјада прашања на кои мора да се има одговор. Зрелите години носат искуство, трезвеност и математика. Срцето станува непријател, па често и се разболува... |
А кормилото на животното пловење не се врти само на една страна. Тоа е клуч за убав и квалитетен живот.
Разумот со својата математика ни овозможува да ги подобриме надворешните услови на живеење, но срцето ни овозможува пак, да уживаме во се она што сме го постигнале.
Признавам – некои наши животни проблеми можме да ги решиме успешно само со разумот. Го заклучуваме срцето, ја ладиме главата, ги смируваме мислите, тониме во солзи и болка и - одлучуваме!
Поголемиот дел, сепак мораме да го решиме со срцето, едниствено со срцето. |
| Ако нашето е преслабо, да погледнеме во срцето на детето и во него да го пронајдеме она што по пат сме го изгубиле. Чудното исправно решение и новите одлуки ќе не одведат на пат кој е правилен за нас. Не треба да се плашите, потребно е да се препуштите. |
| И за крај едно прашање: Како ти е срцето? |
| Пријатно читање и добра забава со страниците на вашето и наше списание. Со оглед на тоа дека во рацете го држите ЛЕТНИОТ ДВОБРОЈ ви посакуваме пријатен и исполнет одмор, како и многу освежувачки летни бодови, а до СЕПТЕМВРИ и есенското 108 издание – секој ден, секој момент грижете се за себе и секако едни за други. |
|
 |
Останати записи
|
 |
 |
Документи
|
 |
|
|
Издвоено
КОРИСТЕТЕ ГИ ТИТАНИУМ САДОВИТЕ И УЖИВАЈТЕ ВО...
Растителниот крем шампон Орхидеја Ројал...
ПОТРЕБНО Е ДА СЕ БОРИТЕ ЗА УСПЕХ
Во РСИ, КАДЕ ШТО МИ Е И МЕСТОТО, СЕ ПРОНАЈДОВ...
|
|
|
|