ТОП 10 ПРОИЗВОДИ
Коњски балзам
РСИ Титаниум тава Ø 28
Крпа за прозорци
Крпа за автомобил
Кристален камен
Млечна маст со екстракт од невен 250
Млечна маст со масло од чајно дрво
Таблети (пастили) со АЛОЕ ВЕРА и витамин Е
Капсули со Б- копмлекс витамини 120
Капсули со лососово масло -220
|
|
|
|
РСИ Инфо 106
 *** |
| РСИ Инфо 106 - ТОЛКУ ЕДНОСТАВНО |
| „Се што треба да знам за животот научив уште во градинка“ |
 *** Се што треба да знаеме за тоа како треба да живееме, што да правиме и какви да бидеме, учиме уште како деца, во семејството, во градинка, на училиште, низ игра... Ако погледнеме од тој агол ќе сфатиме дека мудроста не енчека на врвот од планината, на крајот од долгата нагорнина од школовање, туку се крие во песокот на детското игралиште. |
Се да делиме со другите.
Да играме поштено.
Да не се тепаме со луѓето.
Секоја работа врати ја кај што ја најде.
Расчисти зад себе.
Не земај ништо што не е твое.
Кога ќе навредиш некого, извини му се.
Мијај ги рацете пред јадење.
Пушти вода во тоалетот.
Топлите колачи и ладното млеко се здрави.
Живеј во рамнотежа: малку учи, малку размислувај, цртај, сликај, танцувај и пеј, играј и работи – секој ден од се по малку.
Преспивај секое попладне.
Волшебните зборови кои ги отворааат сите врати се – извини, повели, молам, фала.
Кога ќе излезеш надвор, биди внимателен во сообраќајот, држи се за рака и не се оддалечувај од својот пријател.
Не заборавај дека постојат чуда. Потсети се на она семе во пластична чаша: коренот оди во длабочина, стеблото во висина, никој не знае зошто и како, но така е со сите нас.
|
| Се што треба да знаеме е создржано некаде во оваа листа. И златното правило, и љубовта и темелните правила за хигиена. Екологија и политика, рамноправност и здрав живот. |
| Земете било кое од тие правила, додадете му тешки и возрасни звучни звборови, применете ги во животот со своето семејство, во работата, светот во кој живееме – и ќе видите дека правилото ќе остане јасно, точно и цврсто. |
| Замислете, колку би бил подобар нашиот свет кога често би го поделиле со другите и би играле поштено. Или кога сите би се придржувале на правилото секоја работа да ја вратиме онаму каде што ја најдовме или да го расфатиме хаосот зад нас. Или пак да не посегнуваме по она што не е наше. Или да побараме да ни биде простено кога ќе навредиме некого... |
Колку би биле среќни ако живееме во рамнотежа. Онака како што не учеле, да конзумираме од се по малку. Само кога имаме внатрешен мир можеме да црпиме сила од сопствената енергија, да бидеме во рамнотежа, добро да комуницираме, да донесуваме вистински одлуки и да уживаме во животот.
Животна вистина е, без разлика колку сме возрасни, дека кога ќе излеземе надвор, најдобро е да се држиме за рака и да не се одалечуваме од својот пријател.
Животот во суштина е едноставен, само што со растењето го ставаме во сложени рамки и му додаваме тежина. |
| Постари сме, похрабри, самостојни, но дали сме помудри? Понекогаш се прашувам каде ја изгубивме смислата за едноставно гледање на работите? |
| Заборавивме дека постојат чуда и дека секој ден се случуваат околу нас. Од семето настанува живот. Преку ноќта, се разденува. После дождот иде сонце. Малите чекори создаваат голми дела. |
| Затоа сеуште верувам во чуда и не се откажувам. Го славам животот и верувам дека и понатаму ќе се покажува во својата едноставна величенственост. |
| Ви посакуваме пријатно читање и добра забава со страниците на нашето и ваше списание, а до ЈУЛИ и нашиот ЛЕТЕН ДВОБРОЈ... грижете се за себе и секако едни за други. |
|
 |
Останати записи
|
 |
 |
Документи
|
 |
|
|
Издвоено
КОРИСТЕТЕ ГИ ТИТАНИУМ САДОВИТЕ И УЖИВАЈТЕ ВО...
Растителниот крем шампон Орхидеја Ројал...
ПОТРЕБНО Е ДА СЕ БОРИТЕ ЗА УСПЕХ
Во РСИ, КАДЕ ШТО МИ Е И МЕСТОТО, СЕ ПРОНАЈДОВ...
|
|
|
|