петок, 10.02.2012
Почетна I Мапа на страната

ТОП 10 ПРОИЗВОДИ

Коњски балзам
РСИ Титаниум тава Ø 28
Крпа за прозорци
Крпа за автомобил
Кристален камен
Млечна маст со екстракт од невен 250
Млечна маст со масло од чајно дрво
Таблети (пастили) со АЛОЕ ВЕРА и витамин Е
Капсули со Б- копмлекс витамини 120
Капсули со лососово масло -220
 

РСИ Инфо 102

***
***
РСИ Инфо 102 – ЗА УСПЕШЕН ПОЧЕТОК... ПОГЛЕДАЈ ВО СЕБЕ...
***
***
Постојат моменти кои даваат изненадна визија во животот. Однеднаш сето матно ќе се разбистри и во ведрината на својата душа бистро и длабоко ќе се загледаме во животот – мудро и искрено, како од некоја висина. Случајното, неважното и непотребното тогаш се одстрануваат и пред нас се отвора нов хоризонт. За мене тоа е секој почеток , па така и почетокот на годината. Секој почеток ме исполнува со желба да бидам подобра и поодлучна. Затоа застанав и набљудувам.
Дете и возрасен човек одат заедно. Се држат за раце. Всушност, возрасниот човек се држи за детето прифаќајќи го неговиот мал прст. Еден за друг се потпора. Детето разиграно, со ситни и непослушни чекори го освојува патот. Со разигран поглед, очите постојано бараат нова радост. Возрасниот човек смирено и тивко ја испитува стазата. Погледот му е внимателно прикован на патот по кој чекори.
Често се погледнуваат, богато насмевнати и среќни. Еден за друг се радост.
Токлу различни и поприлично спротивни – представуваат една личност во која заеднички покрив наоѓаат разиграноста и сериозноста. Живеат во едно тело. Како ди ги смирам? И да направам со истиот воздух да дишат и детето и возрасниот човек во мене?
Можеби тоа би било пријатно, да се живее во загради… во онаа децката само многу, многу поголема.
Тоа би било баш пријатно… Тука е и безгрижно и разиграно. Се е мое и за мене. И сите истражувачку чекори водат кон работ кој ме прифаќа кога ќе затреперам, на кој се потпирам и собирам сила за нови чекори и потфати.
Оградата е граница, го знам јас тоа. Границите се напишани од малечка. Повторно, некако сакам да одам баш преку нив. И го сакам работ, тој ми дава чувставо дека можам дури и дса го поместам. Лажно чувство, но привлечно. Би било згодно да се премине границата, мислам. Велат – таму е поинтересно. Сепак, се враќам во средината на својот мало-големо шарено светло. И им се посветувам на играчките и безгрижноста… а повторно, немирното срце погледот некако ми го упатува кон работ… како некој невидлив глас на непознатото и предизвикувачки токму таму ме довикува. Како мојот свет да ми се чини премал за мислите и идеите кои се ројат во мене. Можам да го проширам, секако. Веќе безброј пати и во недопрени правци го проширив. Но, повтроно на границата му поставувам ограда. Онака, мека, шарена, сигурна… и цврста. Колку мои удари има таа поднесено… и ми дала знак до каде се може.
Како е да се знае кога е важно искуството и вниманието, а кога да му дадете предност на срцето?
Детето и возрасниот човек разговараат во мене, понекогаш се расправаат, потоа веднаш се смируваат. Два света, два јазици. Возбудено и збунето се завртувам на едната и на другата страна. Еднакво ги разбирам и ги сакам. Дел се од мене. И кога ќе се здружат животот ми станува вистинска бајка. Тогаш знам која е вистинската мера и чувствувам дека понекогаш треба да ја изгубам мерката.
Погледнете во себе и пронајдете го детето кое секогаш спонтано и безгрижно ќе ве води напред. Но, никогаш немојте да побегнете од грижливо будниот поглед на возрасниот. Затое што, лесно детското станува детинесто!
Постојат граници. И огради постојат. Додека се тие тука се чувствуваме сигурно. На нив се потпираме. И во нив веруваме!
Но, од ден во ден ги поместуваме и поставуваме подалечни цели.
Среќни и заиграни како деца да го разбудиме она најдобро во нас и мудроста која ја носат нашите години и да собереме сила за нови добрини и победи.
Нека ни биде среќен и успешен почетокот.
Пријатно читање и добра забава со ПРВИОТ овогодишен ДВОБРОЈ на вашето и наше списание, а до март и следното издание... секој ден, секој момент пазете на себе и секако едни на други.
Вашата Уредничка
Весна Илиќ

Останати записи

Документи

Newsletter

Пријави се

Анкета

Дали сте задоволни од новите Royal Cleaning средства за чистење?

Гласај     Резултати

Издвоено

КОРИСТЕТЕ ГИ ТИТАНИУМ САДОВИТЕ И УЖИВАЈТЕ ВО...
Растителниот крем шампон Орхидеја Ројал...
ПОТРЕБНО Е ДА СЕ БОРИТЕ ЗА УСПЕХ
Во РСИ, КАДЕ ШТО МИ Е И МЕСТОТО, СЕ ПРОНАЈДОВ...