петок, 10.02.2012
Почетна I Мапа на страната

ТОП 10 ПРОИЗВОДИ

Коњски балзам
РСИ Титаниум тава Ø 28
Крпа за прозорци
Крпа за автомобил
Кристален камен
Млечна маст со екстракт од невен 250
Млечна маст со масло од чајно дрво
Таблети (пастили) со АЛОЕ ВЕРА и витамин Е
Капсули со Б- копмлекс витамини 120
Капсули со лососово масло -220
 

РАЗВОЈ НА МРЕЖА ОД СОРАБОТНИЦИ 2 дел

ТАЈНИТЕ НА МРЕЖНИОТ МАРКЕТИНГ
СЕ ТЕЖИ КОН НЕРАМНОТЕЖА
(продолжение од 1. дел "Развој на мрежата на соработникот")
Новиот менаџер продолжува со развојот на својата група, се качува и понатаму. Се повеќе е самостален, а главниот спонзор му помага малку нему, а малку се враќа кон вклучување на свои нови директни соработници. Најголемиот дел од времето и понатаму го посветува на "старите" директни и блиски индиректни соработници, чиишто промет не е толку голем за да тие потполно самостојно работат.

По некое време, главниот спонзор утврдува дека неговиот менаџер го остварува скоро половина од вкупниот промет на неговата група, и дека останатите директни соработници останаа секој на својот мал промет. Вкупниот промет на групата веќе не е во памнотежа. Сите во групата заработуваа добро, но главниот спонзор знае дека самиот тој уште подобро би поминал доколку прометот беше распореден во структурата. "Дали згрешив што толку му помагав на својот прв меаџер?" се прашува главниот спонзор. По размислувањето, главниот спонзор сепак си потврдува себеси дека добро попстапил. Ако не му помагаше толку на својот менаџер, ако не го поттикнуваше на вклучување и брз раст на прометот, веројатно и тој самиот за некој месец ќе заработуваше повеќе, но сигурно би погрешил доколку се анализира на долг рок.
Краткорочно можеби за главниот спонзор би било подобро, поради својата моментална заработувачка, ќе го остави тогаш идниот менаџер да се развива како знае, а да се посвети на остатокот од својата структура. Поголемиот процент од својата заработувачка би останувал за главниот спонзор, а многу мал и еден средно развиен соработник би добивал среден дел од колачот.
Но, главниот спонзор немаше намера да заработи само тој месец, туку добро и уште повеќе да заработува по неколку месеци и години подоцна. На некој начин, свесно се одрекнува од краткорочната заработувачка во корист на долгорочната, што вкупно претставува значително поголем приход.
Многу главни спонзори го прават истото, настојуваат да ја развијат својата прва силна и длабока линија, но потоа се "успиваат". Се задоволуваат со добрата заработувачка која ја остваруваат. Прометот на цела група е на завидно ниво, тука е и еден одличен менаџер, како "р`бет" на структурата. Самозадоволно оценуваат дека тоа претставува сигурен влог дека главниот спонзор долго добро ќе заработува. И тоа е така, барем некое време.


Пријатно е во моментот на поголем успех да се застане и издише. Заработувачката стигнува и понатаму, и покрај издишката. Но, еден месец, заработувачката ќе почнува и полека да опаѓа. Во структура која недоволно се обновува, тоа мора да се случи. Сите тоа го знаат и очекуваат, но луѓето често мислат дека тогаш, кога ќе забележат дека прометот почнува да опаѓа, веднаш нешто ќе направат, ќе подтикнат голема акција на вклучување и се ќе се врати на старо. Кога многу ќе падне, прометот тешко се враќа на поранешното ниво. Може да се постигне и тоа, но треба да се вложи двоструко повеќе напор, наместо постојано да се работи помалку, без прекини или опаѓања. Некои спонзори потребата за враќање преку многу сериозна работа, ги обесхрабрува па почнуваат неповратно да опаѓаат. Најдобро е да не се дозволи да се случи голем прекин. Кога се работи без поголеми прекини, со постојано вклучување и обука на нови соработници, се профилираат нови "вистински" спонзори, личности со менаџерски особини кои создаваат голем промет. А тогаш и заработката одговара со можностите кои произлегуваат од равнотежено распоредениот промет.
ЗЛАТНО ПРАВИЛО

Наведениот пример, многупати доживеан во праксата, покажува дека златно правило на развојот на групата во мрежниот маркетинг – успешни сте толку колку што се успешни вашите соработници. Никогаш со сигурност не можете однапред да знаете кој соработник ќе успее да стане менаџер. Затоа овозможете му на секој иста можност.
Контактирајте. Вклучувајте, спонзорирајте. Бидете активни. Својата мрежа за успешен соработник градете ја во широчина за да вашата заработка биде голема во сегашноста, а градете ја во длабочина поради сигурност дека добро ќе заработувате и во иднина.
Градењето на ширина на структурата значи вклучување на што повеќе директни соработници и соработници кои се рачунаат како директни затоа што помеѓу нив и главниот спонзор се наоѓа низа на неактивни или слабо активни меѓу спонзори.

Но, внимавајте да не паднете во замка со пренатрупување од поголем број нововклучени соработници отколку што можете да ги школувате и да ги помагате. Вклучете по еден, два и во текот на првата недела посветете им го потебното време и внимание. Подгответе се за понатамошни вклучувања, па штом ви се најде слободно време, вклучувајте понатаму. Никогаш немојте само да ги вклучувате новите соработници и сами да ги оставите да размислуваат како да започнат.

Треба да знаете дека секоја скала при качување на РСИ кариерата се полесна. Со секој вклучен соработник ќе расте и вашето искуство и промет.
Пратете го движењето на прометот во својата група. Никогаш не пропуштајте да пофалите нечиј успех, без оглед на тоа колку е мал. Пофалбата малку кошта, но многу значи.
Не претерувајте со големи предавања и долги лекции, ниту во личните средби, ниту пак преку телефон. Кратко и корисно информирајте ги, јасно и едноставно објаснете им, повеќе слушајте отколку што зборувате, мотивирајте наместо да преговарате.
Немојте да дозволите некој да ве разочара. Ако некому многу сте помогнале, а успехот изостанал, одете понатаму. Тргнете кон нови соработници. Вашиот најдобар соработник сеуште чека да го вклучите. Никогаш не се откажувајте. И препреките ве носат до целта.
продолжува...

Останати записи

Newsletter

Пријави се

Анкета

Дали сте задоволни од новите Royal Cleaning средства за чистење?

Гласај     Резултати

Издвоено

КОРИСТЕТЕ ГИ ТИТАНИУМ САДОВИТЕ И УЖИВАЈТЕ ВО...
Растителниот крем шампон Орхидеја Ројал...
ПОТРЕБНО Е ДА СЕ БОРИТЕ ЗА УСПЕХ
Во РСИ, КАДЕ ШТО МИ Е И МЕСТОТО, СЕ ПРОНАЈДОВ...