ТОП 10 ПРОИЗВОДИ
Коњски балзам
РСИ Титаниум тава Ø 28
Крпа за прозорци
Крпа за автомобил
Кристален камен
Млечна маст со екстракт од невен 250
Млечна маст со масло од чајно дрво
Таблети (пастили) со АЛОЕ ВЕРА и витамин Е
Капсули со Б- копмлекс витамини 120
Капсули со лососово масло -220
|
|
|
|
УНГАРИЈА - РСИ ПАТУВАЊЕ
УНГАРИЈА – ЕВРОПСКА ПРЕСТОЛНИНА НА КУЛТУРАТА
|
 *** |
 *** |
| Менаџерите кои ги остварија поставените цели, т.е. одреденото зголемување на прометот во Натпреварувањето ДА ГИ ПОСЕТИМЕ РСИ ЗЕМЈИТЕ, од 20. до 25.05. престојуваа во Унгарија. Покрај вредните дополнителни награди: мобилен телефон, факс, дигитален фото апарат, компјутер и ЛАП ТОП, вредните Генерални, Организациони и Продуктивни менаџери ја посетија и запознаа земјата во која е РСИ службено присутен од 2003 година – Унгарија. Да се потсетиме: натпреварувањето по прв пат беше распишано во 2005 година така што менаџерите минатата година беа на премиерно наградно патување во Босна и Херцеговина. Добитниците на патувањето и другите награди од Натпреварувањето Да ги посетиме РСИ земјите за 2006 година ги дознавме на Годишниот митинг во Опатија. Во текот на четирите прекрасно осмислени денови РСИ-евци се запознаа со прекрасната земја со богато културно наследство кое е обележано со знаковите од бурните времиња и фасцинанатната историја, богатиот фолклор, специфичниот дијалект, енолошката и кулинарска традиција како и луѓето кои од срце знаат да ја прескокнат, често споменуваната јазична бариера. |
| Соработниците од второто наградно патување од Натпреварувањето ДА ГИ ПОСЕТИМЕ РСИ ЗЕМЈИТЕ во текот на денот пристигнуваа во Хотелот Szónyi – со идиличен амбиент во мирниот дел на Будимпешта, оддалечен 10-тина минути од центарот, всушност и две улици од РСИ Канцеларијата. Како и обично, до попладневните часови холот на хотелот беше исполнет со смеа и весели средби со блиските лица. По сместувањето во собата и краткиот одмор, менаџерите од Словенија, Хрватска, БиХ, Србија, Бугарија, Македонија и Турција, прошетаа до РСИ Канцеларијата каде што ги дочекаа будимпештанските менаџери кои веднаш на влезот ги даруваа со кукли облечени во народни носии. По краток преглед на програмата, патувањата и случувањата за наредните четири дена, на собраните, во име на сите запосленици на Канцелариајта, добредојде им посака водителот на Канцеларијата, г-ин. Бранко Буљовиќ и директорот на маркетинг, г-ин. Васзилисз Георггопулосз. Зборови за добредојде и желби за пријатен престој им упати и сопственикот на РСИ, г-ин. Јурај Кучковечки и Организациониот менаџер со 3OM, г-ѓа Ана Миклос. Г-ѓа Миклос на г-ин. Кучковечки му поклони медено срце, како симбол на единствената љубов на унгарските менаџери за РСИ. Учесниците на патувањето имаа можност да ги разгледаат просториите на Канцеларијата, а ги воодушеви и малиот цветен парк за кој се грижат вработените. По враќањето во хотелот се собравме на една заедничка вечера и заминавме на одмор за да се подготвиме за авантурите кои не очекуваа. |
| По доручекот, се качивме во автобус кој не однесе во пристаниште каде што не чекаше брод со кој тргнавме на целодневен излет по Дунав, со релација Будимпешта – Вишеград – Сентандреја – Будимпешта. Во текот на пријатното пловење по топлото време ги стекнавме првите импресии за Будимпешта. Главниот град е воедно политички, индустриски, трговски и сообраќајен центар на државата, а за архитектурата на овој град влијаеа многу народи, така што постојат и римски и турски остатоци, но најмногу се чуствува и гледа присуството на Австро-Унгарската монархија. Прекрасната слика на Дунав низ која Будимпешта потекнува со околу 30 километри се надополнуваат 9 грандиозни мостови кои го поврзуваат Будим и Пешта, а на панорамата доминира зградата на Парламентот која се наоѓа на самиот брег на реката. Првта дестинација беше Вишеград – со 1700 жители службено е најмалиот унгарски град. По излегувањето на бродската станица Махарт, не пречека автобус со кој трганвме кон Вишеградската тврдина, но пред са се качиме на тврдина имаше вкусен ручек во хотелот Sylvanus. Од ентериерот на хотелскиот ресторан кадешто РСИ-евци пробаа некои од најпознатите национални специјалитети имаше прекрасен панорамски поглед на долина која го сечи Дунав. |
| По ручекот прошетавме до тврдината која од 1009 година, кадешто во пронајдените документи прв пат се споменува Вишеград, кој во тоа време била центар на внимание како важна стратешка точка. Тврдината има три важни улоги - "ја надгледува" долината на Дунав, ги контролира главните речни и копнени патишта и служи како кралска резиденција. Самиот збор Вишеград значи тврдина, и по оштетувањето за време на монголската инвазија, денешниот изглед на комплексот на тврдината одреден е во 1250 година за време на владеењето на Бела IV. Новиот изглед е тврдина со неправилен облик, а до самиот врв се доаѓа само преку искачување на стрмни скали , изградени од времето на Турците. Обновувањето и реставрацијата на оваа историска градба во која со векови се чуваа кралски накит и круни, ја започна Леополд I во 1702 година. Првенствено, токму поради изворно обновената тврдина и единствениот поглед кој блеска преку Дунав кон соседна Словачка (нов РСИ пазар!). Со влегувањето во бродот, запловивме, погледнувајќи уште еднаш Вишеградската тврдина која е посебен мозаичен симбол на сите владетели кои во неа престојувааа и овојувачи кои се бореа за неа. Пловењето назад беше пократко со оглед на тоа што наша попатна станица беше ресторанот Ladik csárda, а на отворено беа послужени специјалитетите на унгарската кујна заокружени со познатото слатко делиција Somlói galuska. Враќањето во хотелот претставуваше и моменталнаа пауза за спиење за да се одмориме за наредниот целодневен излет. |
| По запознавањето со убавините на северот од земјата, вторникот беше резервиран за патување јужно од Будимпешта. Наша цел беше гратчето Tihany, сместен на истоимениот полуостров кој се протега длабоко во површината на езерата скоро допирајќи ја јужната страна – како да го дели Балатонското езеро. Автобусот не застана на брегот на езерото, а за ручекот во ресторанот Адлер,кој се наоѓа на висината, стигнавме со туристичкиот воз. И повторно не пречека прекрасен амбиент во којшто уживавме во богатството на унгарската кујна. Понатаму, планот на овој пат не водеше во центарот на Tihanya, древно гратче на брдото кого траен печат му даде кралот Андрија I кога во 1055. година го изгради бенедиктинскиот манастир на местото кадешто се наоѓа црквата со и денес недостижната гробница. Бенедиктинската црква во 13 век беше призната институција овластена за издавање на службени документи, но за време на Турците во текот на 16 и 17 век беше претворена во тврдина и проминала низ големи оштетувања. Повторно беше изградена во текот на 18 век, а на бенедиктинците, манастирот и новоуредениот музеј им беа вратени како имот во 1994 година. РСИ-евците беа воодушевени од внатршноста на црквата која е богато украсена со позлатени древни скулптури и фрески со религиски мотиви. Уникатните примероци од средно европската баркона уметност комплетно беа реставрирани во 1996 година, додека најстарото почивалиште на членовите на кралската династија и денес се во првобитниот облик. По разгледувањето на црквата се спуштивме по ниски скали до кралската гробница и продолживме понатаму во просториите на црквата кои се претоврени во музеј. Од пријатната ладовина во музејскиот простор излеговме жештината на вистински летен ден за да уживаме во погледот на Балатон и прекрасната околина на црквата во боите на лаванда и цвет од невен, купувајќи сувенири и направивме и по некоја фотографија за спомен на денот минат во Tihanyu. На враќање во Будимпешта накратко застанавме на брегот на Балатон – најголемото плитко езеро во овој дел на Европа. Додека некои само уживаа во глетката, најхрабрите РСИ-евци запливаа во "унгарското море". Возењето до хотелот помина во весело расположение, како и вечерата во хотелот на која почесен гостин беше г-ѓа Габријела Кучковечки. |
|
 |
Останати записи
|
 |
|
|
Издвоено
КОРИСТЕТЕ ГИ ТИТАНИУМ САДОВИТЕ И УЖИВАЈТЕ ВО...
Растителниот крем шампон Орхидеја Ројал...
ПОТРЕБНО Е ДА СЕ БОРИТЕ ЗА УСПЕХ
Во РСИ, КАДЕ ШТО МИ Е И МЕСТОТО, СЕ ПРОНАЈДОВ...
|
|
|
|