вторник, 07.02.2012
Почетна I Мапа на страната

ТОП 10 ПРОИЗВОДИ

Коњски балзам
РСИ Титаниум тава Ø 28
Крпа за прозорци
Крпа за автомобил
Кристален камен
Млечна маст со екстракт од невен 250
Млечна маст со масло од чајно дрво
Таблети (пастили) со АЛОЕ ВЕРА и витамин Е
Капсули со Б- копмлекс витамини 120
Капсули со лососово масло -220
 

БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА - РСИ ПАТУВАЊЕ

[1/2]
БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА ЗЕМЈА СО ГОЛЕМО СРЦЕ И ДУША
***
***
***
***
Во 2005 година распишано беше натпреварување за соработници и менаџери – ДА ГИ ПОСЕТИМЕ РСИ ЗЕМЈИТЕ. Во ова натпреварување поставени се цели на менаџерите т.н. остварување промет во бодови. На крајот на годината ако менаџерот ја оствари последната цел се наградува со заедничко патување во една земја во која работи РСИ. Со оваа атрактивна награда, за оние повредните кои оствариле поголеми резултати од од последната цел имаше и дополнителни вредни награди: мобилен телефон, телефакс, дигитален фото апарат, компјутер и ЛАП ТОП. Добитниците на ова атрактивно патување како и на другите награди во ова натпреварување за 2005 год. ги дознавме на Годишен митинг во Опатија. Домаќин на наградените од првото патување од 16 до 25.5 беше Босна и Херцеговина, земја во форма на срце, земја во која РСИ постои полни 10 години. За само неколку дена РСИ-евци ја запознаа прекрасната земја со недогледна низа од природни пејзажи, културни вредности, традиции и особено мили и гостопримлви луѓе кои ќе се потрудат секој да се чувствува како дома во било кое место. Во ова незаборавно патување ни се приближи само дел од РСИ – Босна и Херцеговина, нејзнината природна и културна убавина, ја посетивме и РСИ-Канцеларијата во Широки Брег, се запознавме со вработените и многу соработници од БиХ кои ни открија дека БиХ е земја со големо срце и душа кое несебично го дели со РСИ, затоа што во БиХ се вели дека богатството на човекот не се мери по она што го има, туку колку пријатели има.
ВТОРНИК 16.05
50-тина учесници на наградното патување Да ги посетиме РСИ земјите во текот на целиот ден пристигнуваа во Сараево. Хотелот Astra Garni, оаза на мирот и луксузните погодности во самиот центар на градот, во близина на Башчаршија, за брзо време беше наполнет со веселата смеа на РСИ-евци. По сместувањето во собата и краткиот одмор наградените менаџери од Словенија, Хрватска, Унгарија, Србија, Бугарија и поголема група од Турција како и домаќините, наградените менаџери од БиХ, се собраа во хотелската сала за состаноци за да се запознаат со програмата за патување во Босна и Херцеговина. Добредојде и желби за пријатен престој во БиХ на учесниците им посака сопственикот на РСИ, г-ин. Јурај Кучковечки како и претставниците на земјата домаќин на патувањето, директорката на РСИ Канцелариајта во Широки Брег, г-гица. Здравка Ловриќ и директорот на маркетинг за БиХ, г-ин. Драгослав Пелц.
СРЕДА 17.05
Нашиот прв ден од претсојот во БиХ беше предвиден за запознавање и прошетка низ Сараево, град со многу различни култури затоа што само неколку места на земјината топка можат да се пофалат со католичка и православна црква како и синагога и џамија оддалечени само колку една мала прошетка од една до друга. Се вели дека местото е слика од луѓето, но овде "луѓето го прават местото" во што и се убедивме веќе од првиот ден. Прошетката во центарот на градот беше организирана во две групи, од локалните водичи, под мотото «шетајќи нзи душата во Сараево ќе почуствувате дека се наоѓате на некое посебно место под небото, зачувано за луѓе со љубов во срцата». Неколку минути само што го напуштивме хотелот, стигнавме до Лтинскиот мост, мост преку реката Миљацка кој го добил името по околното латинско, т.е. дубровачка трговска колонија. Шетјќи се по левата страна на реката стигнавме до зградата на Националната библиотека каде што и навлеговме во срцето на градот, во Башчаршија. Зборот "Баш-чаршија" буквално значи "главна чаршија" и го означува просторот на башчарчиската улица околу себиљ – фонтана со посебен облик, каде што некогаш себиљџија ја собирал водата и бесплатно ги напивал жедните. Покасно тој назив се прошири по целата стара сараевска чаршија која е градена по пример на арапски вид на низа на големи улици поврзани со безброј сплетови од тесни улички. Но, пред да тргнеме по тесните улички водичот ни раскажа интерсна анегдота која се поврзува за Инат куќа, денес познат ресторан, недалеку од Башчаршија. Имено во центарот на објектот на Градски совет, во 1892 год. беше неопходно да се урнат два хана и приватна куќа. Хановите се урнале, но власникот на куќата инсистираше како накнада да му се исплати вреќа дукати, и покрај тоа, куќата да му биде пренесена, тула по тула, на другиот дел на Миљачка, наспроти Советот. Така беше и направено, а од инает на власникот, куќата беше наречена Инат куќа. Башчаршија е сигурно една од најимпресивните и најшармантните трговски центри во земјата. Прошетката ја започнавме по Казанџиската улица која името го добила по дуќаните на казанџиите, кои се занимавале со изработка на предмети од бакар. Денешните казанаџии ја прилагодиле својата работа со современите потреби, па наместо употербливите бакарни садови, тие изработуваат предмети со уметничко-декоративни вредности и ги продаваат како сувенири.
ЧЕТВРТОК 18.05.
Поминавме и покрај Морич Хан, истоимен мотел за трговци кои доаѓале да тргуваат во чаршијата од далечни земји, изграден во првата половина на 16. век, а изгорел во пожарот во 1957. година, реновиран е во 70-тите години, денес е преуреден во познат сараевски ресторан. Навечер, ова историско место беше резервирано за РСИ-евци! Сигнувајќи до самиот центар, влеговме во дворот на Башчарчиската џамија изградена во 16. век, чиишто преден дел од дворот е полн со украсни цвеќиња, а напоредно со минарето на џамијата расте голем јаблан. Џамијата, како оаза на мирот, која е одвоена од Башчаршискиот плоштад со типична висока камена ограда со отвори од кои останува врева, бучава и гужва. За откривање на останатите сараевски атракции и религиски објекти, водичите не однесоа во новиот дел на градот. Таму, најпрво ја разгледувавме величенствента Сараевска катедрала која што по комбинацијата на елементите од романика и готика се издвојува од останатите објекти и видови како и Стариот еврејски храм, пред се религиски објект, а денес музеј. Недалеку од катедралата и Музејот на евреите, го посетивме еден од најголемите православни храмови на Балканскиот простор, Соборната црква посветена на Пресвета Богородица. Воедно, во посетата на тоа грандиозно издание заврши и нашето разгледување на градот, а прекрасното сончево време кое не следеше цело време ни овозможи вистински да ја почуствуваме душата на Сараево. Имаше и такви кои се вратија во хотелот на попладневен одмор, но повеќето РСИ-евци, времето до вечерата го поминаа во градот. Традиционалната босанска вечера во предходно споменатиот ресторан Морич хан, збогатена беше со звуците на босанскиот фолклор и слатки туфахијами печено јаболко во шеќерен сок, опсипено со мелени ореви и украсено со шлаг.

  1 | 2  

Останати записи

Newsletter

Пријави се

Анкета

Дали сте задоволни од новите Royal Cleaning средства за чистење?

Гласај     Резултати

Издвоено

КОРИСТЕТЕ ГИ ТИТАНИУМ САДОВИТЕ И УЖИВАЈТЕ ВО...
Растителниот крем шампон Орхидеја Ројал...
ПОТРЕБНО Е ДА СЕ БОРИТЕ ЗА УСПЕХ
Во РСИ, КАДЕ ШТО МИ Е И МЕСТОТО, СЕ ПРОНАЈДОВ...