среда, 08.09.2010
Почетна I Мапа на страната

ТОП 10 ПРОИЗВОДИ

Коњски балзам
РСИ Титаниум тава Ø 28
Крпа за прозорци
Крпа за автомобил
Кристален камен
Млечна маст со екстракт од невен 250
Млечна маст со масло од чајно дрво
Таблети (пастили) со АЛОЕ ВЕРА и витамин Е
Капсули со Б- копмлекс витамини 120
Капсули со лососово масло -220
 

РАЗВОЈ НА МРЕЖА ОД СОРАБОТНИЦИ 5 дел

ТАЈНИ НА МРЕЖНИОТ МАРКЕТИН
КАКО ДА ПРЕПОЗНАЕТЕ „ВИСТИНСКИ“ ЛУЃЕ?,
Големите и успешни луѓе можат да имаат и илјада активни соработници, но секогаш лежат на неколку водечки луѓе. Како да се пронајдат такви соработници, како да се најдат "вистински" луѓе за да го развиваат прометот? Би било најдобро да се побараат неколку "вистински", да се преопзнаат и да се работи само со нив. Па, ние и не треба да губиме време со соработници кои немаат желба да успеат, зарем не? За жал, не можеме однапред да ги препознаеме "вистинските" луѓе. Ние всушност не можеме да ги наоѓаме луѓето за да ги бираме. "Вистинските" луѓе всушност не наоѓаат нас, препознавајќи се во нас, во РСИ, животната можност.
Постојат две битни особини кои на "вистинските" луѓе им овозможуваат така добро да успеваат во мрежниот маркетинг. Тоа се мотивираност и упорност. Ниту една од овие особини не може да се препознае однадвор и однапред. А мотивираните и упорни лица не се фалат, не даваат големи ветувања. Тие сакаат да ја проверат идејата за иднина, па кога ќе сфатат дека тоа е вистинската работа за нив, тргнуваат. Обично тргнуваат со средно темпо, најчесто не се ниту "ракети" ниту "ромобили", меѓутоа знаат што сакаат и напредуваат со сигурен чекор напред се додека не ја постигнат својата "голема" цел. Кога ќе се вклучат, "вистинските" луѓе веднаш поставуваат "вистински" прашања, учат брзо и работат самостално. После еден месец, со сигурност ќе дознаеме дека се работи за "вистински" луѓе. Па, зошто тогаш, кога ќе видиме дека сме вклучиле вистински луѓе, не продолжуваме да работиме само со нив, зошто да се малтретираме со многу соработници кои никогаш нема да станат "вистински"? Едноставно, затоа што "вистински" луѓе има многу малку.

Ако прометот, а со тоа и својата заработувачка го потпираме на "вистински" луѓе кои и самите би работеле само со "вистински" луѓе, многу брзо би пропаднале и би останале без "вистински" луѓе. Темели на нашиот успех во мрежниот маркетинг и навистина се "вистински" луѓе. Но, тие претставуваат само гранки околу кои се развива бујната крошна со многу гранчиња (спонзори со групи) и со многу, многу ливчиња (соработници). Како што дрвото "дише" преку листовите, така и вкупниот промет во мрежниот маркетинг настанува преку собирање на прометот на многуте соработници од кои повеќето не купуваат многу, ниту пак имаат своја голема група спонзори или соработници. Ако работиме правилно, дури и ако не бараме "вистински" луѓе, не мораме да се плашиме дека нема да ги најдеме. Со постојано контактирање, вклучување и спонзорирање на поголемиот број соработници, шансата за појавување на "вистинските" ќе биде постојано поголема и поголема. Но, сигурно нема да ги најдеме ако своето време постојано го минуваме пред телевизорот. Потребно е да бидеме на терен, да разговараме со многу луѓе, да телефонираме, да ги запознаеме со РСИ производите, со предностите на вклучување во мрежниот маркетинг.
Бидејќи, за жал, вистински луѓе има малку, наши соговорници најчесто ќе бидат лица кои ќе кажуваат како немаат време, пари, волја или мотив. Но, ние веќе знаеме дека тие се за нас важни како и "вистинските" соработници, па затоа стрпливо ќе го градиме прометот со нивните мали нарачки. Со постојаното "сеење песок" ќе се појават и златни зрна, односно "вистински" луѓе. Значи, со постојаното вклучување на нови соработници ние, всушност, им даваме можност на "вистинските" луѓе да не пронајдат нас и РСИ, им овозможуваме да ја пронајдат својата животна шанса. Ако имате среќа, на брзо ќе налетате на"вистинските" луѓе. Но, немојте тоа да ве залажува, немојте да останете само на една цврста линија на промет. Вашата заработувачка во почетокот наеднаш ќе скокне, но ако не продолжите со контактирањето, вклучувањето и спонзорирањето, тоа нема да трае долго.
За да го забрзате успехот, за да побрзо се сретнете со "вистински" луѓе, трудете се да работите корисно и да не го губите времето непотребно на разговори кои не допринесуваат за вашата цел.

ДОБРЕДОЈДОВТЕ!
Откако вашите директни соработници ќе почнат и самите да вклучуваат нови соработници, веднаш воведете многу важно правило на работа во вашата група – кога некој од вашите директни или индиректни соработници вклучи ново лице во мрежниот маркетинг, истиот ден или најдоцна наредниот нека ве извести вас за новото вклучување.
]Вие тоа ќе го забележите и при предавање на нарачката, но бидејќи нарачките не се предаваат секој ден во неделата, подобро е спонзорите да не чекаат, туку веднаш да ви јават за новото вклучување.
Кога ќе го примите известувањето за новото вклучување во вашата група повикајте го новиот соработник истиот ден, а најдоцна наредниот. Честитајте му што се вклучил во вашата група и посакајте му добредојде. Притоа, поразговарајте со него мотивирачки и понудете му помош и услуги кога тоа ќе му биде потребно на новиот соработник. Кажете му дека спонзорот кој непосредно го вклучил, е всушност искусен и добар спонзор, со кого новиот соработник добро ќе соработува.
Ангажирајте ги водечките соработници кои веќе развиле успешни групи со обврска за јавување на нововклучените. Тие нека го спроведуваат истото, во својата структура да воведат обичај, односно правило за искажување на добредојде на новите индиректни соработници. Применувајќи ваков начин на работа, вие ќе постигнете три предности. Добивате можност истовремено, а тоа значи веднаш после вклучувањето, да го поттикнете новиот соработник за успешен почеток. Освен тоа, новиот соработник со тоа покажува дека стана дел на еден голем и добро организиран систем на мрежен маркетинг, систем кој се грижи за своите соработници. А со тоа, што е исто така важно добивате и можност да го пофалите вашиот спонзор за вклучувањето.

Останати записи

Newsletter

Пријави се

Анкета

Дали сте задоволни од новите Royal Cleaning средства за чистење?

Гласај     Резултати

Издвоено

КОРИСТЕТЕ ГИ ТИТАНИУМ САДОВИТЕ И УЖИВАЈТЕ ВО...
Растителниот крем шампон Орхидеја Ројал...
ПОТРЕБНО Е ДА СЕ БОРИТЕ ЗА УСПЕХ
Во РСИ, КАДЕ ШТО МИ Е И МЕСТОТО, СЕ ПРОНАЈДОВ...