петок, 10.02.2012
Почетна I Мапа на страната

ТОП 10 ПРОИЗВОДИ

Коњски балзам
РСИ Титаниум тава Ø 28
Крпа за прозорци
Крпа за автомобил
Кристален камен
Млечна маст со екстракт од невен 250
Млечна маст со масло од чајно дрво
Таблети (пастили) со АЛОЕ ВЕРА и витамин Е
Капсули со Б- копмлекс витамини 120
Капсули со лососово масло -220
 

РАЗВОЈ НА МРЕЖА ОД СОРАБОТНИЦИ 3 дел

ТАЈНИТЕ НА МРЕЖНИОТ МАРКЕТИНГ
КАКО ДА СТАНЕТЕ МЕНАЏЕР?
Менаџер е спонзор кој ја развил својата група на соработници до значајно ниво на промет. Неговата соработничка структура прилично е правилно развиена затоа што тој секогаш настојува неговите водечки соработници еднакво да се развиваат. Не му овозможува подршка само на еден или помал број соработници, туку постојано воведува нови директни или индиректни соработници за да прометот еднакво се развива по целата структура и отприлика со еднакво темпо. Понекогаш тоа се изоставува, но тогаш го зајакнува вклучувањето и ја исправува нерамнотежата.
Поголемиот дел од прометот, кој го остварува менаџерот, му овозможува и поголеми привилегии. Од парични, како поголем процент на бонус и посебни провизиски стимулации, а на одреден степен од скалите на РСИ кариерата се стекнува и правото на предавање на порачката директно во РСИ. До тогаш, соработникот своите порачки ги предава на својот спонзор кои пак ги предава на менаџерот со право на директна нарачка.
Како да развиете таков промет, од спонзор да преминете во менаџер? Ако работевте добро до денес, само продолжете вредно да работите на истиот начин како и до тогаш и сигурно ќе развиете уште поголем промет, сигурно ќе станете менаџер.
Негувајте го добриот однос со своите соработници. Секојдневно поразговарајте со новите соработници, а особено со оние кои сте ги вклучиле порано, а докажале дека сакаат и многу повеќе да постигнат во мрежниот маркетинг. Таквите соработници ги нарекуваме "водечки" затоа што се развиваат побрзо од останатите.
Во ваш интерес е интензивно да соработувате со новиот или водечки соработник и тоа да трае до оној момент кога ќе видите дека тој се развива. Од тогаш, во негов но и во ваш интерес е тие самостојно да се развиваат. Во спротивно, доколку тие соработници останат секогаш зависни од вас, вие не можете понатаму да ги развивате останатите соработници кои исто така имаат право на вашето внимание.
Практично, колку е потребно да се помага новиот соработник? Може да се рече и вака – бидете како поштенски марки. Останете залепени за писмото (т.е. соработникот) додека писмото односно соработникот не стигне до целта. Целта која може да се постигне, за секој соработник е различна, како и патот до целта до која може да се стигне е исто различен.
Она што е важно е да не заборавате на оние соработници кои не можат далеку да стигнат. Суштината на мрежниот маркетинг е во тоа многу луѓе да направат по малку, а не малкумина да направат многу.
УЛОГА НА МЕНАЏЕРОТ
Улогата на менаџерот во мрежниот маркетинг е различна од онаа во фирмите. Во мрежниот маркетинг нема шеф. Не може да се наредува бидејќи секој соработник работи доброволно и на начин како и колку што знае и може, единствено внимајвајќи на тоа да не се кршат правилата на однесување на РСИ соработниците.

Сите соработници во мрежниот маркетинг имаат иста цел, да го развијат прометот за да заработат. При тоа секој спонзор и менаџер конкурентно настапуваат на истиот пазар на кој работат и сите останати. Во тоа е и тајната на така големиот успех на мрежниот маркетинг – секој одлучува за себе, секој работи за себе, секој го освојува својот дел на пазарот, секој заработува за себе.
Токму поради тоа, затоа што секој е одговорен за себе и заработува колку што заслужува, со отворена можност на делување, токлу соработници успеваат во мрежниот маркетинг.
Улогата на менаџерот е пред се да мотивира, информира, создава планови според желбите на соработникот, го пофалува успехот, а укажува на причините за неуспех и советува како од мал успех да се постигне уште поголем. Понекогаш е и "рамо за плачење". Но, менаџерот никогаш не смее да биде директор, шеф, водич во класична смисла.
Менаџерот во мрежниот маркетинг ја води својата група на начин на директна соработка со поединците. (соработници, спонзори, менаџери). Тој со корисни и добрнамерни предлози и совети ја насочува нивната работа како и целокупната група да се развива во железна насока.
Низ разговорите со соработниците, како и преку податоците од извештаите, менаџерот гледа како спонзорите се однесуваат кон соработниците. Ако забележи дека помалку се гаси соработникот кој дотогаш беше активен, менаџерот ја превзема директната грижа над активните соработници и спонзори. Во спротивно, можеби некои вредни и амбициозни соработници кои останале без неопходната подршка, не можат да нарачуваат и да ја добиваат робата, па да престанат да работат
Доколку во длабочината на структурата дојде до некаква кавга, менаџерот ќе се обиде да ги смири на начин на кој соработникот ќе се замери со својот спонзор, да продолжи со работа заобиколувајќи ги, односно директно со менаџерот. Барем некое време.
Успехот во мрежниот маркетинг се основа на успешен однос на спонзорот и соработникот. И тоа секој соработник посебно. Тоа значи дека спонзорот и секој посебен соработник треба да дејствува како одлично организиран тим. Со други зборови, секој соработник треба да се чувствува како спонзорот за него да има цел ден на располагање и дека тој за него е најважен.
Соработникот знае дека спонзорот има и други соработници, цела група, но за неговиот развој многу е важна обичната индивидуална соработка со спонзорот.
продолжува...

Останати записи

Newsletter

Пријави се

Анкета

Дали сте задоволни од новите Royal Cleaning средства за чистење?

Гласај     Резултати

Издвоено

КОРИСТЕТЕ ГИ ТИТАНИУМ САДОВИТЕ И УЖИВАЈТЕ ВО...
Растителниот крем шампон Орхидеја Ројал...
ПОТРЕБНО Е ДА СЕ БОРИТЕ ЗА УСПЕХ
Во РСИ, КАДЕ ШТО МИ Е И МЕСТОТО, СЕ ПРОНАЈДОВ...