ТОП 10 ПРОИЗВОДИ
Коњски балзам
РСИ Титаниум тава Ø 28
Крпа за прозорци
Крпа за автомобил
Кристален камен
Млечна маст со екстракт од невен 250
Млечна маст со масло од чајно дрво
Таблети (пастили) со АЛОЕ ВЕРА и витамин Е
Капсули со Б- копмлекс витамини 120
Капсули со лососово масло -220
|
|
|
|
РАЗВОЈ НА МРЕЖА ОД СОРАБОТНИЦИ 1 дел
| ТАЈНИТЕ НА МРЕЖНИОТ МАРКЕТИНГ |
| РАЗВОЈ НА МРЕЖА ОД СОРАБОТНИЦИ |
| Досега сте вклучиле неколку директни соработници, а и тие ќе вклучат неколку свои нови. Треба ли да совладате некои нови знаења или да направите неколку паметни потези за да ја развиете својата група? Одговорот е едноставен – продолжете вредно да работите, на истиот начин како што и досега успешно сте работеле. Можеби треба малку да се забрзате, да работите повеќе, но ништо ново или важно не треба да внесете. Само погрижете се секој ваш нов соработник, директен или не, да работи како и вие. Кога ќе се вклучи, самиот себе нека си определи цел која сака да ја постигне, нека ги запознае РСИ производите и нека ги вклучи своите први три соработници. Во тоа е суштината. Не треба ништо да менувате, само продолжете со истата постапка, вклучи-научи... толку пати колку што сакате и можете. |
| ДАЛИ СТРУКТУРАТА ДА ЈА РАЗВИВАТЕ ПОВЕЌЕ ВО ШИРИНА ИЛИ ВО ДЛАБИНА? |
| Вашите директни соработници, кои евентуално би развиле едно, две или три колена, се соочуваат со она што се нарекува ширина на групата односно структура на соработникот. Во широчина на прометот спаѓаат и активните спонзори кои се појавиле, односно кои ги пронајдовте откако еден од друг се поврзувале два, три а понекогаш и повеќе неактивни спонзори. Тогаш, се случува нешто што е често во структурата на успешни менаџери, а тоа е, по препорка на (последниот во низата) неактивен спонзор, на него да се вклучи “вистински” соработник. |
| Длабочината на продажбата ја сочинува онаа линија на соработници кои се направени од поврзана низа на активни соработници кои заедно прават значајна продажба. Значи, длабока е онаа линија која има пет-шест или повеќе активни спонзори со повеќе или помалку правилно развиени мрежи на соработници. Провизискиот правилник ќе го награди развојот на вашата група во ширина, но ќе заработите и во развој во длабочина. Поголемиот процент од заработувачката се остварува на “ширина”, на продажбата од поблиските соработници, затоа што тие сеуште не развиле голема продажба и самите себе си осигурале поголем процент. Од друга страна, иако помали, процентите на “длабочина”, односно на продажбата на низата на групи поврзани една за друга, се множат со значително поголема продажба отколку што е продажбата во “ширина”. |
Значи за вас е, најдобро да се развивате и во ширина и во длабочина. Но, како да го постигнете тоа? Една четвртина од вашето работно време кое го поминувате за мрежниот маркетинг, посветете го на контактирање и вклучување на нови директни соработници, втората четвртина посветете ја во развој на веќе вклучените директни соработници (спонзорирање), третата четвртина потрошете ја како би го постигнале развој за брзоо растечка група во длабочина, а останатото време искористете го во соработка со групите кои веќе се развиле во длабочина. На тој начин ќе постигнете рамномерен развој во ширина и во длабочина на структурата.
|
| СЕ ТЕЖНЕЕ КОН НЕРАМНОТЕЖА |
| Како што и треба да биде, Провизискиот систем на мрежниот маркетинг на РСИ најмногу ги наградува оние групи на соработници кои според големината на прометот рамнотежно ја развиваат и широчината и длабочината. Во праксата, меѓутоа најголем предизвик е да се постигне рамнотежа. За вашата група рамномерно да се развива, секогаш настојувајте, од самиот почеток на развој на групата, да ја разиете малку ваму, малку таму, за да не ви се случи да се развива само во една силна линија. |
| Зошто структурата на соработници природно тежнее кон нерамнотежа, а не обратно? За да одговориме на ова важно прашање, ќе погледнеме една приказна од нашата пракса, која објаснува што обично се случува кога амбициозниот спонзор почнува да го развива прометот на својата група од два-три директни соработници. За да се дојде до “вистински” спонзори, кои ќе можат самостојно да ја развиваат својата растечка група на соработници, “главниот” спонзор (основачот на групата) почнува забрзано и вредно да вклучува нови соработници. Секоја недела има пет-шест контакти и разговори за вклучување. Поголем дел на лицата на кои им се нуди вклучување, го прифаќаат предлогот да станат соработници на РСИ. Вклучувањето на главниот спонзор оди се подобро. Структурата е се поширока и поширока. Тој продолжува со вклучувањето. Главниот спонзор вредно ги обучува своите нови соработници, секојдневно е во телефонска врска или се среќава со сите свои новисоработници, директно или блиско индиректно, кои покажуваат интерес за мрежен маркетинг. Како што расте бројот на новите директни соработници, така расте и прометот. Главниот спонзор е се позадоволен и помотивиран. Но, “вистинскиот” соработник никако не се појавува. Секој кој со главниот спонзор помалку или повеќе соработува, прави промет, па вклучува и неколку соработници, но никако не почнува со со сериозна самостојна работа и раст на прометот. Главниот спонзор продолжува со вклучување на соработници. Некои ги наоѓа сам, а за некои пак добива препораки од своите директни или индиректни соработници кои послабо работат. По нивни препораки, главниот спонзор сам обавува разговори за вклучување, па новите соработници се врзуваат на оние кои им ги дале препораките. Понекогаш се случува неактивниот спонзор малку да “оживи”, кога ќе види дека добил “на поклон” неколку нови соработници со промет и дека одеднаш и тој добива бонус провизија. Месеците на упорно вклучување и обучување на нови соработници изненадно дадоа плод. Конечно, се јавува и “ракета”, соработник, кој, може да се каже сам од себе, почнува многу брзо да се развива. Во таа група дури и се појавуваат неколку соработници кои доста добро се занимаваат со лична продажба и неколку успешни спонзори. |
| Главниот спонзор му помага на својот “вистински ” соработник во секој поглед. Неговото ново движење така брзо се развива така што главниот спонзор повеќе нема доволно време да вклучува свои нови директни соработници. А секогаш мора, затоа што тоа е секогаш потребно, да се помагаат и сите активни “стари” соработници.Знаат дека нивниот промет ќе падне, ако не им го посвети потребното внимание. По неколку месеци, главниот спонзор и “вистинскиот соработник” кои всушност станува прв менаџер во неговата структура, го прославуваат менаџерскиот статус, тоа важно обележје и качување по скалите на РСИ кариерата. |
|
 |
Останати записи
|
 |
|
|
Издвоено
КОРИСТЕТЕ ГИ ТИТАНИУМ САДОВИТЕ И УЖИВАЈТЕ ВО...
Растителниот крем шампон Орхидеја Ројал...
ПОТРЕБНО Е ДА СЕ БОРИТЕ ЗА УСПЕХ
Во РСИ, КАДЕ ШТО МИ Е И МЕСТОТО, СЕ ПРОНАЈДОВ...
|
|
|
|