вторник, 07.02.2012
Почетна I Мапа на страната

ТОП 10 ПРОИЗВОДИ

Коњски балзам
РСИ Титаниум тава Ø 28
Крпа за прозорци
Крпа за автомобил
Кристален камен
Млечна маст со екстракт од невен 250
Млечна маст со масло од чајно дрво
Таблети (пастили) со АЛОЕ ВЕРА и витамин Е
Капсули со Б- копмлекс витамини 120
Капсули со лососово масло -220
 

СИЦИЛИЈА Елитно патување

[1/2]
СИЦИЛИЈА – МОЗАИК ОД СВЕТСКИ КУЛТУРИ
***
***
***
***
Освојувањето на членство во статусниот Elite Club – е најатрактивното патување на РСИ со најатрактивната награда – Елитно патување. Најдобриот резултат во 2004 година за четиресетина РСИ-евци претставуваше влез во Клубот на најдобрите и освојување на атрактивно патување. После Тунис, Турција, Анталија, Малта, Египет, Истанбул – шеста елитна дестинација: најголемиот остров на Медитеранот – Сицилија, остров на сонцето, виното, маслината и портокалите...
Уште едно незаборавно патување зачинето со мириси на медитеранот, слики со прекрасни пејсажи и најразлични импресивни градби кои добро ќе останат во албумите, срцата и во сеќавање на секого од нас...
Увод
СИЦИЛИЈА – најголемиот остров на Медитеранот, остров на сонцето, мистичните антички остатоци и cosа nostrа – е шеста дестинација на најатрактивни награди на РСИ – Елитно патување. Најголемата италијанска регија преполна со разновидност: бројни острови, недогледни плажи, планини, вулкани, лозја, полиња, маслини, плантажи со лимон и портокали... Сицилија беше многу битна грчка колонија, имаше големо стратешко значење во Римското царство, а пред обединувањето со Италија потпадна под власт на Византијците, Арапите, Норманите, Французите, Шпанците и Бурбоните. Секој од овие освојувачи остави голем белег, па на секој чекор се наоѓа познатата историска знаменитост, вртлог и мозаик на различни култури и обичаи. Невозможно е да се опише Сицилија, а да не се споменува нејзината најпопуларна изрека – МАФИЈА и la cosa nostra – чијашто е нивни дом. Филмски познатите презимиња Коrleone ili Prizzi имаат свое потекло со исти имиња во срцето на земјата. Имено, поради многуте векови во ропство, Сицилијанците изгубија секаква вера во власта, развија голема самопочит «на сопствените работи» (la cosa nostra). После обединувањето во 1860. г. богатите почнаа да ги вработуваат разбојниците и да ги штитат од конкуренцијата. Создавајќи сојузништво и ширејќи страв со помош на криминалот, мафијата за брзо се вовлече во сите пори на сицилијанското друштво. Имено, во Сицилија мафијата е нешто како растеније, бујно успева и густо се распространува. Мафијата ги почитува и не ги вознемирува туристите, така што и немавме можност да ги «сретнеме» освен во раскажувањата на нашите водичи.
РСИ ги истражуваше и го запозна овој дел од светот! Преполн со незаборвни импресии и внатрешно богатство каде што во продолжение ве водиме на незаборавно патување кое е тешко да се преточи во зборови и фотографии, треба едноставно да се доживее...
06.11. НЕДЕЛА
Дел од интернационалната елитна екипа од: Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Унгарија – се собраа на аеродромот во Загреб. Не дочекаа нашите домаќини – водичите Бранка и Дарио, кои не «опремија» со карти и сите потребни материјали и совети за нашата авантура. Професионални, насмеани и пријатни за брзо станаа дел од РСИ тимот. Се сместивме во авионот и полетавме кон Сплит каде што ни се придружија и нашите наградени соработници од Далмација. Го продолживме патот до Рим... тамо не чекаа РСИ-евците од Бугарија, Македонија и Турција. Со собирањето на аеродромот, екипата беше комплетна и спремна за освојување на Сицилија. Нашата крајна дестинација беше уште едно качување на авионот и лет до Катанија. Уморни од патот сеуште не бевме свесни дека зачекоривме на најголемиот остров на Медитеранот. Сонливо ги набљудувавме глетките низ прозорецот од автобусот кој не возеше до нашиот хотел Galatea sea Palace сместен во Ацитреза, неколку километри оддалечен од Катанија.
07.11. ПОНЕДЕЛНИК
Топлото и сончево утро рано не извлече од креветот. Погледот на Јонско море, преполн со мали рибарски бараки, мирисот на медитеранот, прекрасно уредената околина на хотелот не измамија на исртажувачка акција. Патот до нашата прва дестинација, градот домаќин Катанија, водеше преку ривијерата Фрглиони. Ацитреза – малото живописно рибарско место беше нашиот прв допир со островот Сицилија. Прошетката на Киклоповиот брег не фасцинираше со големи вулкански камења кои помалку застрашувачки излегуваа од морето. Со нивното настанување се поврзува и легендата за киклопот Полифем и Одисеј кадешто многу авантури се одиграа на Сицилија. Таа приказна всушност не донесе до сознание дека сме сместени во самото подножје на Етна. Погледот кон таа црна планина која со своите краци го опфаќа целиот град – величенствен е. Потврда дека сме на вулканско копно оддаваше и специфичниот темен камен кој беше во изобилство. Преку тесните улички брзо стигнавме до Катанија, град на дното на Етна, втор по големина на Сицилија кој преживеа бројни потреси и вулканска ерупција. За тоа сведочат и некои делови од градот од времето на стара Грција и Рим (амфитеатар) кои и сега се на улиците. Поголемиот дел од денешниот град изграден е после големата ерупција во 1669 и разурнувачкиот земјотрес во 1693. Се градеше најмногу во барок стил што го видовме во Via Cruciferi кои ја красат барокни палати. За изградување на зградите и поплочување на улиците користен беше црн вулкански камен. Нашата зедничка дестинација беше Piazze Duomo на кој се сместени најпознатите гратски споменици. Ја посетивме катедралата Sv. Agatа, чиишто најстари зачувани делови потекнуваат од 10. век. Иако од внатре се реновираат, катедралата остава прекраасен впечаток со своите фрески и витражи, а фасцинантна е необичното место за исповед изработено од камен од лавата посипено со злато. На самиот плоштад е «Слоновска фонтана» симбол на градот – мала фонтана со слонче од лава кој носи исправен обелиск. Катанија е родниот град на V. Bellini, познат композитор, чијшто споменик гордо стои на плоштадот Stesicoro. Нему му е посветено и прекрасно уредениот Giardino Bellini (парк) како и големата оперска куќа II Teatro Massimo Bellini сместена во самиот центар на Катанија. Големо доживување беше посетата на рибниот пазар кој е навистина туристичка атракција благодарејќи на гласните продавачи и големиот избор на риба. Катанија има сопствен универзитет сместен на Универзитетската улица низ која има многу млади и мотори кои им даваат живот на ценатарот на градот. После само неколку часа лесно можеше да се заклучи дека Катанија е град со душа во кој лесно се снаоѓате.

  1 | 2  

Останати записи

Newsletter

Пријави се

Анкета

Дали сте задоволни од новите Royal Cleaning средства за чистење?

Гласај     Резултати

Издвоено

КОРИСТЕТЕ ГИ ТИТАНИУМ САДОВИТЕ И УЖИВАЈТЕ ВО...
Растителниот крем шампон Орхидеја Ројал...
ПОТРЕБНО Е ДА СЕ БОРИТЕ ЗА УСПЕХ
Во РСИ, КАДЕ ШТО МИ Е И МЕСТОТО, СЕ ПРОНАЈДОВ...