ТОП 10 ПРОИЗВОДИ
Коњски балзам
РСИ Титаниум тава Ø 28
Крпа за прозорци
Крпа за автомобил
Кристален камен
Млечна маст со екстракт од невен 250
Млечна маст со масло од чајно дрво
Таблети (пастили) со АЛОЕ ВЕРА и витамин Е
Капсули со Б- копмлекс витамини 120
Капсули со лососово масло -220
|
|
|
|
РАЗВОЈ НА МРЕЖА ОД СОРАБОТНИЦИ 4 дел
ТАЈНИ НА МРЕЖНИОТ МАРКЕТИНГ
|
Планирајте го вашиот ден, одредете и запишете што е важно да направите денес и утре, на кои клучни соработници да им се јавите, со кои да контактирате, со кого да реализирате разговор за вклучување.
Во животот сме навикнати постојано да решаваме некакви потешкотии и проблеми. Затоа ни се случува, кога ќе тргнеме во мрежен маркетинг, трнуваме во развој на групи соработници, ни делува природно да се занимаваме со соработници кои постојано се активни. Да им помогнеме на оние кои сакаат помош, но да ги пуштиме оние кои и со постојано насочување не постигнуваат ништо повеќе од минималниот, скоро незабележителен успех. Доколку во голема мера се занимаваме со неуспешни соработници и самите ние ќе станеме неуспешни.
|
| Менаџерот треба да биде достапен за своите соработници. Ако соработникот почувствува дека му пречи на менаџерот, тогаш ќе престане да пречи. Но, ќе престане и да работи. Во мрежниот маркетинг, односот помеѓу спонзорот и соработникот во почетокот на работењето на соработикот со мрежен маркетинг, подеднакво е важен како и првата заработувачка. Бидете пријатни кога разговарате со соработникот. Доколку бојата на вашиот глас во прифаќањето на телефонскиот повик секогаш го одбива соработникот да помисли да ви се јави, ќе го изгубите и соработникот и неговиот промет. Учете од соработникот. Иако вие како негов спонзор во мрежниот маркетинг сте се вклучиле порано, иако сте вие оној кои темелните знаења му ги пренесува на соработникот, секогаш и од секој соработник може да се научи нешто ново. Праксата е најдобар извор на знаење. |
| Запомнете ги сите интересни приказни и искуства со РСИ производите кои ќе ги слушнете. Прераскажете им ги своите искуства и на другите соработници. Инересните приказни делуваат многу мотивирачки. Но, немојте пред соработникот да ги фалите другите соработници. Луѓето се љубоморни. Немојте кон новиот соработник да се поставите како да очекувате "се или ништо". Не можат сите да станат "ракети" или супер продавачи. Добар е оној соработник кои за своите потреби ќе порача неколку производи месечно. Со многумина такви и вие многу ќе заработите. |
Немојте да си дозволите да не знаете како живее вашиот соработник. Мрежниот маркетинг не се работи во фирма, туку во домовите на соработниците и купувачите. Не треба да се "фамилијаризирате", но заинтересирајте се како е човекот кој воедно е и ваш соработник.
Читајте книги за мрежен маркетинг, позитивно размислување и успеси. Мотивацијата е заразна, лесно се пренесува. Немојте вашите очекувања да ги пренесувате како притисок. Единствена особа која треба да се нервира ако соработникот не ја постигне целта, е самиот соработник. Вие само помогнете му да го види она што подобро се забележува од страна, а тоа е она што треба да го промени за да успее.
|
Никогаш, никогаш, ама баш никогаш, немојте да им се жалите на вашите соработници или пак да зборувате за другите соработници од вашата или туѓа структура, спонзори или менаџери на нивна односно ваша линија, кои се основа во РСИ. Секој има право на грешка. Но, едно е сигурно, разговорот за тоа, нема да делува мотивирачки за вашите соработници. Доколку баш мора да разговарате со некого, пожалете му се на својот спонзор или менаџер над вас, а не на вашиот соработник. Од ова правило никогаш не отстапувајте.
|
Критиката од соработникот изразете ја на прифатлив, индиректен начин. Наместо: "Баш тоа не смеевте да го направите!" или "Тоа така не се прави!" или "А токму баш тоа посебно го нагласив дека никогаш не е добар начин!", речете: "Ова досега помина како што помина. Добро. Од сега пробајте на овој начин ... ". Немојте се ова да остане само на зборови, покажете им свој пример. Прилагодувајте се на особините на вашите соработници. Немојте ниту да барате ниту да очекувате да битат како вас]. Нека работат како што треба, па нека допрат до она што самите го сакаат, со свое темпо и на свој начин.
|
Различни патишта водат до успех. Немојте да ги задржите новините од РСИ само за себе. Особено немојте да се потпирате на тоа дека можеби вашите соработници ги прочитале или слушнале за нив. Дури и ако е така, би било корисно да поразговарате со нив како правилно да ги искористат тие вести во корист на зголемување на прометот уште повеќе.
|
Сте виделе ли некогаш здрав пензионер кој ништо не работа? За да остане човек здрав мора да работи. За да менаџерот трајно добро заработува, исто така мора да работи. Немојте да им пречите на успешните, но немојте да им дозволите на неуспешните да ви го одземаат времето доколку не ги применуваат советите кои им ги давате. Јавувајте се истиот ден на пораки оставени на секретарката, доколку е тоа можно. Ако не е, тогаш направете го тоа наредното утро. На тој начин им искажувате почит на соработниците. Со соработниците разговарајте пријателски, никако наредбодавно. Соработникот не е наш вработен. Изразувајте се едноставно.,зборувајте им на таков начин за да ве разбираат. При оценувањето дали во вашата структура се работи добро, тргнете од едноставните правила.
|
| Ако со вашите совети некои соработници работат добро, а некои не, тогаш вклучете нови соработници за да работите со нив наместо со оние неуспешните. Ако во суштина цела група ваши соработници работи слабо, променете нешто кај вас, унапредете ја вашата работа. |
|
 |
Останати записи
|
 |
|
|
Издвоено
Долгогодишната успешна соработка со нашата фирма,...
Оваа година Полугодишните митинзи ќе се одржуваат...
КОРИСТЕТЕ ГИ ТИТАНИУМ САДОВИТЕ И УЖИВАЈТЕ ВО...
Растителниот крем шампон Орхидеја Ројал...
|
|
|
|